Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
1Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
МакедонијаКомандантот на сојузничките сили на НАТО за Европа Гринкевич во посета на МакедонијаСо показни вежби за борбена готовност во касарната „Илинден„ беше пречекан Врховниот командант на сојузничките сили на НАТО во Европа – генералот Алексус Гринкевич, под чија команда се наоѓаат над 80% од македонските сили во НАТО. Освен високата оценка за македонската армија, Гринкевич го истакна и како што рече лидерството на државава меѓу сојузниците во клучните цели на Алијансата, особено во делот на исполнувањето на обврската за издвојување на 5% од БДП-то за одбрана до 2035-та. -Македонија е верен и ценет сојузник на НАТО. Македонија веќе во 2025 година издвои приближно 4 проценти од својот БДП за одбрана или трошоци поврзани со одбраната. Вашата посветеност на воената мобилност на Коридорите 8 и 10 е апсолутно неопходна за алијансата.// Сега не е време за комфорност, сите сојузници мора да сторат повеќе, зголемувањето на инвестициите во одбраната и зголемувањето на производството се клучни за постигнување на нашите договорени цели,- - генерал Алексус Гринкевич, врховен командант на НАТО во Европа. Македонската армија денес е добро опремена и високо обучена според НАТО стандардите, а лесната пешадиска батаљонска група како и борбените елементи за специјални операции веќе се НАТО сертифицирани, изјави генерал мајорот Сашко Лафчиски. -Во изминатиот период се зајакнавме со оклопните возила JLTV и Stryker, артилериските орудија Боран а деновиве пристигна и првата пратка од ПВО системите Мистрал 3. Во наредниот период очекуваме да пристигнат останатите Stryker возила како и друга нова опрема, вклучително и првите хеликоптери. // Активно учествуваме во НАТО активностите за одвраќање и одбрана со преку 180 наши припадници долж Источното крило на Алијансата а истовремено придонесуваме и кон стабилноста на Западен Балкан преку учеството во мисијата КФОР во Косово и мисијата Алтеа во БиХ,- -генерал мајор Сашко Лафчиски, началник на генералштабот на армијата. Гринкевич најави дека доминантна тема на самитот на НАТО во Анкара следната недела, ќе биде напредокот на сојузниците кон остварување на стратешкиот концепт за рестартирање на Алијансата, според кој се бара од европските сојузници да преземат поголема одговорност за сопствената одбрана и безбедност. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСобранието има проблем со Бадинтеровото мнозинство,потврди собранискиот спикер ГашиСобранието има проблем со Бадинтеровото мнозинство, потврди собранискиот спикер Африм Гаши, откако десетина закони останаа заглавни поради не можноста да се обезбеди двојното мнозинство.. Гаши уверува дека се бара начин за надминување на разликите преку дијалог, но конкретно решение нема на повидок. Во моментов поради немање Бадентер тој не ги става на гласање законите за правична застапеност, за високо образование, за локална самоуправа, иако одмана ја имаат поминато целата собраниска процедура, а нов тест се очекува да биде и законот за висока раководна служба. -Јасно е дека во Собрание имаме проблем околу гласањето на закони за кои е потребно двојно мнозинство т.н Бадентерово, но за се во демкоратијата треба разговор, дијалог и треба да има решение. Јас лично заедно со сите пратеници разговараме, бараме начин како да ги надминеме овие разлики. Се надевам дека во блиска иднина ќе најдеме решение и ќе се договориме, ако треба закон по закон или концептуално. Како и да е, важно е Собранието да профункционира, изјави Гаши. Гаши пред медиумите го бранеше ставот со кој се произнесе за осудителната пресудата на Хашкиот суд за четворицата водачи на ОВК, откако минатата недела напиша дека за албанскиот народ овие лица се и остануваат ослободители на Косово. Неговата изјава како претседател на македонското Собрание предизвика многу реакции и дома, а беше прозван и од српскиот претседател Вучиќ, но тој изјави дека ставот бил личен и смета дека има право на тоа. -Личноста Африм Гаши не може да биде 24 часа и од политички аспект само претседател на Собранието. И затоа свесен дека не го кажувам тоа од позиција на претседател на Собрание, тоа беше мој личен став од моето политичко минато и затоа беше јасно дека и затоа беше јасно дека никаде не се повикав на Собранието или на институцијата. Затоа би сакал и вие и граѓаните да ме разберат дека тоа е мој личен став и не треба да се меша со функцијата која ја извршувам, изјави Гаши. Гаши информираше дека и на денешната координација со пратеничките групи била отворена темата за Изборниот законик, но засега партиите остануваат без консензус за ова прашање. Гаши од партиите се уште ги чека и предлозите за формирање на анкетната комисија што треба да ги истражи трагедиите Пулс, Модуларна, Ласкарци и Беса транс, а во меѓуврем очекува да се усвојат заклучоците за Кочани на постојаната анектна комисија за човеквои права која заседава уште лани во декември.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСедум години по трагедијата кај Ласкарци каде загинаа 16 патници во автобусот на Дурмо ТурсСедум години по трагедијата кај Ласкарци каде загинаа 16 патници во автобусот на Дурмо Турс, семејствата на загинатите и повредените сè уште чекаат конечна судска разрешница. По одлуката на Врховниот суд со која е укината пресудата за обвинетите и предметот е вратен на повторно одлучување пред Апелациониот суд, семејствата излегоа со писмо до јавноста. Велат дека одлуката ја примиле со неверување и чувство на неправда и дека дополнително ја нарушува довербата во правосудниот систем. -Сметаме дека ваквата одлука дополнително ја поткопува и онака сериозно нарушената доверба на граѓаните во правосудниот систем. Ова не претставува само неуспех на правосудниот систем, туку и сериозен удар врз целото општество,- - Писмо од семејствата на загинатите кај Ласкарци. Семејствата потсетуваат дека во меѓувреме дел од родителите кои ги загубиле своите деца не ја дочекале конечната судска разрешница. Тие бараат новата постапка да се води без понатамошно одолговлекување и одлуката да биде заснована на фактите и доказите изнесени во текот на судскиот процес. -Она што го бараме е правда заснована на фактите и доказите изнесени во текот на судскиот процес, кои недвосмислено укажаа на причините што доведоа до трагедијата и врз основа на кои беше утврдена одговорноста во првостепената постапка, а потоа и во второстепената, без понатамошно одолговлекување и без никакви компромиси во утврдувањето на одговорноста за изгубените човечки животи,- - Писмо од семејствата на загинатите кај Ласкарци. На 9 септември Врховниот суд ја укина пресудата на Апелација и предметот го врати на повторно одлучување. Во образложението подоцна наведе дека второстепениот суд не дал конкретни одговори на клучните жалбени наводи, ниту доволно објаснил како дејствијата на секој од осудените придонеле за трагедијата. Посочени се и прашањата околу техничката исправност на автобусот и вештачењата за причините за несреќата, како и тоа дека не било спроведено супервештачење за здравствената состојба на возачот. Сега Апелациониот суд повторно треба да ги разгледа жалбите и да донесе нова одлука. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, бензините поевтинуваатМалопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,50 ден/лит.Имајќи ги предвид влијанијата на погоре наведените елементи во формирањето на цените на нафтените деривати согласно Методологијата, утврдени се следните малопродажни цени на нафтените деривати: Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 14.09.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 99,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 101,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 5,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 14.09.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 104,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 7,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 14.09.2026 година 5 Изготвил: Јулијана Димоска-Исајловска и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 102,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 1,835 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 14.09.2026 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 50,078 ден/кг. РКЕТагови: РКЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook