3ВМРО-ДПМНЕ: По дебаклот во Брвеница Филипче го снема, а СДС слави пораз, дали Филипче замина на „одмор“ во Дубаи?
ЖивотКорин одби да се предаде и шест дена со тешка повреда преживеа во згмечен автомобил Шест дена Корин Бастид била заробена во автомобилот , згмечен во сообраќајна несреќа во зафрлен крај во Белгија.45- годишната Корин исчезна на 23 . јули во близината на градот Лиеж, на два дена пред екстремниот топлотен бран што ја зафати Белгија со температури над 41 степен. Несреќната жена излетала со автомобилот од патот и слетала во клисура во зафрлен предел во околината на Лиеж. Во несреќата , Корин се здобила со тешка повреда на карлицата и не можела да излезе од автомобилот , ниту да се движи , па во него минала шест дена. Иако дехидрирана, таа успеала да остане свесна доволно долго и преживеа благодарение на дождовницата што ја пиела. Жената е пронајдена во понеделникот откако беше извршено опсежно пребарување. Корин од болничкиот кревет го раскажа пеколот низ кој поминала. "Првата вечер мобилниот телефон ми ѕвонеше, но рацете ми беа премногу слаби за да одговорам. Следниот ден, телефонот престана да ѕвони", се сеќава Белгијката. Таа вели дека ја губела свеста секој пат кога ги движела рацете за да се обиде да излезе од возилото. На крајот, со многу болка, успеала да ја отвори вратата од автомобилот. "Најтешко ми беше што лежев на парчиња скршено стакло. Се обидов да се кренам, но чувствував како грбот да ми е преполовен", вели Корин. Таа пред несреќата немала храна и пијалоци во автомобилот, па дождот штоврнеше по топлотниот бран ја собирала во празна кутија од гуми за џвакање. „Користев и влажна гранка за да си создадам чувство на влажност во устата. Но, не се чувствував гладна“, раскажа Корин. Кога забележала друго возило во близина на местото каде што излетала од патот, плачела за помош. „Корин, е тоа? Ми го знаеја името“, опишува Корин како била спасена , откако нејзиното семејство ја алармирало полицијата и со денови детално се пребарувала целата област. И покрај ова, Корин се смета за среќна затоа што преживеа во невозможни услови. Таа објаснува дека не изгубила надеж ниту еден момент, бидејќи мислела само на нејзините деца . „Сакав да живеам за доброто на моите деца . Морав да излезам од оваа ситуација за да постигнам сè што планирав за нив. Тие ми дадоа сила да преживеам“, тврди Корин.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСредба на министерот Муцунски со министерот за Европа на Франција, Бенжамин ХададНа маргините на Самитот на лидерите на Берлинскиот процес, што се одржува во Црна Гора, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со министерот за Европа на Франција, Бенжамин Хадад.Во фокусот на разговорите беа билатералната соработка, европската перспектива на нашата земја и поддршката од Франција на нашиот европски пат. Министерот Муцунски ја истакна цврстата посветеност на Владата на реформските процеси и полноправното членство во Европската Унија, како и потребата од забрзување на процесот на европска интеграција. На средбата беа разменети мислења и за актуелните регионални случувања и за улогата на нашата земја како одговорен и конструктивен партнер во регионот и пошироко во Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп најави крај на војната во Украина: „Поблиску сме од било кога “ Крајот на војната во Украина се приближува, „можеби поблиску од кога било досега“, изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп.Одговарајќи на прашање од новинарите во Белата куќа за тоа како Русија го ослободила Американецот Стивен Хабард, Трамп изјави дека тоа е резултат на директни разговори со рускиот претседател Владимир Путин. „Побарав да го ослободат Стивен Хабард, и тој сега е на пат кон дома. Не дадов ништо за возврат“, рече Трамп. На прашањето дали е соодветно што специјалниот пратеник на САД, Стив Виткоф, го нарече Путин „хуманитарец“, Трамп одговори дека тоа било кажано „во тој конкретен контекст“ и додаде дека тој лично „не би зазел страна“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: По дебаклот во Брвеница Филипче го снема, а СДС слави пораз, дали Филипче замина на „одмор“ во Дубаи?По дебаклот во Брвеница Филипче го снема, а СДС слави пораз, дали Филипче замина на „одмор“ во Дубаи или на јахтата на менторот Заев по нови инструкцииПо изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче го снема од медиумскиот простор. Додека претходно речиси секојдневно Филипче држеше прес-конференции, сега го нема никаде. СДС на предвремените локални избори во Брвеница, е со пад од 8% во однос на минатите избори во 2025 година, а СДС на чело со Филипче слави пораз од 4 спрема 1 на избори. Очигледно, резултатите и не се за славење, па Филипче отиде на „одмор“ или по инструкции од менторот Заев. Каде е Филипче дали замина на јахтата на Заев во Егејското Море или на одмор во Дубаи? Наместо да излезе пред јавноста и да понесе одговорност за резултатите на СДС, Филипче молчи. По ваков изборен пораз, Филипче бега од соочување со реалноста. Во Брвеница, СДС доживеа убедлив пораз од ВМРО-ДПМНЕ, со резултат од 4 спрема 1. Тоа е вистинската слика за политиката што ја води Филипче и за состојбата во која се наоѓа СДС под негово раководство. Под водство на Филипче, партијата се соочува со сериозно политичко маргинализирање. Кога резултатите се лоши, лидерот треба да излезе пред јавноста, а не да исчезне од медиумите. Му посакуваме на Филипче уште многу вакви „успеси“ како оној во Брвеница. Ако ова е неговата визија за победа, тогаш СДС има сериозна причина да се загрижи за својата политичка иднина. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter