Комплетирано третото коло од Лига Европа

Само три екипи од Лига Европа по синоќа одиграните натпревари од 3.коло имаат максимален учинок - три победи.

Тоа се тимовите на: Наполи, Рапид Виена и Брага. Македонскиот интернационационалец Иван Тричовски го играше второто полувреме на дуелот Легија - Бриж и притоа асистираше на израмнувачкиот гол на неговата екипа (Легија).

Македонскиот судија Александар Ставрев го судеше дуелот Бордо – Сион.

Резултати од 3.коло и табели:
А група: Молде – Селтик 3:1, Фенербахче – Ајакс 1:0.
Табела: Молде 7 бодови, Фенербахче 4, Ајакс 2, Селтик 2.
Б група: Ливерпул – Рубин Казан 1:1, Бордо – Сион 0:1.
Табела: Сион 7, Ливерпул 3, Бордо 2, Рубин Казан 2.
Ц група: ПАОК – Краснодар 0:0, Габала – Борусија Дортмунд 1:3.
Табела: Борусија Дортмунд 7, Краснодар 4, ПАОК 3, Габала 1.
Д група: Легија – Бриж 1:1, Митјиланд – Наполи 1:4.
Табела: Наполи 9, Митјиланд 6, Бриж 1, Легија 1.
Е група: Виљареал – Динамо Минск 4:0, Рапид Виена – Викторија Плзен 3:2.
Табела: Рапид Виена 9, Виљареал 6, Викторија Плзен 3, Динамо Минск 0.
Ф група: Брага – Олимпик Марсеј 3:2, Слован – Гронинген 1:1.
Табела: Брага 9, Слован 4, Олимпик Марсеј 3, Гронинген 1.
Г група: Лацио – Розенберг 3:1, Днипро – Сент Етиен 0:1.
Табела: Лацио 7, Сент Етиен 4, Днипро 4, Розенборг 1.
Х група: Локомотив Москва – Бешикташ 1:1, Спортинг – Скендербег 5:1.
Табела: Локомитив Москва 7, Бешикташ 5, Спортинг 4, Скендербег 0.
И група: Базел – Белененсе 1:2, Фиорентина – Лех 1:2.
Табела: Базел 6, Лех 4, Белененсе 4, Фиорентина 3.
Ј група: Монако – Карабах 1:0, Андерлехт – Тотенхем 2:1.
Табела: Монако 5, Андерлехт 4, Тотенехм 4, Карабах 3.
К група: Шалке – Спарта Прага 2:2, АПОЕЛ – Астерас 2:1.
Табела: Шалке 7, Спарта 5, АПОЕЛ 3, Астерас 1.
Л група: АЗ – Аугсбург 0:1, Партизан – Атлетик Билбао 0:2.
Табела: Атлетик Билбао 6, Партизан 6, АЗ 3, Аугсбург 3.
Натпреварите од 4.коло се играат на 5.ноември. /МИА

НБА: Минесота прв пат во историјата поведе со 3-0 во плејофот

 Минесота го совлада синоќа Феникс на гостински терен со 126:109 во третиот натпревар од плејофот на Западната конференција во НБА лигата и прв пат во историјата на франшизата поведе со 3:0 во серијата до четири победи.

Ентони Едвардс ја предводеше Минесота со 36 поени и девет скокови, Руди Гоберт додаде 19 поени и 14 скокови, а Карл-Ентони Таунс со заврши натпреварот со 18 поени и 13 скока.

Најефикасен во редовите на Феникс беше Бредли Бил со 28 поени.

Четвртиот натпревар е на програмата в недела вечер во Феникс.

Ниту еден тим во историјата на плејофот во НБА лигата не успеал да надомести негатива од 0-3 во серијата до четири победи.

Феникс имаше ефект од 3-0 во победи против Минесота во регуларниот дел од сезоната со просечна разлика од 15.7 поени.

ССМ ги повикува работниците на протест по повод Меѓународниот ден на трудот 1 Мај

 Сојузот на синдикатите на Македонија организира протест  по повод Меѓународниот ден на трудот 1 мај. 

Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов во отворено писмо до јавноста посочува дека работничкото движење во Македонија е исправено пред сериозен предизвик поради, како што наведува, односот на креаторите на политиките кои покажаа дека водат грижа исклучиво за себе и за своите интереси, а не водат грижа за работниците, работничките права и работничките интереси.

- Денеска, работниците во Македонија се соочуваат со се поголем притисок за нивната егзистенција поради високите трошоци за живот и ниските плати. Синдикатите покажаа дека можат напорно да работат во интерес на нивните членови и во интерес на работниците. Синдикатите покажаа дека секој сам може да постигне резултат, но имаме можност сплотени да покажеме одлучност во работничката борба, онака како што вашите и нашите членови очекуваат и онака како што работниците очекуваат од нас, наведува тој во писмото повикувајќи го членството на протест.

Трендафилов посочува дека на 1 мај работниците имаат можност и шанса да покажат дека се незадоволни и дека сите тие кои претендираат да ја водат државата треба да го слушнат гласот на работниците.

-Имаме можност да го покажеме нашето, работничкото незадоволство и заедно да излеземе на голем работнички протест на 1 Мај, особено поради можноста, пораките, нашите и работничките барања да ги упатиме на неколку денови пред парламентарните избори до сите тие кои претендираат да ја водат Државата. Како Претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија ве замолувам да покажеме одлучност во борбата, борбата која е заедничка, за подобро утре и за подобри работнички права, наведува Трендафилов.

На протестот очекува на ССМ да му се придружат и членови на други синдикати и граѓани.

На Меѓународниот ден на трудот - 1 Мај, протестот ќе започне во 11 часот од пред Работничкиот дом до Собрание - Стопанска комора - Влада.

Хоспитализирани четири лица со голема кашлица, нови 27 случаи

 Нови 27 случаи на голема кашлица се евидентирани од 19 до 25 април, што е намалување од 41,3 проценти, споредено со претходниот седмодневен период.

Од новозаболените, четири лица се хоспитализирани, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Според извештајот, најголем дел од случаите се пријавени во рамките на епидемијата во Скопје - 20, а пријавени се заболени и во Битола - три, Куманово - две лица и по еден случај во Тетово и Демир Хисар.

- Возраста на заболените се движи од еден месец до 54 години, а најголем број случаи се од возрасната група од 10 до 14 години. Во однос на вакциналниот статус на заболените, 15 лица се некомплетно вакцинирани, невакцинирани или имаат непознат вакцинален статус, 11 се комплетно вакцинирани и еден случај е вакциниран согласно возраст, се појаснува во извештајот на ИЈЗ.

Заклучно со 25 април, во државава се регистрирани вкупно 516 случаи на голема кашлица, со инциденца од 28,1/100 000 жители. Тоа претставува неколкукратно зголемување на бројот на заболени во однос на изминатиот петгодишен период - 2019-2023 година, кога се регистрирани вкупно 10 случаи. Најголем број лица живеат во Скопје - 412 или 79,8 отсто, со зафаќање на седумнаесет различни општини. Во рамките на епидемијата во Куманово, пријавени се 29 заболени лица или 5,6 проценти, а случаи се пријавени и во други 16 градови низ државата.

Дистрибуцијата по пол покажува дека 254 лица се од машки, а 262 од женски пол.

- Епидемиската крива укажува дека појавувањето на нови случаи на голема кашлица започнува во првата недела од 2024 година. Согласно податоците од евиденцијата на пријавувањето - за седмодневен период од понеделник-недела, се забележува континуиран пораст на бројот случаи на неделно ниво, до 12-та недела. Од 12-та недела, со мали варијации, бројот на пријавени случаи се намалува, се додава во извештајот на ИЈЗ.

Од заболените, хоспитализирани се 73 лица. Од нив, 59 на возраст до четири години. Најголем број од случаите - 51 или 69,9 проценти, се хоспитализирани во УК за белодробни заболувања кај деца во Козле. Од вкупниот број хоспитализирани лица, 67 се испишани. Во просек, заболените биле хоспитализирани по девет дена, покажуваат податоците на Институтот.

Од 18 јануари до 25 април годинава, дадени се вкупно 42.857 дози вакцина што содржи компонента против голема кашлица.

притисни ентер