ЗабаваКонцерт на Стинг во СкопјеЛегендата на светската рок-сцена Стинг вечер ќе одржи концерт во ВИП арената „Борис Трајковски“ во Скопје, во рамки на неговата светска турнеја „57th & 9th“ по повод истоимениот албум.Неговата промотивна турнеја почна во февруари годинава и ги опфаќа сите континенти. На турнејата Стинг свири неколку песни од новиот албум, како и најголемите хитови од соло-кариерата: „Fragile“, „Desert Rose“, „Fields of Gold“…, како и од времето на групата „Полис“: „Message in the bottle“, „Walking on the Мoon“, „Every breath you take“… Стинг ќе настапи со своите долгогодишни соработници - гитаристите Доминик Милер и Руфус Милер, тапанарот Џош Фрис, а специјален гостин ќе биде неговиот син Џо Самнер, соопшти Авалон-продукција која го организира концертот. Тој беше распродаден за само 10 часа уште на првиот ден (2 јуни) кога билетите беа пуштени во продажба. Минатиот месец рок-ѕвездата настапи во Софија и во Белград, пред вкупно 30 илјади публика, со песни од новиот албум насловен како и турнејата „57th & 9th“. - Како и на целата светска турнеја, Стинг доаѓа со комплетно сопствена продукција, односно звукот, светлото и видеото во Скопје ќе бидат истите како и низ целиот свет, информираше Авалон. Продукцијата наведува дека салата во „Борис Трајковски“ по изработката на акустиката ги има сите услови за овој тип концерти на ниво на која било сала во регионот и во Европа. - Концертот на Стинг во Скопје носи префикс на ексклузивен, не само поради фактот што Стинг е првиот од А-листата на артисти од светската музичка индустрија којшто доаѓа во Скопје, туку и поради тоа што концертот се одржува во сала со капацитет два до три пати помал од останатите сали низ Европа и светот каде што Стинг настапува, соопшти Авалон. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈаневска ќе има средба со студентите за нов модел на студентски оброкДополнителен попуст од 20 проценти за студентите, не само за субвенционираниот оброк, туку и за сите други производи што ќе ги купуваат со сопствени средства кај оператори кои ќе ги избере Владата. Ова го предвидува новиот модел што го подготвува Министерството за образование, а кој ќе функционира преку електронска апликација. Сепак, конечен договор сè уште нема. Министерката Весна Јаневска денеска најави средба со новиот претседател на Студентското собрание на УКИМ, по што ќе следуваат разговори и со студентските претставници од сите универзитети. ,, Сè додека немаме конечен став од студентите, ние го разработуваме овој модел. Она што е важно е дека ќе станува збор за електронска апликација преку која студентите, кај сите оператори што ќе ги избере Владата, ќе добиваат 20 отсто попуст со картичката за студентски оброк, односно со е-апликацијата или ваучерот за студентски оброк. Попустот ќе важи за она што ќе го купат со тие средства, но и за сè друго што ќе го купат кај избраниот оператор. Ваква мерка во ваква криза навистина е нешто што укажува дека особено многу внимаваме на студентите и дека водиме голема грижа за младите луѓе во земјата,, – Весна Јаневска, министерка за образование и наука Покрај повисоката финансиска поддршка за исхрана, Владата подготвува и поширок пакет поволности за студентите, кој ќе опфати и други производи и услуги. Според премиерот Mицкоски станува збор за иновативен модел кој досега не бил применет во ниту една друга држава. Надлежните институции веќе работат на решението, а конкретните детали ќе бидат соопштени наскоро. Владата претходно предложи месечната вредност на студентскиот оброк од околу 3.500 да се зголеми на 4.500 денари, односно околу 180 денари дневно за 25 субвенционирани дена, наместо досегашните 140 денари, и да оди преку ваучери. Студентските претставници пак побараа дневниот износ да се усогласи со стапката на инфлација и да нема ограничување каде да ги користат средствата за исхрана. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
МакедонијаАндоновски: Македонија напредна за 16 места на индексот на ОН за е-влада за 2026Наскоро нови услуги од МВР и ФЗО.Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, изјави дека Македонија се искачила за 16 места на светската ранг-листа за развој на е-влада на Обединетите нации и најави дека се очекуваат нови услуги од МВР и Фондот за здравство на националниот портал. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФормиран Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите Нападот врз новинар е напад врз демократијата и правото на јавноста да биде информирана, порача министерот за внатрешни Тошковски.Прашуваат каде што повеќето молчат, бараат одговорност онаму каде што недостасува и остануваат будното око во општеството што неретко ги изложува под притисоци, закани и обиди за замолчување – Дали денешното формирање на Националниот комитет за заштита и безбедност на новинарите ќе гарантира реален институционален механизам за сигурност? Нападот врз новинар е напад врз демократијата и правото на јавноста да биде информирана, порача министерот за внатрешни Тошковски, кој кажа дека ова тело ќе има задача да создаде услови за послободно и професионално новинарство, без било какви стравувања. -Новинарите не треба да бидат храбри, туку сигурни и безбедни да поставуваат прашање да добиваат одговори во јавен интерес на крајот на денот. Тоа не е обесхрабрувачка порака за новинарите, туку бара одговорност од страна на институциите од аспект на овозможување на општествена сигурност за да го работат она што е нивна работа, зошто – затоа што вашата работа, на новинарите е да го заштитите јавниот интерес и да отворите прашања во јавноста кои што се од интерес за граѓантие и тоа така треба да биде. И се надевам дека во иднина ќе бидеме подобри во споредба од претходно. - Панче Тошковски – Министер за внатрешни работи Иницијативата за форимрањето на комитетот е на Владата, во согласност со препораките на Советот на Европа, чии претставници беа дел од дискусијата и посочија дека има простор за напредок. Покрај МВР, која претседава со истиот, меѓудригуте, дел се и новинарски здруженија и јавното обвинителство. Шефицата на ОЈО – ГОКК, Искра Хаџи Василева порача дека комитетот е значаен исчекор кон поголема безбедност и сигурност. -Слободата на изразување е највисок демократски стандард кој институциите се обврзани да го штитат, правото на јавноста да биде навремено и точно информирана никој не смее да го загрозува, а оние кои ќе се обидат тоа да го сторат, мора да бидат идентификувани и санкционирани- Искра Хаџи - Василева – ЈО на ОЈО ГОКК Последната евидентирана закана се случи викендов кон новинарот Кристијан Ландов, по неговата емисија за случај во Охрид, по што како што е пријавено, на социјалните мрежи му се заканувале по животот преку саботирање на неговото возило. Остра реакција за ова пристигна од ЗНМ, а министерот Тошковски кажа дека се преземени сите чекори за расчистување на случајот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter