Комерцијална банка АД Скопје поддржувач на фудбалерите на Македонија

Комерцијална банка АД Скопје во следните три години ке биде силен поддржувач на фудбалската репрезентација на Македонија.

Еден месец пред стартот на првиот историски настап на европско првенство за македонскиот национален тим, договорот за соработка го потпишаа Илија Илоски, главниот оперативен директор на Комерцијална банка и првиот човек на ФФМ Мухамед Сејдини.

Во Салвадор запленети 750 килограми кокаин

Околу 744 килограми кокаин, проценет на над 18 милиони долари, е запленет во Салвадор во операција за разбивање на шверцерска мрежа што работи на плажите во земјата, соопштила канцеларијата на државниот обвинител.

Шверцерите на дрога дејствувале во регионите Ла Паз и Сан Мигел, на истокот на земјата лоцирани помеѓу Хондурас и Гватемала. Во операцијата биле уапсени девет лица, вклучително и државјанин на Гватемала.

Акцијата ја водела полицијата за борба против злоупотребата на дрога врз основа на информации дека се шверцувале големи количини на дрога на плажите во двата региона во Пацификот, соопштила канцеларијата на обвинителот. Дрогата била запленета во објекти на плажа, каде биле пронајдени и неколку пушки и пиштоли, штѕ исто така биле запленети.

Додека шведската репрезентација игра на Европското, Ибрахимовиќ „брои палми“ на Мајорка (ВИДЕО)

Шведска одлично се пробива на Европското без најдобриот стрелец во историјата и има четири бода од првите два натпревари, но нејзините играчи и навивачи би сакале со нов да биде и Златан Ибрахимовиќ.

Сепак, Златан за тоа време ужива во Мајорка. Тој на Инстаграм објави видео на кое тој е гол и без раце вози велосипед на патека покрај морето. Тоа видео доби милион лајкови.

За потсетување, стрелецот на 62 гола за Шведска се врати во репрезентацијата пред три месеци по скоро пет години.

На два квалификациски натпревари за СП, тој постигна два гола и стана најстариот (39) репрезентативец во историјата на неговата земја.

Ќе одеше на Европското првенство доколку не го повредише коленото додека играше за Милан непосредно пред објавувањето на списокот на репрезентативци.

Па така, наместо да оди на ЕП, тој тргна на крстарење по Медитеранот со својата јахта вредна 20 милиони евра.

Ferrari SF90 Stradale како инспирација за патики (ФОТО)

Puma и Ferrari имаат заеднички производ.

Неговото име е ION F, а станува збор за патики инспирирани од автомобил на Ферари. Некои делови од патиката ги имаат истите материјали, додека некои други детали се дизајнерски поврзани со Ферари. Така, задниот рефлектирачки панел TPU е опкружен со СТП пена, и е естетски дизајниран да наликува на предниот спојлер на хиперспортскиот автомобил.

Патиките имаат мрежен материјал во горниот дел и доаѓаат со интегриран плетен чорап. Наместо класичните патенти, инсталиран е магнетски механизам, кој треба да биде поврзан со G силите во Ферари, како што поминува на свиоци со полн гас. Секако, логото на Ферари јасно кажува за што станува збор.

Непотребно е да се каже, црвената боја доминира, но исто така е достапна и во црна боја. Цената е околу 400 фунти.

притисни ентер