ЖивотКолку всушност заработуваат инфлуенсерите?Ерика Кулберг заработува преку социјалните мрежи и „YouTube“, а сега открива колку всушност можете да се збогатите од рекламирањето и снимањето на креативни содржини.Секој што поминува време на „TikTok“ сигурно слушнал за Ерика. Таа е адвокатка која преку оваа мрежа ги чита најситните ставки од договорот што секој од нас ги прескокнува кога е во прашање оваа важна документација. Оваа корисничка на „Тикток“, всушност го решава проблемот што се јавува поради набрзина потпишани договори кои подоцна нè водат до бројни тешкотии. На Тикток, Ерика ја следат 9 милиони „следачи“, а нејзините видеа бележат околу 450 милиони прегледи. Ова се навистина импресивни бројки, особено ако се земе предвид дека таа го постигна овој успех за само една година. Како што објаснува таа, за тоа заработила 3.250 долари од Tикток. На дневна основа заработувала по неколку долари, во просек од 3 до 25. Кога станува збор за Фејсбук, Ерика добро заработува и од таа социјална мрежа. Имено, таа на оваа платформа има околу 3,3 милиони „следачи“. По тримесечно објавување на содржини, таа заработила околу 3.100 долари. @erikakullberg How much every platform pays me 🤫 @Creators Agency ♬ original sound - Money Lawyer Erika Меѓутоа, ситуацијата е сосема поинаква со Инстаграм. За разлика од Tикток и Фејсбук, каде што заработува само врз основа на популарноста на видеата што ги објавува, Инстаграм не наплаќа така. Ерика не заработила ништо од таа платформа иако има милиони следачи и голем број прегледи на нејзините видеа. Од друга страна, Ерика најмногу заработила од YouTube. Таа има околу 750.000 претплатници на таа платформа. Сепак, бројката што ја заработила е неспоредливо поголема во споредба со другите мрежи бидејќи изнесува 200.000 долари за две години. - „YouTube“ плаќа различно во зависност од тоа дали видеото е кратко или долго. За видео кое трае околу десет минути, „Јутуб“ плаќа и до 35.000 долари - објаснува Ерика, додавајќи дека таквите плаќања важеле во периодот пред оданочувањето. изворКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГерасимовски: Редовна есенска дератизација во Центар, опфатени 2.000 шахтиОпштина Центар спроведува редовна есенска дератизација на целата територија на локалната самоуправа, со која се опфатени околу 2 000 шахти.Дератизацијата се спроведува со цел сузбивање на штетните глодари и спречување на ширење заразни болести, како дел од континуираните мерки за заштита на здравјето на граѓаните. „Ова е редовна дератизација што ја спроведуваме на целото подрачје на општината. Пред неколку недели реализиравме и вонредна дератизација за сузбивање на глодарите и спречување на потенцијални извори на зарази“, истакна градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. Препаратот што се користи е сертифициран и одобрен од Министерството за здравство, а наменет е за контрола на штетниците, без да претставува ризик за другите животински видови. Системската дератизацијата е дел од редовнитепревентивни активности за одржување на хигиената и заштита на јавното здравје.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница08:33ДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28
МакедонијаСпасено мече фатено во стапица на планината ЈакупицаНа планината Јакупица во велешко спасено е мече фатено во нелегално поставена стапица. Животното го пронашле ловџии од Ловечкото друштво „Руен“ од Велес. Тие слушнале силно рикање и го забележале мечето заробено во сајла. Во близина била и неговата мајка, која го набљудувала настанот. Во акцијата учествувале инспектори, ловџии, еколози, полицајци и ветеринар. Мечето било пронајдено на локалитетот Чеплес, во близина на рибник Нежилово. Ветеринар од Скопската зоолошка градина го успал животното за да го прегледа.Стапицата била отстранета, а мечето немало видливи повреди.станува збор за мажјак стар околу три години и тежок 70 килограми.По прегледот, мечето било пуштено назад во природата.за случајот бил известен јавен обвинител од велес.Полицијата ја запленила стапицата за вештачење и поведување кривична постапка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеЗаболените од ретки болести, бараат стратегијата за лечење на пациентите Потребен е систем за лечење на заболените од ретки болести,тие бараат средба со министерот за здравство за да разговараат за стратегијата за лечење на пациентите за наредните две години.Потребен е систем за лечење на заболените од ретки болести,тие бараат средба со министерот за здравство за да разговараат за стратегијата за лечење на пациентите за наредните две години ова беше истакнато на прес-конференција и едукативен симпозиум „Мисли на ретки: препознај и упати“ на здружението на граѓани за ретки болести „живот со предизвици“ Битола, националната алијанса за ретки болести на македонија и здружението на лекари по општа,семејна медицина. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница08:33ДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28