Конференција: Дигитализацијата и човечките ресурси се клуч за ефикасно и независно судство - Канал 5

Конференција: Дигитализацијата и човечките ресурси се клуч за ефикасно и независно судство

Хроничниот недостиг на судии, обвинители, помошници и ИТ експерти влијае врз испорачувањето на судските случаи навреме, како и на квалитетот на одлуките – порача евроамбасадорот Михалис Рокас.

Конференција: Дигитализацијата и човечките ресурси се клуч за ефикасно и независно судство

Хроничниот недостиг на судии, обвинители, помошници и ИТ експерти влијае врз испорачувањето на судските случаи навреме, како и на квалитетот на одлуките – порача евроамбасадорот Михалис Рокас од денешната конференција посветена на потребните промени во правосудството. Довербата од јавноста во него, како што кажа, останува ниска, а последните податоци од „Евробарометар“ покажуваат дека само 28 проценти од граѓаните ја перцепираат независноста на судството како праведна или многу добра.

-Судската ефикасност не може да се постигне без адекватни и предвидливи ресурси. Со државниот буџет за 2025-та и неговите додатоци уште еднаш се потфрли за обезбедување доволно финансии за правосудниот сектор. Само 0,3 или 0,29 проценти од БДП се распределени далеку под законски потребните 0,8 проценти. Ова хроночно недоволно финансирање ја ослабнува институционалната независност и го ограничува капацитетите на системот да испорача правда, изјави Рокас.

Судството што е кадровски ослабено, организациски нерамномерно оптоварено или финансиски ограничено тешко може да биде навистина независно, смета претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски. Минстерот за правда Филков пак, решението го гледа во дигитализацијата и човечките ресурси..

-Министерството за правда, во текот на 2024 и 2025 година утврди алармантни состојби во правосудството, кои директно кореспондираат со идентификуваните слабости во Патоказот. Реформите мора да обезбедат пополнување на работните места, модернизација на инфраструктурата, зајакнување на институционалниот интегритет и зголемување на довербата на јавноста преку транспарентност и високи етички стандарди, порача министерот Филков.

-Кај нас пак зависноста од министерството за финансии за секое ново вработување, па дури и за пополнување на одамна испразнети работни места создава системиски застој. Финансиската независност на судството не е привилегија туку претставува предуслов за одговорност, професионализам и борба против корупцијата. Судството што самостојно планира и одговара за своите ресурси е судство што може да биде повикано и на одговорност за резултатите, изјави Камбовски.

И претседателот на Врховниот суд Африм Фидани е на став дека судството треба да има финансиска независност со зголемување на кадровската екипораност во сите судови, но забележува дека за законите и измените кои се носат како што беа за Судскиот совет и новите измени на КЗ, треба да биде прашан и Врховниот суд.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија

Во Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска се се одржува надзорната расправа во врска со последните случувања во АЛТА банка.. 

Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија

30-ина актуелни и поранешни функциониери се на списокот сведоци, кои ќе треба да дадат одговори има ли и чија е институционалната одговорност за АЛТА банка..

Во Собраниете е Јана Јосифоска која ја следи расправата , Јана повели со информациите ?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен поранешен министер на Србија

Раде Баста, поранешен министер во Владата на Србија во периодот од октомври 2022 до мај 2023 година, е уапсен во Белград.

Уапсен поранешен министер на Србија

Според неофицијални информации, Раде Баста е уапсен по налог на Вишото јавно обвинителство во Белград, бидејќи додека бил директор на „Белградски електрани“ (Beogradske elektrane), го оштетил претпријатието за десетици милиони динари преку одобрување неосновани донации за разни спортски клубови!

Меѓу овие спортски клубови, како што пренесуваат дел од српските медиуми, нема звучни имиња, туку станува збор за помали фудбалски и кошаркарски клубови, па дури и еден коњички клуб.

Во тек е акција за апсења и претреси на простории, спроведена од припадници на Службата за борба против корупцијата, а се апсат и уште неколку лица поврзани со проневерите на Баста. Да потсетиме, Баста беше министер за економија само 8 месеци, од октомври 2022 до 2023 година, кога беше разрешен од таа функција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пилешко во кремаст сос од вргањ

Во среда (04.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Емилија Мицевска.

„Гответе со Дракче“ - Пилешко во кремаст сос од вргањ

Состојки за денешниот рецепт:

500 гр. пилешко филе

20 гр. сув вргањ

150 - 200 мл. топла вода

500 мл. павлака за готвење

1 мало шише бело суво вино

40 - 50 гр. пармезан

1 коцка говедска супа

1 лажица путер

1 лажица маслиново масло

1 чешне лук

сол, бибер, свеж магдонос

мајчина душица

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер