Комисија на Клиниката за дигестивна хирургија утре ќе го разгледува случајот со починатата Елена Ѓорѓиевска - Канал 5

Комисија на Клиниката за дигестивна хирургија утре ќе го разгледува случајот со починатата Елена Ѓорѓиевска

Утре на Клиниката за дигестивна хирургија комисија составена од повеќе стручни тела ќе го разгледуват случајот со починатата Елена Ѓорѓиевска, потврди за Канал 5, директорот на клиниката Огнен Костовски. 

Комисија на Клиниката за дигестивна хирургија утре ќе го разгледува случајот со починатата Елена Ѓорѓиевска

37 годишната Ѓорѓиевска починала неколку часа од како била пуштена од дигестивна клиника во нејзиниот дом. Од клиниката за дигестивна хиругија потврдија дека денеска од ДСЗИ ја земале потребната документација за лекувањето на Ѓорѓиевска и чекаат одговор од направената проверка. Од ДСЗИ соопштија дека откако ќе заврши целата процедура ќе излезат со официјално соопштение за целиот случај. Комисија ќе формира и министерот за здравство Алиу, со цел да се провери дали и какви пропусти имало во лекувањето?

Семејството на Ѓорѓиевска за Канал 5 сведочеше дека Елена имала кронова болест. Станува збор за хронична болест на цревата. Таа била пациентка и на клиниката за гастроентерохепатологија и од таму била испратена на клиниката за дигестивна хирургија. Семејството тврди дека целиот процес од самиот почеток бил погрешен.

По првата операција, хирургот заминал на пат во Америка, а одговорноста за третманот понатаму не ја делегирал на друг специјалист, туку на специјализанти. Семејството реагирало дека повеќе од една недела не ја контролирало друг хирург и по нивната реакција до шефот на одделот се направил преглед и морало да се направи и втора операција, каде била направена перфорација на дебелото црево кога нејзината состојба уште повеќе се влошила.

-Вината се гледа во докторската грешка, лошо, целиот случај од самиот почеток до крај. Не е во ред. Колку пациенти беа оперирани од таа болест, заминуваа, сите ги испраќавме, само Елена не,- - Игор Ѓеорѓиевски – сопруг.

-Првата операција е многу погрешна од наш аспект гледано, на семејството, бидејќи она беше се полошо и полошо, секој ден повраќаше, тоне, се губи. Прашувавме колку дена треба да поминат за да стане од операцијата, а тие ни кажуваа дека ќе биде добро. Ќе почне да внесува храна и ќе биде добро. За жал, тие единаесет дена до втората операција немаше подобрување-- Ирена Димовска.

Семејството било изненадено дека на 1 ноември ќе ја пуштат од болница, бидејќи последната вечер во болница имала температура над 39 степени. Ѓорѓиевска на 1 ноември на пладне била пуштена од болница без отпусно писмо но на семејството им било кажано дека таа е во добра здравствена состојба.

Во 20 часот и 30 минути и се слошило и починала дома. Хирургот кој ја оперирал изјави дека нема лекарска грешка, за жал таа починала поради емболија која не можела да се предвиди. Елена беше мајка на две деца.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Битола: Под рефлектори и спортските терени во ОУ „Гоце Делчев“

Осветлени и спортските терени во објектот на училиштето „Гоце Делчев“ познато во јавноста како турското училиште.

Општина Битола: Под рефлектори и спортските терени во ОУ „Гоце Делчев“

Училишниот објект доби два спортски терени, едниот терен за ракомет и мал фудбал, а другиот за кошарка.

Под асфалтна површина се 837 м2, а спортските игралишта имаат тартан подлога.

Терените се опремени со реквизити, урбана опрема, а проектот предвидува и зелени површини, површини под бехатон плочки. Деновиве и рефлекторите ги осветлија терените.

Средствата за изградба на овие терени се од вториот владин повик, преку министерството за образование и наука, а вредноста на договорот е 7.497.068 денари.

Општина Битола

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најчудниот Фиат добива наследник, но овој пат ќе изгледа сосема поинаку

Концептот Фиат Мултиплеј го најавува враќањето на името Мултипла во сосема нова форма.

Најчудниот Фиат добива наследник, но овој пат ќе изгледа сосема поинаку

Фиат подготвува необичен концепт за Саемот за автомобили во Париз – Мултиплеј, модел кој се потпира на наследството на два различни автомобили со името Мултипла, но носи сосема поинаква каросерија.

За разлика од претходните модели, новиот Мултиплеј не е миниван. Фиат го опишува како комбинација од теренец и пикап, со отворен товарен простор и флексибилен ентериер.

Теренец и пикап во едно

Идејата е дека конфигурацијата на возилото може да се промени само со неколку движења, благодарение на посебен механизам.

Така, Мултиплеј би можел да понуди практичност на отворен товарен простор кога е потребно, но и удобност на теренец за секојдневно возење.

Фиат го опишува возилото како „нов концепт за мобилност“, со фокус на пристапност, флексибилност и практичност.

Иако во моментов е концепт, Фиат не го крие фактот дека Мултиплеј би можел да послужи како основа за иден производствен модел.

Компанијата вели дека би можела да создаде нова категорија возила и да ја прошири својата понуда за прифатливи семејни возила.

Доколку производството навистина се одвива, се очекува да се користи платформата Смарт Кар на Стелантис, која поддржува бензински, благ хибрид и целосно електрични погонски склопови.

Враќање на името Мултипла

Првиот Фиат 600 Мултипла беше претставен во средината на 1950-тите. Беше долг околу 3,5 метри, имаше три реда седишта и можеше да смести шест патници.

Името беше повторно користено кон крајот на 1990-тите.

Фиат Мултипла од 1998 година стана познат по својот многу необичен дизајн и двојни фарови, но во исто време нудеше простор за шест патници во два реда седишта.

Должината на овој модел беше компактна 399,4 см.

Новиот Мултиплеј сега можеше да ја комбинира практичноста на тие модели со модерен концепт на теренец/пикап.

Повеќе детали ќе бидат познати по премиерата во Париз.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Кога арамијата најавува поевтинување, цената оди нагоре. Ребаланс - бидејќи нема пари!

Мицкоски вчера рече од следната недела горивата поевтинуваат. Македонија е енергетски стабилна. Европа ги отвора резервите, кај нас нема проблем.

СДСМ: Кога арамијата најавува поевтинување, цената оди нагоре. Ребаланс - бидејќи нема пари!

Во превод од досегашната пракса: кога тој најавува намалување, цената оди нагоре. Така беше со мерките на почетокот на кризата. СДСМ бараше веднаш: целосно укинување на акцизата, намалување на ДДВ на 5%, заштита на основните производи. Тој остави цените да подивеат.

Горивото стигна до плафон, над 100 денари. Со него лебот, млекото, превозот. Потрошувачката кошница со вклучена кирија отиде кон 95.000. Земјоделецот плаќа поскапо гориво, а откупот паѓа.

Цените се покачија затоа што не се реагира навреме. Сега, тоа што на сила ги симнува, пак го плаќаат граѓаните. Разликата се покрива со ново задолжување.

Државата се задолжува. Сметката повторно доаѓа за наплата. Цените нема да паднат затоа што тој ја спуштил цената на горивото. Граѓанинот е во загуба двапати: поскап живот, плус враќање на кредитот со камата.

Така изгледа економската политика на арамијата Мицкоски. Од шупливо во празно. Исто како дипломатијата.

Ребалансот што го најави за овој месец е признание, не победа: буџетот веќе е пократок за 7 до 8 милијарди денари. Па дупката ќе ја крпи со нов план и со нов кредит. Поевтинувањето на бензинот е цената што граѓанинот ја плаќа двапати.

Што вели Европа, не кабинетот на арамијата. Просечниот дизел во ЕУ на крајот на септември е 2,24 евра за литар. Бензинот 2,10. Рекорд од 2005. Од Февруари дизелот во Унијата е зголемен околу 35 до 40 отсто. Експерти на ЕЦБ: маржата на дизелот го достигнува врвот во Октомври.

БНП Париба: во четвртиот квартал дизелот веројатно продолжува да расте. Европа ги отвора резервите затоа што има притисок, не затоа што поевтинува.

Кај нас последната одлука на РКЕ, 28 септември: дизел минус 4,5 денари, на 100 денари. Бензин 95 остана 100 денари, додека бензин 98 отиде на 102 денари. Дел од тоа е поради намалениот ДДВ до 12 Октомври и намалената акциза. Тоа не е тренд на намалување. Туку е даночна крпеница. Ако следната недела падне за еден денар, тоа не е победа. Тоа е една котација. Зимата доаѓа.

Истата логика за струјата. Вели: бара начин цената да не порасне. Исходот го знаеме. Македонија увезува. А увозот го сака истиот круг на луѓе како и за броилата на ЕВН - Адамовиќ, Лазаревиќ, Божиновска. Разликата ја покрива со кредит. Граѓанинот не го гледа веднаш трошокот. Го плаќа со камати.

И броилата. ИНРМ денеска: задолжителната замена кај сите домаќинства е штетна. Трошокот за набавка, монтажа и одржување паѓа на товар на мрежарината или на буџетот. Член 185 од Законот за енергетика веќе дефинира неточно мерење: претпоставена потрошувачка, усогласување на три месеци. Прво закон. Потоа нов трошок. Инженерите не се против нова технологија кај производителите и во заедницата. Тие се против данокот над секое домаќинство.

Арамијата не го интересира дали ќе се вградат по закон. Го интересира дека се купени. Провизијата е земена. Паметни се броилата. За касата на арамијата.

Да ги послушаше мерките на СДСМ на почетокот, основните производи немаше да поскапат вака. Кошницата немаше да порасне вака. Земјоделецот ќе имаше поевтино гориво. Куповната моќ ќе беше поголема.

Но не. Имаше бајка за трета економија во Европа. Сега пак најавува. Народот веќе знае што следи по неговата најава.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер