Кортни Кардашијан се вери на спектакуларен начин со рокерот Тревис Баркер (ВИДЕО) - Канал 5

Кортни Кардашијан се вери на спектакуларен начин со рокерот Тревис Баркер (ВИДЕО)

Рок sвездата Тревис Баркер одлучил да ја запроси својата девојка, познатата старлета Кортни Кардашијан.

Кортни Кардашијан се вери на спектакуларен начин со рокерот Тревис Баркер  (ВИДЕО)

Се се случило на плажа во хотелот во Монтесито, Калифорнија, и судејќи според фотографиите, се` било многу романтично. Со звукот на брановите и многу рози и свеќи на плажа, славниот тапанар го поставил големото прашање, а Кортни се согласила, за прв пат во својот живот. Има три деца од врската со Скот Дисик, но тие никогаш не биле во брак.

Извор од местото на настанот изјавил за Е! дека сето тоа се случило додека сонцето заоѓало во 18.30 часот и дека била сестра и` Клои Кардашијан и нејзиното момче Тристан Томпсон.

- Кортни изгледаше многу изненадено кога ги виде таму. Тревис ја придружуваше Кортни до плажата, каде имаше црвени и бели цветни аранжмани во форма на срце. Беше навистина романтично. Видов дека Кортни се смее од уво до уво и дека не може да поверува што се случува, колку е изненадена. Семејството се поздрави весело и сите се вратија во хотелот -

Друг извор вели дека на веридбата присуствувала и мајката / менаџерот Крис Џенер со нејзиното момче кое ги изненадило во холот на хотелот. Изворот вели дека Кортни немала поим дека Тревис ќе ја запроси.

- Плачеше и постојано повторуваше дека го сака - вели изворот.

Патем, ќерката на тапанарот од неговиот прв брак, Алабама , сподели фотографија на која се гледа голем дијамантски прстен.

„Многу сум среќна за тебе, те сакам многу“, стои во приказната на Алабама.

Се разбира, најпознатиот член на кланот Кардашијан / Џенер исто така на Твитер објави видео од бакнување на парот, каде повторно беше виден огромниот дијамантски прстен.

Да потсетиме, веста од нивната врска се појави на почетокот на годината, кога тапанарот објави заедничка фотографија на својот профил на Инстаграм. Според бројни извори, нивната љубов само растела и дека ова е една од оние љубови што ретко се случува.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

16 загинати во нападот на трговскиот центар во Украина, се проверува дали продавницата требало да биде евакуирана

Украинската полиција отвори кривична постапка против директорот на супермаркет во трговскиот центар во Криви Рих, кој беше погоден во руски напад со дронови.

16 загинати во нападот на трговскиот центар во Украина, се проверува дали продавницата требало да биде евакуирана

Во рускиот напад загинаа најмалку 16 лица, а повредени беа уште 130, меѓу кои и 23 деца. спасувачките екипи и натаму трагаат по исчезнати лица.

Директорот се истражува поради сомнение за немар, бидејќи продавницата наводно останала отворена и за време на воздушната тревога. Според украинските власти, од моментот кога била вклучена воздушната тревога до првиот удар со дрон поминале околу 20 минути.

Истрагата треба да утврди дали вработените и посетителите биле навреме предупредени за опасноста, дали била издадена наредба за евакуација и дали биле почитувани безбедносните протоколи за објект во регион близу до фронтот. Ќе се проверуваат и наводите дека вратите на засолништето биле блокирани.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Србија е уапсен „платен убиец“ од Македонија, се истражува кој наводно требало да биде жртва

Српската полиција уапсила државјанин на Македонија кај градот Прибој, под сомнение дека влегол во Србија како ангажиран извршител на нарачано убиство, објави српски Телеграф повикувајќи се на полициски извори.

Во Србија е уапсен „платен убиец“ од Македонија, се истражува кој наводно требало да биде жртва

Според медиумот, осомничениот во полициските евиденции наводно се водел како платен убиец кој работел за Кавачкиот клан, а се доведувал во врска и со претходен обид за убиство на Марко Љубиша Кан.

По добиените оперативни информации, српската полиција распоредила засилени сили и го блокирала теренот во Прибој, а истрагата сега е насочена кон утврдување на идентитетот на лицето кое требало да биде мета, како и кон откривање на локациите и лицата што евентуално му обезбедувале логистичка поддршка по влегувањето во Србија.

На осомничениот му е определено задржување до 48 часа, по што со кривична пријава треба да биде изведен пред надлежното обвинителство.

Фото: ВИ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е СДС да разбере дека власт даваат граѓаните

​СДС како опозициска партија наместо да работи на тоа да си го одржи барем членството, тие се занимаваат со манипулации.

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е СДС да разбере дека власт даваат граѓаните

СДС и претседателот Венко Филипче, поставен на оваа функција од другар му Зоран Заев, никако да разберат дека поддршката за да се дојде на власт се бара од граѓаните. Да, граѓаните се единствени кои даваат и земаат доверба и даваат и земаат власт.

ВМРО-ДПМНЕ во последните неколку години има јасна доверба од граѓаните. Оттука, секојдневно работи за секој еден граѓанин за неговиот животен стандард, за подобра околина, за околина во која важат европските стандарди.

И кога станува збор за избори, СДС нека не измислува, нека не зборува за алиби. Или како што вели Филипче, од СДС немало да бидат алиби за избори.

ВМРО-ДПМНЕ во текот на своето постоење прави само едно, мисли и работи за граѓаните, не бара никакво алиби.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер