Костадинов: Мицкоски да ги повика пратениците на ВМРО ДПМНЕ да го поддржат автентичното толкување

Трет ден Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не одговараат дали ќе го поддржат Барањето на СДСМ за автентично толкување за членот 11 од Законот за помолување, рече Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник. 

Со поднесување на автентичното толкување во Собранието СДСМ се бори за правда, за одговорност, за спречување на можноста од враќање на незаконската аболиција на Ѓорѓе Иванов.

СДСМ нема да дозволи никакви амнестии. Пред граѓаните ветивме правда и правиме се правдата да биде задоволена за секого подеднакво.

Од друга страна остатоците на режимот, на „заробената правда" и Сваровски судството, се обидуваат да застанат на патот на правдата, помогнато од ВМРО-ДПМНЕ.Христијан Мицкоски три дена тактизира, не ги повикува пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да го поддржат барањето на СДСМ. Јасно е зошто.

Замислете за Христијан Мицкоски и Александар Николовски правдата е грешка, тие продолжуваат да го бранат криминалот на режимот.

Јасно е дека Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја поддржуваат иницијативата пред Уставниот суд.Мицкоски работи исклучиво во корист на неговиот ментор од Будимпешта и криминалната банда.

Прво Мицкоски треба да го поддржи автентичното толкување, да се затвори нелегалната амнестија на Иванов, па после може да зборуваме за некакви барања. СДСМ заедно со граѓаните нема да дозволи попречување на правдата и опструкции на правниот систем.

Ако има протести против аболицијата на Иванов, Мицкоски ќе биде избркан од граѓаните.

ВМРО ДПМНЕ повторно ќе го снајде 12 април, Денот кога почна Шарената револуција и со црвен картон ќе биде казнет од народот.

Фејсбук и Инстаграм ги прекршиле регулативите на ЕУ, следи истрага

Фејсбук и Инстаграм ќе бидат предмет на истрага за можни прекршувања на регулативите на ЕУ за онлајн содржини поврзани со безбедноста на децата, објави во четвртокот Европската комисија.

Од социјалните мрежи на Мета се бара да направат повеќе за борба против нелегалната и штетна содржина на нивните платформи според Законот за дигитални услуги на Европската унија (DSA), кој е во сила од минатата година.

Европската комисија објави дека одлучила да отвори детална истрага за Фејсбук и Инстаграм поради загриженоста дека тие не реагирале соодветно на ризиците за децата. Мета поднесе извештај за проценка на ризикот во септември.

„Комисијата е загрижена дека системите на Фејсбук и Инстаграм, вклучувајќи ги и нивните алгоритми, можат да стимулираат зависни однесувања кај децата, како и да создадат таканаречени „ефекти на зајачка дупка“, се вели во соопштението на Европската комисија.

Дополнително, Комисијата е загрижена и за методите за проверка на возраста на корисниците воведени од Мета.

Од друга страна, Мета тврди дека веќе има бројни онлајн алатки за заштита на децата.

„Сакаме младите луѓе да имаат безбедни онлајн искуства соодветни за возраста“, рече портпаролот на компанијата, истакнувајќи дека тие поминале една деценија работејќи на повеќе од 50 алатки и политики насочени кон заштита на децата.

„Ова е предизвик со кој се соочува целата индустрија и со нетрпение очекуваме да ги споделиме деталите за нашата работа со Европската комисија.

Мета веќе е под лупа на ЕУ за изборни дезинформации пред важните избори за Европскиот парламент следниот месец. Прекршувањето на „DSA“ може да резултира со казни до 6% од годишниот глобален промет на компанијата.

Извор: Б92

Манчестер сити четврти пат по ред шампион на Англија

Манчестер сити е шампион на Англија во сезоната 2023/24. 

Во натпреварот од 38. коло „Граѓаните“ на домашен терен го победија Вест Хем (3:1). Двоен стрелец беше Фил Фоден. Играчот од средниот ред погоди во 2. и 18. минута. Родри постигна уште еден гол од додавањето на Фоден во 59. минута.

Стрелец на единствениот гол за гостите беше Мохамед Кудус (42. минута).

Манчестер сити заврши на првото место во Премиер лигата со 91 бод пред Арсенал кој собра 89. Тимот на Пеп Гвардиола ја освои шампионската титула четврти пат во низа. Покрај тоа, ова е шеста титула за Гвардиола во Премиер лигата.

Вкупно Манчестер сити има 10 трофеи. По бројот на шампионски титули, пред Сити се само Арсенал (13), Ливерпул (19) и Манчестер јунајтед (20).

Вест Хем ја заврши сезоната на деветтото место на првенствената табела. /МИА

Сасуоло испадна од Серија А по 11 сезони во првата лига

Сасуоло испадна од италијанската Серија А. Денес  тимот загуби на домашен терен од Каљари (0:2) во натпреварот од 37. коло на најсилното фудбалско првенство во Италија.

Попладнево Удинезе и Емполи ремизираа (1:1) и се одлепија од Сасуоло на недостижни 4, односно 5 бода на едно коло пред крајот на првенството. Сасуоло (29 бодови) е претпоследен во поредокот.

Сасуоло стигна до Серија А во 2013 година. Оттогаш, тимот помина 11 сезони во највисоката дивизија.

Претходно Салернитана рано испадна од Серија А.

Третиот тим кој ќе ја напушти елитата ќе се бара помеѓу екипите на Емполи, Удинезе, Фросиноне, Верона и Каљари./МИА

притисни ентер