Хоџа на Министерска конференција на Процесот за соработка во ЈИЕ - Заеднички пристап кон климатските предизвици
1Хоџа на Министерска конференција на Процесот за соработка во ЈИЕ - Заеднички пристап кон климатските предизвици
СветКолумбиската армија елиминира девет бунтовници во близина на границата со ВенецуелаНајмалку девет бунтовници се убиени во воздушната операција на колумбиската армија извршена во близина на границата со Венецуела.Нападот врз североисточниот департмент Арука уследи откако пред неколку дена армијата елиминира 19 бунтовници во југоисточниот дел на Колумбија. Претседателот на Колумбија, Густаво Петро изминатиот период ги интензивираше нападите врз вооружените групи, вмешани во трговијата со кокаин. Двете бунтовнички групи, предводени се од Иван Мордиско – псевдоним на најбараниот криминалец во земјата, се цел на колумбиската армија. Мордиско е поранешен припадник на Револуционерни вооружени сили на Колумбија (ФАРК), кој во 2016 година го отфрли мировниот договор со Богота и одби да се разоружа. САД неодамна воведоа санкции против Петро и неговите соработници и ја и го одзедоа статусот на Колумбија – сојузник во борбата против трговијата со дрога, истакнувајќи оти левичарската Влада не прави доволно за да го ограничи производството на кокаин. Петро тврди дека безбедносните сили ги користат сите можни средства за борба против вооружените групи. Тагови: Венецуела Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваСпортски игри за младите, „Ден на спортот“ денеска во БитолаВо спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола денеска се одржа манифестацијата „Ден на спортот“, која се реализира во рамките на програмата „Спортски игри за младите“Во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола денеска се одржа манифестацијата „Ден на спортот“, која се реализира во рамките на програмата „Спортски игри за младите“ – најголемата аматерска спортска манифестација за деца и млади во Европа со повеќе од 29 години традиција. Настанот е наменет за ученици од основните училишта и има за цел да ги промовира масовното и бесплатното учество во спортот, инклузивноста, родовата еднаквост, здравите животни навики и фер-плејот. Во текот на денот учениците се натпреваруваа во „народна“, атлетика – трчање на 60 метри, како и во повеќе други спортски дисциплини. Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, во своето обраќање истакна дека локалната самоуправа останува посветен поддржувач на младите, спортот и физичката активност. „Општина Битола е една од општините која најмногу вложува во спортската училишна инфраструктура. Речиси и да нема училиште во кое не се реконструираат или изградени нови спортски терени, а во дел од училиштата се градат и современи типски спортски сали. Во завршна фаза е и изградбата на затворениот пливачки базен во ОУ „Даме Груев“, а континуирано инвестираме и во спортска опрема за наставата по физичко и здравствено образование“, рече Коњановски. Тој нагласи дека ваквите манифестации имаат големо значење за поттикнување на младите кон активен и здрав начин на живот. „Спортските игри за младите“ според бројот на учесници претставуваат најголем аматерски спортски настан во Европа и се реализираат под покровителство на Меѓународниот олимписки комитет, Европската комисија, УЕФА и ФИДЕ. Во рамките на програмата се одржува и „Кока-Кола Куп“, најголемиот малоклупски фудбалски турнир во Европа, кој годинава се организира по дванаесетти пат. На настанот присуствуваа и претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски, како и секретарот на Општина Битола, Борче Димитровски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаХоџа на Министерска конференција на Процесот за соработка во ЈИЕ - Заеднички пристап кон климатските предизвициМинистерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денес присуствуваше на Министерската конференција во рамки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (SEECP), што се одржа во Софија, Република Бугарија.Конференцијата беше посветена на зајакнување на регионалната соработка во областа на климатските политики, заштитата на животната средина и одржливиот развој. На настанот учествуваа високи претставници од земјите од регионот, како и Џесика Росвал, еврокомесарка за животна средина, отпорност на водните ресурси и конкурентна циркуларна економија. Во рамки на конференцијата беа разменети ставови за унапредување на регионалната соработка, спроведување на зелената агенда и забрзување на процесите на усогласување со европските стандарди во областа на животната средина и климатските политики.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица10:2730 дена притвор за четворицата обвинети за тендерот во Царина, меѓу кои Стефан Богоев22:53Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22Екс директорот на Царина, Стефан Богоев во Кривичен суд поради злоупотреби на јавни набавки 18:20Побаран притвор за четворицата приведени за злоупoтреба на тендери во Царина15:00
Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22
МакедонијаКанал 5 дојде до Компромисните амандмани на Европскиот парламент за Извештајот за МакедонијаКанал 5 екслузивно дојде до Компромисни амандмани на Европскиот парламент за Извештајот за Македонија.Спроведување на Договорот со Бугарија, продолжување на работата на Историската комисија и потврда дека уставните измени остануваат главниот услов за отворање на првиот преговарачки кластер – ова се дел од најчувствителните пораки во компромисните амандмани на Европскиот парламент за извештајот за Македонија до кои дојде Канал 5. . Значајно е тоа што меѓу нив никаде директно не се споменува амандманот на известувачот за земјава Томас Вајц кој побара разјаснување дали вториот билатерален протокол меѓу Македонија и Бугарија е дел од условите за отворање на првиот преговарачки кластер. Наместо, тоа, документот се повикува на Договорот со Бугарија и обврските кои произлегуваат од преговарачката рамка на земјава. Во амандманите се наведува и дека постојат различни толкувања за историските карактеристики на македонското општество, но содржана е и формулација според која јазичниот, културниот и националниот идентитет не треба да влијаат врз пристапниот процес. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook