Коронавирусот засега не ги загрозува Олимписките игри во Токио - Канал 5

Коронавирусот засега не ги загрозува Олимписките игри во Токио

Меѓународниот олимписки комитет (МОК) објави дека „засега нема да се донесат драстични одлуки“ околу Олимписките игри во Токио, кои започнуваат за четири месеци, и покрај заканата од пандемија на коронавирус.

Коронавирусот засега не ги загрозува Олимписките игри во Токио

МОК во соопшти дека ќе бидат потребни промени за олимписките квалификации во сите спортови, што е договорено со сите спортски федерации.

,,Се подготвуваме за Игрите да започнат за четири месеци, но ја следиме состојбата со коронавирусот од ден на ден“, се вели во соопштението.

Олимписките игри во Токио е предвидено да се одржат од 24 јули до 9 август.

Денеска Европската фудбалска федерација (УЕФА) објави одложување на Европското првенство за 2021 година, а скоро сите меѓународни спортски натпревари закажани да се одржат во април и мај беа откажани.

За утре е најавена вонредно видео конференција на претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Томас Бах со претставниците на сите земји-членки за моменталната состојба во светот во врска со пандемијата на коронавирус.

Само три пати во последните 124 години се откажале Олимписките игри додека светот бил во глобален вооружен конфликт - 1916, 1940 и 1944 година.

Ова одложување , доколку се случи би било за прв пат во историјата на Олимпијадата од други причини - глобална пандемија на коронавирус со која светот се бори веќе три месеци.

До денес, 57 проценти од спортистите ги исполниле стандардите за учество на Олимпијадата, а за преостанатиот процент, МОК ќе направи неопходни и практични измени во составот на квалификациите за Токио 2020 со меѓународните федерации.

Исто така, има простор за можно зголемување на олимписките квоти, во зависност од спортот, доколку се покаже неопходен ваков потег.

"Здравјето и благосостојбата на сите кои се вклучени во подготовките на Олимпијадата во Токио е нашата прва грижа. Сите мерки се преземаат во интерес на безбедноста на спортистите, тренерите и персоналот за поддршка. Ние сме олимписка заедница; се поддржуваме едни со други во добри и тешки времиња,солидарност што ја дефинира олимписката заедница “, рече претседателот на МОК, Томас Бах, кој утре ќе одржи видео конференција со членовите на Националните олимписки комитети.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Расте бројот на заболени од западнонилска треска, апел до граѓаните редовно да користат средства за заштита од комарци

Расте бројот на заболени со западнонилска треска.

Расте бројот на заболени од западнонилска треска, апел до граѓаните редовно да користат средства за заштита од комарци

Вчера беа потрдени три нови случаи, Светската здравствена организација предупредува дека јули и август се најризичните месеци за ширење на вирусот.

Во Македонија досега се регистрирани осум случаи, а најголемиот дел од заразените воопшто немаат симптоми.

Од СЗО препорачуваат: покривање на телото со облека, користење средство против комарци и отстранување на застојаната вода околу домот. Здравствените власти смируваат дека заразата не се пренесува од човек на човек

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Руска ракета паднала во Полска? Одекнала експлозија, кратер од 10 метри

Во полскиот округ Билгорај, во близина на градот Лублин, жителите слушнале силен тресок во текот на ноќта, а по пристигнувањето на местото на настанот пронашле кратер и расфрлани делови од неидентификуван објект, соопшти денеска полицијата од Лублин

Видео: Руска ракета паднала во Полска? Одекнала експлозија, кратер од 10 метри

Кратер со дијаметар од десет метри е пронајден на поле во Тарнава Колонија, која се наоѓа околу 50 километри јужно од Лублин, а на местото на настанот пристигнале полицијата, пожарникарите и воен хеликоптер, јавува Вјадемошќи.

„Утрово добивме дојава од регионалниот центар за итни повици дека се слушнала силна експлозија во округот Билгорај помеѓу градовите Тарнава Колонија и Бискупица. Дежурниот полицаец испратил полициски патроли на местото на настанот.

По 5 часа, полицајците откриле кратер и расфрлани делови од неидентификуван предмет на поле помеѓу Тарнава Колонија и Токари, приближно на два километри од зградите“, се вели во полициското соопштение.

Во соопштението се наведува дека за инцидентот биле известени воената полиција, Агенцијата за внатрешна безбедност, Службата за воена контраразузнавачка дејност и Окружното обвинителство во Лублин, како и дека на местото на настанот биле испратени полициски службеници за борба против тероризмот.

Во Лублин, кој се наоѓа на околу 80 километри од границата со Украина, сирените се огласија и во текот на ноќта, непосредно пред 4 часот наутро.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Собранието последна седница за пратенички прашања

Во Собранието денеска ќе се одржи 113. пленарна седница, последна за пратенички прашања пред заминувањето на пратениците на годишен одмор.

Во Собранието последна седница за пратенички прашања

Седницата за пратенички прашања се одржува секој последен четврток во месецот, а на премиерот и на министрите прашања први им поставуваат пратениците од опозициските партии.

Секој последен четврток во месецот се одржува и редовниот брифинг на претседателот на Собранието, Африм Гаши, со новинарите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер