Кос: Оваа генерација би можела да го доживее обединувањето на Европа - Канал 5

Кос: Оваа генерација би можела да го доживее обединувањето на Европа

Верувам дека оваа генерација, ако го направи работите како што треба, ќе го доживееме обединувањето на Европа, изјави еврокомесарката за проширување Марта Кос .

Кос: Оваа генерација би можела да го доживее обединувањето на Европа

Верувам дека оваа генерација, ако го направи работите како што треба, ќе го доживееме обединувањето на Европа, изјави еврокомесарката за проширување Марта Кос во обраќањето на панелот „Соработка меѓу НАТО и ЕУ: Основа за демократската отпорност во ерата на хибридна војна и странско мешање“ во рамки на 107-миот Семинар „Роуз-Рот“ што се одржува денеска во Европскиот парламент.

- Геополитичкиот контекст денес е фундаментално различен од оној што го имавме порано и во такви услови проширувањето го надмина својот технички карактер и стана клучна геополитичка алатка на Унијата во соочувањето со предизвиците кои светскиот поредок базиран на правила ги нема видено од Втората светска војна, рече Кос.

Таа посочи дека проширувањата е еден од најдобрите примери за соработката меѓу ЕУ и НАТО, бидејќи во многу земји реформите за пристапување во Унијата одеа паралелно со членството во НАТО, за што постојат слични барања поврзани со демократијата, владеењето на правото и почитувањето на човековите права. Кос нагласи дека интегрирањето на земјите од Централна и Источна Европа во структурите на ЕУ и НАТО им обезбедило економски можности и услови да напредуваат и да се трансформираат во успешни приказни.

- НАТО останува важен овозможувач на проширување преку заштита на оние кои веќе се негови членки, како што се Албанија, Црна Гора и секако Македонија, истакна Кос, додавајќи дека Алијансата е партнер на ЕУ и во поддршката за Украина, преку силите на КФОР во Косово, како и во поддршка на нејзината мисија во Босна и Херцеговина.

Според неа, јасно е дека ако Европејците сакаат да ги одбранат своите демократии и заедницата на споделени вредности, мора да преземат поголема одговорност за сопствената безбедност, што бара огромни напори, но исто така носи и можности.

- Затоа мора да продолжиме да инвестираме во одбраната на Украина и да и помогнеме на нејзиниот пат кон ЕУ. Но, не е само Украина. Треба да ги отстраниме и другите преостанати „црни точки“ и да го обединиме нашиот континент, бидејќи поголемата и обединета Европска Унија е клучна за европската сила и безбедност и затоа сега треба да ја завршиме работата за европско единство под многу потешки околности отколку во минатото, додаде Кос.

Според неа, овие потешкотии произлегуваат од тоа што денес при проширување се соочуваме со „непријатели на слободата“, кои трошат огромни суми за да го попречат процесот и инвестираат во поларизирање на општествата, дестабилизирање на демократиите и еродирање на довербата во земјите кандидати за членство.

- Со тоа треба да се справиме само заедно ако сакаме да го заштитиме демократскиот простор, а ЕУ и НАТО се бранители на демократскиот простор, па затоа немаме друг начин освен да се надополнуваме еден со друг во справувањето со кампањите на лажни информации и хибридни закани, рече Кос.

Таа истакна дека ЕУ разви инструмент кој обезбедува услуги за одговор и справувањето со големи инциденти поврзани со кибер безбедноста, до кој пристап имаат и земјите опфатени со процесот на проширување од Западниот Балкан, како и Молдавија и Украина.

- Тоа е најсилната алатка што ја има Европската Унија за да изгради демократска отпорност во Европа. Работиме со земјите кандидатки за да помогнеме во изградбата на институции, робусно и отпорно судство и силно општествено ткиво каде што граѓаните можат да напредуваат, додаде Кос.

Еврокомесарката оцени и дека ако ги продолжат преговорите за членство со сегашната брзина, Црна Гора би можела да ги заврши на техничко ниво до крајот од 2026, а Албанија до крајот од 2027 година, со што би можеле да станат членки на ЕУ во мандатот на сегашната Европска комисија.

Според неа, ЕУ треба да им помогне на оние земји кои слободно избрале и вложуваат напорна работа за да се приклучат на европската заедница на вредности, со тоа што ќе го направи последниот чекор за конечно да го заврши обединувањето на Европа.

- Проширувањето денес, за мене, е многу повеќе од зголемување на Европската Унија во квадратни километри или во бројот на луѓе. Тоа денес е важно за безбедноста. Никогаш немало војна на територијата на Европската Унија. Имаше во Европа, дури и во мојата земја, во мојата поранешна држава Југославија и војната беше навистина лоша, но никогаш ја немаше на територијата на Европската Унија. Затоа денес е важно обединувањето на Европа. Никогаш порано не сме го имале ова, ако го направиме како што треба, ќе успееме, заклучи Кос.

Во обраќањето на истиот панел, заменичката генерална секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска рече дека демократијата не е секогаш лесна и дека не е тешка само транзицијата кон неа, туку и нејзиното практикување на секојдневно ниво.

- Демократијата е здив на слободата и треба да се негува, мора да се брани и тоа е она што го правиме во НАТО секојдневно. Се соочуваме со предизвици за нашите интереси, нашите вредности, нашата слобода и демократскиот начин на живот, а ова е особено видливо сега кога безбедносната средина е сложена и хаотична. Но, НАТО е штит и за Европа и за Северна Америка, истакна Шекеринска.

Според неа, дури и по завршувањето на војната во Украина, нема да исчезне опасноста што Москва ја претставува за безбедноста на Европа и за стабилноста во светот и затоа како одговор се гради уште посилно НАТО, со задача да ја заштити слободата и безбедноста, што Алијансата го прави со својот клучен партнер ЕУ.

- Ние сме посветени на заштитата на мирот, слободата и просперитетот и сме решени заедно да се справиме со заедничките предизвици. Ова беше само една од причините зошто лидерите на ЕУ беа на Самитот на НАТО во Хаг минатиот месец, каде што НАТО сојузниците донесоа навистина тешки и предизвикувачки, но неопходни одлуки за зголемување на трошоците за одбрана на 5 отсто од БДП, за да можеме да ги покриеме и основните одбранбени потреби, но и оние поврзани со инвестиции за зголемување на индустриското производство во одбраната низ Алијансата, рече Шекеринска, додавајќи заедничките напори на НАТО и ЕУ ги прават Европа и Северна Америка побезбедни.

Таа нагласи дека НАТО сака да види посилна европска одбрана, која ќе биде интероперабилна со Алијансата и комплементарна со на она што таа го прави, бидејќи трансатлантското партнерство е и ќе остане камен темелник на европската безбедност, на зголемување на отпорноста и на заштитата на критична инфраструктура.

Шекеринска се осврна и на состојбата во Украина, нагласувајќи дека сите сакаме бруталната руска агресија да заврши брзо со одржлив и траен мир, за што единствен начин е НАТО и ЕУ да продолжат со силната поддршка за земјата.

- Знам дека земјите во војна им е потребна политичка и финансиска поддршка, им треба муниција, им треба противвоздушна одбрана, им требаат беспилотни летала, но исто така им треба надеж. Им треба и политичка поддршка што можеме да ја испратиме. Па, дозволете ми да кажам дека Алијансата ќе продолжи да ја поддржува Украина на нејзиниот неповратен пат кон членство во НАТО, а гледаме и како ЕУ ја доближува Украина до европското семејство, рече Шекеринска.

Таа посочи дека беше споменато оти зачленувањето во НАТО било малку полесно отколку во ЕУ, но дека таа како граѓанин на земја што помина низ тешки времиња, може да каже дека тоа не беше лесно.

- Бараше многу болни компромиси, но денес гледаме колку е важно што ја завршиме нашата задача. Затоа мојата порака и до европските колеги е да го направат она што е исправно, бидејќи видовме дека одложувањата предизвикуваат криза, двоумењето предизвикува проблеми и затоа оваа политичка порака мора да оди рака под рака со акција. Заедно НАТО и ЕУ можеме да направиме повеќе за да ја зајакнеме и одбранбената индустрија на Украина и подобро да ја интегрираме одбранбената индустрија на Украина со нашата, додаде Шекеринска.

Според неа, со зајакнување на отпорноста, на индустриското производство и на поддршката на Украина, ќе зајакнат и способноста за одвраќање и одбрана и на Европа и на Северна Америка и ќе бидат заштитени демократијата и западниот начин на живот.

- Мора да се фокусираме да ја завршиме нашата работата, бидејќи работејќи заедно ќе бидеме посилни и побезбедни, а само ако бидеме побезбедни и посилни ќе останеме слободни, заклучи Шекеринска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски се закани: Одговорот на Украина ќе создаде мотивација за мировните преговори

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека, како одговор на руските напади врз енергетските објекти, Украина ги продолжува операциите против руската нафтена индустрија .

Зеленски се закани: Одговорот на Украина ќе создаде мотивација за мировните преговори

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека, како одговор на руските напади врз енергетските објекти, Украина ги продолжува операциите против руската нафтена индустрија и дека понатамошните одговори, односно целите за напади со долг дострел, веќе се утврдени.

„Благодарен сум на секоја единица за нивната прецизност и на сите наши одбранбени и безбедносни сили на Украина за систематската природа на украинските напади со долг дострел. Операцијата против руската индустрија за рафинирање на нафта продолжува, како одговор на руските напади врз украинските енергетски објекти“, рече Зеленски во објава на Телеграм, пренесува Укринформ.

Зеленски додаде дека електраните, енергетските мрежи, снабдувањето со топлина, снабдувањето со вода и цивилната логистика на територијата на Украина се под постојани напади од руски беспилотни летала и ракети „Шахид“, и дека Русија не ја менува природата на своите агресивни активности и дека ги напуштила чекорите за деескалација за кои зборуваа партнерите и дека планира понатамошни напади.

Тој рече дека искуството од хуманитарната операција во градот Олешки, кој е под руска контрола, во југоисточна Украина, каде што кон крајот на октомври беше воспоставено локално примирје за неколку дена за хуманитарни активности, покажува дека ако рускиот претседател Владимир Путин одлучи да ја запре војната, може да дојде до смирување.

„Украина не треба да биде убедена дека е потребен мир што е можно поскоро. Ние го сакаме тоа. Русија треба да одлучи дека времето за војна е завршено. Нашите напади со долг дострел, нашите напади со среден дострел, како и целиот притисок од партнерите врз Русија поради оваа војна, тоа е она што создава мотивација за вистински преговори“, нагласи Зеленски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран објави снимка на воените тунели (ВИДЕО)

Државните медиуми на Иран објавија снимки за кои тврдат дека ги прикажуваат подземните тунели на морнарицата на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) на југот од земјата. 

Иран објави снимка на воените тунели (ВИДЕО)

Камиони со лансери и ракетни тенкови може да се видат во ходниците. Ирански извори наведуваат дека во комплексот се складирани противбродски ракети и моторни чамци.

Снимката, исто така, го прикажува Абдолах Хаџи-Садеги, претставникот на иранскиот врховен лидер во ИРГЦ, како го обиколува комплексот со воени претставници. Лансирање ракета беше прикажано во посебни кадри, но не е потврдено дека овие сцени се снимени за време на обиколката.

Точната локација на тунелот и датумот на снимањето не се независно потврдени.

Видеото објавено по американските напади

Видеото е објавено еден ден откако САД извршија ограничени напади на иранскиот остров Кешм во Ормутскиот теснец. Американски функционер ги опиша како одбранбени напади и рече дека тие не значат враќање на големи борбени операции против Иран.

Не е потврдено дека објавувањето на снимките е поврзано со нападите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Судот му нанесе уште еден удар на Трамп- блокирана е изградбата на неговата Триумфална капија во Вашингтон

Федералната судијка на САД, Тања Чуткан, издаде привремена забрана за изградба на Триумфалната капија на претседателот Доналд Трамп во областа на Вашингтон.

Судот му нанесе уште еден удар на Трамп- блокирана е изградбата на неговата Триумфална капија во Вашингтон

Федералната судијка на САД, Тања Чуткан, издаде привремена забрана за изградба на Триумфалната капија на претседателот Доналд Трамп во областа на Вашингтон, кратко откако комисија за планирање предводена од членови на Комисијата за планирање на Трамп ја одобри нејзината изградба.

Привремената забрана ѝ забранува на администрацијата да „започне, изврши или на друг начин да изврши каква било изградба, ископ или други чекори“ во проектот Триумфална капија во период од 14 дена, објави NBC News.

Наредбата на судијата дојде еден час откако Националната комисија за планирање на капиталот го одобри огромниот и контроверзен проект за лакови, кој ќе биде сместен во Меморијалниот круг помеѓу Споменикот на Линколн и Националните гробишта Арлингтон.

Дистриктот Колумбија и американската држава Вирџинија поднесоа тужба со која бараат привремена забрана за Триумфалната капија.

Демократскиот конгресмен Дон Бејер од Вирџинија ја поздрави пресудата и го обвини Трамп дека се обидува да ги заобиколи законските пречки.

„Оваа борба не е завршена. Иако оваа одлука го спречува Доналд Трамп веднаш да ги спроведе своите планови за создавање споменик на неговото его, судовите и Конгресот мора да воспостават трајни заштитни мерки за да ја спречат администрацијата на Трамп да го прекрши законот и да продолжи со овој проект“, се вели во соопштението на Баер.

Администрацијата на Трамп ја пофали одлуката на комисијата да ја одобри Триумфалната капија и ја критикуваше пресудата со која беше блокирана.

„Белата куќа ја поздравува одлуката на Националната комисија за планирање на капиталот целосно да ја одобри историската визија на претседателот Трамп за многу потребната Триумфална капија во Вашингтон. Активистичкиот Окружен суд потоа го блокираше проектот“, изјави портпаролот на Белата куќа, Дејвис Ингл, во соопштението на платформата X.

Тој рече дека администрацијата е уверена дека барањата за Триумфалната капија ќе бидат „целосно оправдани додека продолжува овој судски спор“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер