Копаничарска колонија повторно во Бигорски, со учество на мајстори-резбари од повеќе градови - Канал 5

Копаничарска колонија повторно во Бигорски, со учество на мајстори-резбари од повеќе градови

 Во Бигорскиот манастир се одржува 38-та копаничарска колонија организирана од ЗКМАК, на местото каде што и почна, а ова познато светилиште со своето духовно и уметничко богатство, повторно станува отворен дом за резбарите.

Копаничарска колонија повторно во Бигорски, со учество на мајстори-резбари од повеќе градови

- Бигорскиот манастир, со своето духовно и уметничко богатство, повторно станува отворен дом за резбарите. Токму во Бигорски, во јуни 1994 година, се одржа првата колонија и тука израснаа нејзините рани изданија, во непосредна близина на славниот иконостас на Петре Филиповски-Гарката – дело коешто со своите скулпторални квалитети и внатрешна логика на формата повеќе од два века е мерило и вдахновение за резбарите, информираа од Бигорски манастир.

Колонијата ја отворија претседателот на Здружението на команичари на Македонија (ЗКМАК), Никола Михајловски, деканот на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер при УКИМ, проф. д-р Ѓорги Груевски, и ректорката на УКИМ, проф. д-р Биљана Ангелова.

Со пригодно слово во името на игуменот, владиката г. Партениј, се обрати архимандритот Доситеј, кој ја поздрави колонијата и гостите и ја изрази радоста што колонијата повторно се враќа во срцето на копаничарството, во Бигорскиот манастир. Во воведните обраќања беше нагласена мисијата за живо предавање на традицијата, од мајстор на ученик, во средина каде што духовноста и уметноста природно се прегрнуваат.

Работните пунктови се поставени во манастирскиот двор, а колонијата обединува истакнати мајстори-резбари од повеќе градови и ново поколение млади творци.

Се обработуваат теми од секојдневието и од црковното предание: лозови плетови, флорални преплети, животински и символични мотиви, како и литургиски елементи. Во вечерните часови следуваат стручни разговори за техниките, алатите и стилските особености на посебните резбарски школи.

- Историјата на колонијата е нераскинливо сврзана за Бигорскиот Манастир. Првата колонија се одржала токму тука, од 3 до 10 јуни 1994 година а во периодот 1994–2000 во Бигорски се одржаа седум последователни годишни сесии. Оттогаш колонијата продолжи да гостува и во други места (Согле, Смилево, Папрадиште, Велешко и др.), градејќи мост меѓу различни резбарски средишта во земјата, додаваат од манстирот.

Оценуваат дека со овогодишното издание, ЗКМАК, зад кое стои три децении упорна работа свесно се навраќа на изворот, пред бесценетото дело на Гарката, чиишто извонредни резбарски вештини, поезијата на формата и тајните на умешноста и денес се учебник за секој што зема длето в рака.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Супер Марио Брос“ од 1985 година продаден за астрономска сума

Копија од играта „Супер Марио Брос“. од првата серија за конзолата Nintendo Entertainment System (NES) е продадена на аукција за фантастични 96.875 долари. 

„Супер Марио Брос“ од 1985 година продаден за астрономска сума

Аукциската куќа Heritage Auctions објави дека со ова се поставени два светски рекорди - за копија на играта од првата продукциска серија и за отворена видео игра со целосно зачувано оригинално пакување.

Што го прави овој примерок посебен?

Станува збор за американско издание од 1985 година, препознатливо по мат налепницата на кутијата.

Примерокот доби вкупна оцена на PSA од 9,0. Самата кутија беше оценета со 8,5, кертриџот 9,2, а рачниот 9,0. Според каталогот на аукциите, овој пример ја дели највисоката оценка меѓу четири познати целосни примери на истата варијанта во записите на PSA. Продадена е на 20 ноември, првиот ден од дводневната аукција на видео игри.

„Ознаката „complete-in-box'“ значи дека кутијата е отворена и играта е искористена, но пакувањето сè уште го содржи кертриџот, упатствата и сè друго што купувачот го добил кога играта била продадена на мало“, соопшти аукциската куќа.

Во оваа категорија копијата постави рекорд.

Како вториот „Супер Марио“ постигна уште повисока цена? Најскапиот предмет на истата аукција била неотворена копија од играта „Супер Марио Брос“ од втората продукциска серија, со сјајна налепница и PSA рејтинг од 8,5. Оваа копија била продадена за 131.250 долари. Вкупно три копии од играта беа меѓу десетте најскапи предмети на аукцијата, кои беа продадени за околу 2,52 милиони долари.

„Возбудливо е да се види како интересот на колекционерите за овие исклучително ретки рани NES игри продолжува да расте. Тешко е да се прецени важноста на играта „Супер Марио Брос“.

„Тоа е игра за домашна конзола, а колекционерите јасно го препознаваат нејзиното место во историјата на видео игрите“, рече Еван Мајзингил, директор за прифаќање на видео игри во „Херитиџ аукшнс“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Папрадишки пишии

Во петок (20.11.2026) во емисијата гостин ни бeше д-р Вело Марковски.

„Гответе со Дракче“ - Папрадишки пишии

Состојки за денешниот рецепт:

1 кг. брашно

1 коцка квасец

1 лажичка сол

млака вода по потреба

масло за пржење

Прилог:

сирење

мед

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Синдикатот на културата протестира пред Уставниот суд, кој одлучува за уставноста и законитоста на колективниот договор

Синдикатот на културата денеска излезе на протест пред Уставниот суд.

Синдикатот на културата протестира пред Уставниот суд, кој одлучува за уставноста и законитоста на колективниот договор

Кој треба да одлучува за уставноста и законитоста на колективниот договор за култура.

Од синдикатот велат дека од опстојувањето на договорот зависат платите и другите стекнати права на повеќе од две илјади вработени во 123 културни установи.

Синдикатот бара судот да го одложи одлучувањето и да закаже јавна расправа на која синдикатот, како потписник на договорот, ќе може да ги изложи своите аргументи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер