Косово доби нова влада на чело со Албин Курти - Канал 5

Косово доби нова влада на чело со Албин Курти

Лидерот на Движењето Самоопределување, Албин Курти, вечерва е избран за нов премиер на Косово, по втор пат откако ја предводеше владата по изборите во октомври 2019 година, за кои минатата година беше изгласана недоверба .

Косово доби нова влада на чело со Албин Курти

На предвремените парламентарни избори во февруари, Самоопределување на Курти победи убедливо со 48 проценти од гласовите, оставајќи ги зад себе Демократската партија на Косово и Демократската лига на Косово со по помалку од 20 проценти.

Во парламентот има 120 места, 67 од присутните 107 пратеници гласаа за Курти, додека 30 биле против.

Седницата за избор на влада уследи само неколку часа откако претходно беше конституиран осмиот состав на парламентот на Косово, на кој е потврден мандатот на Курти за состав на влада.

Движењето Самоопределување брои 58 члена, Демократската партија на Косово на Енвер Хоџај 19 и Демократската лига на Косово предводена од новиот претседател Џумир Абдиџику 15, додека Алијансата за иднината на Косово на поранешниот премиер Рамуш Харадинај има осум члена. Покрај Српската листа со 11, малцинските партии на Бошњаците, Ромите, Турците, Ашкалиите и Египќаните делат вкупно 20 уставно загарантирани мандати за малцинските заедници.

Иако со помалку од половина освоени места, Курти успеа да обезбеди парламентарно мнозинство со поддршка на малцинските партии, но не и Српската листа.

Тој претходно отфрли формирање влада со една од албанските партии, велејќи дека нема да го стори тоа затоа што „тие беа дел од претходните режими“.

Во својот инаугуративен говор, тој рече дека новата влада се соочува со многу предизвици и голема работа, нагласувајќи ја пред сè пандемијата на коронавирус, со порака дека неговата влада нема да губи време и има намера да ја стави короната под контрола за да се намалат новите случаи и да се спречат смртните случаи.

„Планираме да обезбедиме вакцини за 60 проценти од населението“, рече Курти, наведувајќи ги владеењето на правото, образованието и економијата како некои од неговите приоритети.

Додека Западот, пред се Соединетите држави и Европската унија, го гледаат дијалогот на Приштина со Белград како еден од приоритетите на идната влада на Косово, Курти не го вклучи меѓу неговите приоритети. Тој истакна дека без „признавање на реалноста на независно Косово и прифаќање на вистината, не може да има нормализирање на односите меѓу двата народа и меѓу двете земји“.

Не негирајќи дека Косово има отворени прашања со Србија кои треба да се решат преку дијалог, Курти истакнал дека не може да се постигне напредок ако нема напредок во решавањето на судбината на исчезнатите на Косово.

„Ќе ги подобриме нашите соседски односи преку реципроцитет. Патот до интеграцијата во ЕУ може да биде предизвик, но нема алтернатива“, рече Курти, кој во претходните интервјуа рече дека дијалогот со Србија го става на шесто или седмо место.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот

Среде скандалот со Алта банка доцни исплатата на плати во повеќе државни институции, меѓу кои и во најголемата енергетска компанија ЕСМ.

СДСМ: Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот

Вработени реагираат дека вакво нешто се нема случено досега. Вообиечано плата добивале во првите пет дена од месецот.

Според информациите, вработените во ЕСМ добиле и СМС-пораки дека се уште не се знае кога точно ќе биде исплатена октомвриската плата и дека треба да бидат трпеливи.

Дополнитено, од општини пристигнуваат реакции дека преку Трезорот не можат да реализираат плаќања.

Што се случува? Дали Мицкоски и неговата ВМРО ОКГ до толку ја испразнија државната каса што веќе не можат да се сервисираат ниту редовните обврски?

СДСМ со месеци предупредува за катастрофалната состојба со буџетот. Дупката во буџетот е околу 900 милиони евра, јавниот долг неконтролирано расте.

Мицкоски и ВМРО ги доведоа државните финансии во сериозна опасност, со криминалните политики создадоа нов долг од 4 милијарди евра за две години и до крај на година ќе биде и над 60% од БДП.

Затоа е вториот ребаланс, затоа се задолжувањата – затоа нема пари за минимална плата од 600 евра, затоа нема пари за земјоделците, празна е касата, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Автобуска несреќа во Хрватска: Најмалку двајца загинати (ВИДЕО)

Две лица загинаа, а неколку други се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 7:25 часот на автопатот А3 во правец на Загреб, веднаш по раскрсницата Иваниќ-Град. 

Автобуска несреќа во Хрватска: Најмалку двајца загинати (ВИДЕО)

Автобусот со српски регистарски таблички се преврте, потврди полицијата, објави 24 сата со ВИДЕО од несреќата.

Повредените лица ќе бидат префрлени во болниците во Загреб. Итните служби пристигнаа на местото на несреќата, а ангажиран е и хеликоптер на Итната медицинска помош. На терен се и пожарникари.

Сообраќајот се одвива бавно, по левата лента. Во тек е полициска истрага за утврдување на околностите на несреќата.

„Утрово, на 8 ноември, околу 7:25 часот на автопатот А3, км 61 во правец на Загреб (веднаш по раскрсницата Иваниќ-Град), се преврте автобус со српски национални ознаки, при што загинаа две лица. Неколку лица се повредени и ќе им биде укажана медицинска помош во болниците во областа на Загреб. Сообраќајот е забавен, се одвива по левата лента. Во тек е истрага“, соопшти полицијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утрово најстудено во Скопје со минус 3 степени, во текот на денот променливо облачно време

Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и температура до 15 степени, информираат од УХМР.

Утрово најстудено во Скопје со минус 3 степени, во текот на денот променливо облачно време

МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С)

-3 Скопје-Петровец, -2 Крива Паланка, Тетово, Велес, Демир Капија, Берово, Маврови Анови, Попова Шапка, -1 Скопје-Зајчев Рид, Битола, Кавадарци, Лазарополе, 0 Прилеп, Струмица, Штип, Крушево, 2 Виница, 3 Охрид, Гевгелија, 4 Претор.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието.

Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер