И покрај тоа што полициските акции се успешни, многу често криминалците брзо се враќаат на слобода и ги повторуваат делата. Дека не секогаш судиите и обвинителите се на висина на задачата смета и министерот за внатрешни Оливер Спасовски.
“Јас укажав и сега подобрување на правниот амбиент во државата иможнота да имаме правда за сите во државата, треба да се поведат и одредени истраги и против судии и обвинители, и припадници на МВР ако сакаме да имаме подобрување во оваа сфера. Затоа што е неприфатилво МВР да води случаи , да покренува истраги, апсење и после неколку часа истите тие луѓе да бидат пуштени од судот.”, истакна Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи.
Од МВР повторија дека се подготвуваат за т.н. процес за ветинг, односно за ослбодување од кадрите кои имаат врски со криминалното подземје и бизнисите.
На кој начин ќе се спроведе овој процес се уште не е дефинирано, но Спасовски најавува и промени внатре во Министерството за внатрешни.
Во врска со најавите од Заев за владина реконструкција, Спасовски рече дека го поддржува премиерот во целата постапка,
“Сметам дека треба да има и реконструкција и треба да има смена на кадри врз основа на критериуми кои што ќе бидат утврдени врз основа на ангажбаните и работата и сакам да ве информирам дека воошто со тоа не сум засегнат, доколку се донесе таква одлука мојата судбина не може да биде поважна од судбината на сите луѓе во државата и така треба асе однесуваат секој од функционерите“, порача Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи .
Спасовски е уверен дека нема никаква правна пречка потерницата за Никола Груевски да биде објавена во Интерпол, и очекува дека врвот на меѓународната полиција ќе донесе таква одлука.