Косовската полиција истражува графити на северот: Предизвикуваат омраза и нетрпеливост - Канал 5

Косовската полиција истражува графити на северот: Предизвикуваат омраза и нетрпеливост

Косовската полиција потврди дека покренала истрага за графитите што се појавија ден претходно во северниот дел на Косовска Митровица, претежно населен со Срби.

Косовската полиција истражува графити на северот: Предизвикуваат омраза и нетрпеливост

Случајот е класифициран како „предизвикување омраза и нетрпеливост“, објави порталот КоССев.

Графитите „Не грижи се, ние сме тука“, „Северна бригада“, „Не грижи се, те чекаме“ се појавија на улиците на Косовска Митровица во пресрет на вчерашните разговори меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти во Брисел, а по разговорите на Вучиќ со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

На заедничката прес-конференција со шефот на НАТО, Вучиќ рече дека на северот на Косово има нова генерација деца кои нема да трпат терор, но дека тоа нема никаква врска со него или со Јенс Столтенберг.

Во одвоени разговори на Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти вчера во Брисел, Столтенберг ги повика двете страни да покажат воздржаност, да избегнуваат насилство и да ги решат несогласувањата преку политички разговори организирани од Европската унија.

Столтенберг разговараше со Вучиќ и Курти пред нивната средба со шефот на европската дипломатија Жозеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Приштина и Белград, Мирослав Лајчак и решавањето на спорот што избувна на крајот на јули поради регистарските таблички и документите за идентификација, што доведе до подигање барикади на граничните премини на северот на Косово.

Високиот претставник за надворешни работи на Унијата изјави дека по вчерашната средба не е постигнат договор и дека темата е одговорност на двајцата лидери.

Борел им нагласил на Вучиќ и Курти дека станува збор за управување со кризни ситуации, тврдејќи дека и двајцата разбрале дека нема алтернатива за дијалогот.

Таа средбата, оцени Борел, „не е крајот на приказната“, тој најави дека разговорите ќе продолжат и во наредните денови. Вучиќ доцна синоќа од Брисел изјави дека бил „тежок ден“, нагласувајќи дека во следните 48 часа ќе се воздржи од коментари и ќе ѝ се обрати на јавноста.

„Не можам да кажам дека е успешно завршено, но се воздржувам од други коментари бидејќи се надевам дека е можно по некое чудо да дојдеме до компромисно решение“, рече Вучиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: Балканскиот криминален октопод се руши, по Вучиќ и Орбан следен ќе биде Мицкоски

Балканскиот криминален октопод се руши, по Вучиќ и Орбан следен ќе биде Мицкоски, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес - конференција. 

Филипче: Балканскиот криминален октопод се руши, по Вучиќ и Орбан следен ќе биде Мицкоски

Филипче посочи дека промените во регионот означуваат крај на политичките и бизнис-спреги што ги одржуваат авторитарните и коруптивни режими на Балканот. Тој посочи дека падот на Виктор Орбан во Унгарија и политичките промени во Србија се сигнал дека системот на поврзаност меѓу власта, бизнисот и медиумите постепено се распаѓа.

„Некој ќе коментира зошто славиме и дали славиме туѓи избори. Не. Туку го славиме доаѓањето на демократскиот бран тука во регионот. Затоа што тие бизнис, политички и медиумски спрегi на Александар Вучиќ и до пред некое време на Виктор Орбан, се спрегите кои што го хранат, го хранеа режимот наш тука на Христијан Мицкоски. Нè држат во заробена држава, медиумски мрак и силен коруптивен режим“, рече Филипче.

Филипче потсети дека СДСМ подолго време предупредува за поврзаноста на власта на Мицкоски со политичките и бизнис-структури во регионот, додавајќи ВМРО го следи моделот на Српската напредна странка, а Александар Вучиќ е политичкиот ментор на Мицкоски.

„Сега, на тоа постепено му доаѓа крајот. Ние го најавивме. И со падот на Орбан, и сега со паѓањето на Александар Вучиќ во Србија. Практично, ВМРО е помалата привезок партија на нивната сестринска СНС од Србија. Александар Вучиќ му беше менторот, командантот, тој кој што даваше насоки како да функционира Христијан Мицкоски, тука, кај нас. И тој систем, многу добро, за жал, го имплементираше во наша земја“, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ посочи дека зад ваквиот модел стојат бизнис-интереси, особено во енергетиката, трговијата со електрична енергија и финансискиот сектор. Тој потсети на врските со компанијата „Руднап“, министерката Сања Божиновска и Душан Адамовиќ, влезот на Алта банка, поврзаноста на луѓе од српската власт со наркобизнисот и релациите со компании во Македонија блиски до премиерот Мицкоски.

„Пет тони дрога во „Скај“ преписките, пред некое време, излезе дека сите од власта во Србија биле вовлечени во наркобизнисот. Од највисокиот врв, преку директорите на БИА и Гашиќ и Вулин. Луѓето кои што тука имаа средби и со Христијан Мицкоски и со Максим Димитриевски. Пет тони дрога кои што директно водат до овие луѓе во Србија, а компаниите овде кај нас имаат директна релација со фирми блиски до премиерот Христијан Мицкоски“, рече Филипче.

Во делот на медиумите, Филипче нагласи дека на медиумскиот пазар во Македонија, власта овозможи влез на српските медиуми „Алo“ и „Еуроњуз“, без соодветна регистрација и тие служат за ширење пропаганда и дискредитирање на политичките противници.

„Српски медиуми, кои што не се никаде регистрирани, добиле тука, спротивно на законот, дозвола да работат. А кои луѓе? Се знае. Луѓето кои што испорачуваат тука тоа што Александар Вучиќ нарачуваше. Латас и неговата компанија. Дискредитираше, лажеше, ширеше лажни вести. Се служеше со секакви механизми. Мене лично ми дискредитираа. Убиец сум бил на деца, доктор Менгеле, згради во Дубаи и така натаму. Со години на нас ни рушеа кредибилитет, незаслужено, и за тоа да знаат дека ќе одговараат, ќе дојде денот кога ќе одговараат за тоа. Влезот на „Ало“ медиумите, влезот на „Еуроњуз“, тие луѓе работат тука, новинари, а немаат лиценца за работа. Сакаа, како последен чекор, свесни дека им се руши балканскиот октопод, авторитарен и криминален, како последен чекор да ги внесат тие медиуми тука кај нас “, рече Филипче.

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Патолошкиот лажго Филипче денес лаже за свој автомобил, утре ќе ги лаже граѓаните за посериозни дејанија

Патолошкиот лажго Филипче денес лаже за свој автомобил, утре ќе ги лаже граѓаните за посериозни дејанија.

Манасиевски: Патолошкиот лажго Филипче денес лаже за свој автомобил, утре ќе ги лаже граѓаните за посериозни дејанија

Филипче излажа дека поседува автомобил од 6.000 евра, или директно призна дека поседува уште едно моторно возило, но не му е пријавено во анкетниот лист.

За овој потег, очекуваме истрага на надлежните институции.

Почитувани граѓани,

Венко Филипче е патолошки лажго и лаже дури и за најмали ситници. Ги лаже граѓаните денес во опозиција, исто како што ги лажеше додека беше на власт.

Филипче е човек на кој не може да му се верува. Тој е истиот оној кој свесно создаваше хистерија и паника за водата во Гостивар и во Скопје, лажеше дека секој момент ќе банкротираме, лажеше дека тој ќе изгради Клинички центар, лажеше дека ќе го добиеме датумот за ЕУ и се сликаше со него, и што ли уште не излажа.

Филипче работи врз база на тоа дека ако повтори една лага сто пати, таа магично ќе стане вистина.

Затоа и дури и во своите редови не му веруваат. Но не му веруваат ниту граѓаните.

YouTube video

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЕХО 17 започнува вечерва со приказната за светскиот рекорд во Врело и филмот за Том Фрост

Вечерва во Кино „Фросина“ при Младинскиот културен центар започнува 17. издание на ЕХО – Фестивалот на планински филм.

ЕХО 17 започнува вечерва со приказната за светскиот рекорд во Врело и филмот за Том Фрост

На отворањето, публиката ќе има можност да нурне во длабочините на подводната пештера Врело и да ја слушне приказната за експедицијата што ја истражи до рекордни 338 метри. За искуството, подготовките и предизвиците на ова истражување ќе зборуваат дел од нуркачите на Спелеонуркачкиот клуб „Врело“.

По презентацијата ќе бидат доделени три фестивалски признанија. Со нив ЕХО оддава благодарност за активности што инспирираат повторно вљубување во Македонија, откривање и заштита на нејзините природни богатства и создавање нови генерации вљубеници во природата и планините.

По паузата, во 20:30 часот, започнува Frost: The Story of a Lifetime – отворачкиот филм на фестивалската програма и последниот филм на вечерта. Документарецот е посветен на Том Фрост, легендарен алпинист и една од клучните личности во историјата на модерното качување.

ЕХО 17 продолжува до 30 октомври со 49 филмови, презентации и средби со домашни и странски гости, посветени на планините, природата, авантурата и културата.

Со почит,

Тимот на ЕХО

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер