РецептиТрик за чистење јагоди - Нема да верувате колку всушност е едноставно! (видео)На многумина јагодите им се омилено овошје. Покрај тоа што мамат со својот изглед и вкус,тие се исклучително здрави и го зајакнуваат нашиот имунитет. Ова овошје е богато со различни хранливи материи и честопати е омилено задоволство ширум светот.Деновиве, пазарите се преплавени со ова овошје кое муштериите го купуваат иако неговата цена е висока на почетокот на сезоната. Меѓутоа, кога станува збор за чистењето јагоди, повеќето домаќинки отворено кажуваат дека за вадење на петелката им е потребно време и некогаш се доста неспретни во тоа. Затоа некои од нив се обиделе да експериментираат и да најдат полесен начин да ги исчистат. Една корисничка на Инстаграм споделила генијална идеја од нејзината баба, која со години го користи овој начин за да се ослободи од петелките на јаготките. Наместо да ги исече со нож или да ги извади со раце, таа користи цврста пластична цевка за да ги отстрани во еден потег. Трикот е многу едноставен, а видеото привлече големо внимание кај корисниците на Инстаграм. Оваа „инфлуенсерка“ признала дека ова е најефективниот метод за чистење на јагодите, а луѓето во коментарите признале дека им биле потребни децении за да научат овој генијален трик. Некои корисници на мрежата признале дека на овој начин се губи најдобриот дел од ова овошје, признавајќи дека јагодите се многу вкусни кога се јадат до самиот врв, односно до петелката. Некои домаќинки во коментарите признале дека долго време го користат овој трик и дека им олеснува и при други задачи во кујната, при тоа порачале дека треба да се експериментира и да се користи она што го имаме на располагање во кујната. View this post on Instagram A post shared by Amin Shaykho • أمين (@aminshaykho) Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНов обид за набавка на 150 електрични автобуси - четири компании во трка за големиот тендерЧетири компании доставиле понуди на повторениот тендер за набавка на 150 електрични автобуси и 75 станици за полнење, наменети за јавниот превоз во Скопје и во другите градови низ државата. Министерот за транспорт Александар Николоски најави дека во понеделник јавноста ќе биде информирана за резултатите од евалу-ацијата.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаШпанија прими над милион барања за легализација на статусот на мигрантитеШпанија прими повеќе од еден милион барања во рамки на вонредната програма за легализација на статусот на мигрантите, што е двојно повеќе од првичните проценки на владата.Властите имаат рок од три месеци да ги разгледаат барањата и да одлучат дали ќе издадат дозволи за престој и работа.. Премиерот Педро Санчез изјави дека мерката е неопходна за шпанската економија и за интеграција на стотици илјади луѓе кои живеат во земјата.. Владата најави и интеграциски план вреден 500 милиони евра, кој ќе опфати стручно оспособување, учење јазици и зајакнување на јавните услуги.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕкономијаСедница на социјално - економскиот советЗаконот за високо образование, годишната програма за работа на ЕСС биле главните точки на кој се разговарало на денешната седница на економско совијалниот совет...Во рамки на програмата предвидено е до крајот на годината да се разговара и за минималната плата, но и за владината потрошувачка кошничка, најави министерот за економија и труд Бесар Дурмиши... Иако на седницата не станало збор за цените на храната, Дурмиши во изјава за медиумите рече дека двете детални анализи кои ги направил дражвниот пазарен инспекторат покажале дека состојбата со цените на хранта во моментов е стабилна, но пазарен, вели, останува на терен и доколку во иднина има неосновано поскапување како влада ќе превземат соодветни мерки. По седницата изјава за медиумите дадоа и од Сојузот на синдикати, од каде уште еднаш повторија дека мора да има раст на платите бидејќи секојдневно велат растат и трошоците за живот, податок што го потврдува според нив и пресметката на минимална синдикална кошничка. Од ресорното министерство очекуваат до крајот на годината да биде целосно усогласена владината потрошувачка кошничка, која според нив ќе користи при креирање на идните економски политики... Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter