Конференција посветена на јакнење на комуникацијата на јавното обвинителство со јавноста - Канал 5

Конференција посветена на јакнење на комуникацијата на јавното обвинителство со јавноста

Јавното обвинителство, во соработка со проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, денеска организираше меѓународна конференција на тема „Од стратегија до пракса: Јакнење на комуникацијата на Јавното обвинителство со јавноста“.

Конференција посветена на јакнење на комуникацијата на јавното обвинителство со јавноста

На конференцијата беше претставена новата Комуникациска стратегија на Јавното обвинителство за периодот 2026–2028 година, заедно со Акцискиот план и активностите предвидени за нејзина имплементација.

државниот јавен обвинител Ненад Савески, посочи дека Транспарентноста е темел на довербата меѓу јавноста и институциите и е особено важна за правосудството бидејќи правдата не само што треба да биде задоволена, туку треба да биде и видлива за сите.

Настанот ги обедини Јавното обвинителство, медиумите, како и домашни и меѓународни експерти, кои дискутираа за значењето на стратешкиот пристап во комуникацијата со јавноста, особено кога станува збор за предмети од висок јавен интерес.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски во посета на ООУ „Љубен Лапе“ во Аеродром

Денес во 10:00 часот претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на промоција на печатени учебници во ООУ „Љубен Лапе“ во Општина Аеродром.

Мицкоски во посета на ООУ „Љубен Лапе“ во Аеродром

Предвидено е тој да даде изјава за медиумите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух

Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ попладнево повикува на марш за чист воздух и прекин на практиката на толерирање на застарени гранични вредности за воздухот.

Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух

Маршот ќе почне од собранието во 18 часот, а ќе заврши пред министерството за животна средина кое е задолжено за издавање на а-интергрираните дозволи. Според „Стоп за Усје“, цементарница Усје бара обнова на дозволата за работа без никакви промени во однос на дозволата од 2020 година. Министерот за животна средина Муамет Хоџа неодамна во телевизиско гостување демантираше дека цементарница Усје ќе добие дозвола по старите правила. Усје уште сега ќе ги имплементира најновите и построги еколошки стандарди, иако новиот закон за индустриски емисии стапува на сила дури во септември 2027 година. Истото ќе важи за сите оператори кои поседуваат а интегрирана еколошка дозвола, изјави Хоџа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова постхумно ќе ја одликува Наде Проева со Орден „8 Септември“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денес– 23 јуни 2026 година, вторник, на свечена церемонија со почеток во 12:00 часот постхумно ќе ја одликува Наде Проева со Орден „8 Септември“.

Сиљановска-Давкова постхумно ќе ја одликува Наде Проева со Орден „8 Септември“

Проева се одликува за нејзиниот особен придонес во афирмирањето на македонската историографија како врвна и светски призната историчарка, професорка и авторка.

Орденот ќе ѝ биде врачен на Павлина Проевска, сестра на Наде Проева.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер