АвтомобилизамКолку чини најевтината Лада?АвтоВАЗ го претстави во Русија моделот Лада Гранта со новосновен мото род 90 коњски сили.Лада Гранта е еден од најевтините модели во Европа, а купувачите на домашнито, руски пазар, ќе имаат привилегија да го набават овој автомобил по супер поволна цена. Имено, верзијата со новиот основен бензински мотор во Русија чини 519.900 рубљи, што е нешто помалку од 5.800 евра, пишува „Autostat.ru“. Станува збор за унапреден 1.6 литарски бензинец со сила од 90 коњски сили. Од компанијата АвтоВАЗ велат дека официјално е подобрен овој агрегат и дека дури 48 делови се променети во однос на претходната верзија. Според фабричките податоци, новиот мотор троши во просек 7,5 литри бензин на 100 километри. Инаку, во првите четири месеци од 2021 во Русија се продадени 44.246 примероци од моделот Лада Гранта, што е 35% повеќе отколку во истиот период минатата година со што Гранта ја задржува титулата за најпобаруван модел во таа земја.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Други спортовиМакедонија со седум медали од првата меѓународна завршница на Плазма Спортските игри за младиМакедонија во својата прва сезона на меѓународната завршница на Плазма Спортските игри за млади, која се одржува во Сплит, освои седум медали – три сребрени и четири бронзени.Нашата земја оваа година за првпат се приклучи кон големото семејство на Плазма Спортските игри за млади, заедно со Хрватска, Србија, Словенија и Босна и Херцеговина. Оваа година СИМ одбележува голем јубилеј – 30 години од своето постоење, а Сплит деновиве е во знакот на спортот, дружењето и фер-плејот. На големиот спортски настан пристигнаа и бројни познати спортски имиња и легенди од фудбалот, кошарката, тенисот, ракометот и останатите спортови. Плазма Спортските игри за млади, покрај тоа што обезбедуваат бесплатен спорт за секое дете, ги промовираат вистинските спортски и животни вредности. Најмладите преку спортот учат да го почитуваат противникот, да се борат до последниот момент, но и достоинствено да победуваат и губат. Во центарот на сите натпревари е фер-плејот. Првиот медал за Македонија во Сплит го освои Наум Насковски од Куманово, кој се закити со бронзен медал во трката на 60 метри во категоријата 2015 година. Во силна конкуренција, младиот македонски атлетичар стигна до одличен резултат и уште еднаш покажа дека Македонија има голем спортски потенцијал. Медал освои и екипата на „Ролинг“ од Струмица, која го освои третото место во баскет 3х3. Струмичани покажаа одлични кошаркарски вештини и со своите настапи потврдија дека се одлични „баскетџии“. На теренот беше исклучително возбудливо, а младите кошаркари покажаа и атрактивни потези кои потсетуваа на најдобрите баскет сцени. И во оваа дисциплина, во преден план беше спортскиот дух и фер-плејот. Уште пред заминувањето за Сплит беше јасно дека Македонија има сериозни адути во шахот, а тоа се потврди и на меѓународната завршница. Во женска конкуренција, Илијана Велева од Свети Николе освои сребрен медал, додека во машка конкуренција Давид Атанасовски од Гази Баба исто така се закити со сребро. Секој потег беше внимателно осмислен, секоја партија носеше нова неизвесност, а секоја победа беше заслужена со знаење, смиреност и спортски дух. Младите натпреварувачи уште еднаш докажаа дека шахот создава шампиони не само на таблата, туку и во животот. Македонските „симовци“ продолжија со одличните настапи и во пинг-понг. Јован Пармачки од Берово го освои второто место во машка конкуренција и заслужено се закити со сребрен медал. Бронзени медали освоија Мартин Ристевски од Прилеп, кој заврши на третото место во машка конкуренција, и Бојана Јовевска од Пехчево, која го освои третото место во женска конкуренција. Вредно е да се напомене дека Томи Јакимовски доби признание за фер-плеј на тенискиот турнир. Со седум освоени медали (три сребрени и четири бронзени), Македонија ја завршува својата прва меѓународна сезона на Плазма Спортските игри за млади со одличен резултат и уште една потврда дека младите македонски спортисти имаат што да покажат на меѓународната сцена. Големото финале на Плазма Спортските игри за млади е предвидено за вечерва во Сплит, а се очекува на теренот да се појават и бројните најавени спортски ѕвезди и гости, со што ќе биде ставена завршната точка на големиот спортски спектакл.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАктивни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
МакедонијаЈанчев: Започна реализацијата на проектот за уредување на кејот на Овчка Река во с. МаренаДеновиве започнаа активностите за чистење и подготовка на теренот, како прв чекор кон отпочнување на градежните активности за новиот и модерен кеј.Со инвестиција од 300.000 евра, донација од фамилијата Камчеви преку Фондацијата Илија Камчев, с. Марена ќе добие уреден простор покрај Овчка Река, кој ќе придонесе за подобар изглед и поквалитетни услови за живот на жителите. - Продолжуваме чекор по чекор кон реализација на проектот кој ќе остави траен белег за сегашните и идните генерации. Марена добива ново и современо лице!- стои во објавата на градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканВирусот Западен Нил се шири во Грција, 13 мртвиБројот на луѓе заразени со вирусот Западен Нил нагло расте во Грција.Од почетокот на годината се регистрирани 157 случаи, а 13 лица починале, објавија грчките здравствени власти. Според податоците од грчкиот Институт за јавно здравје „EODY“, бројот на случаи е речиси четирикратно зголемен за само неколку недели. На крајот на јули беа пријавени 42 случаи. Повеќето од случаите се откриени во пошироката област на Атина. Некои пациенти развиле тешки форми на болеста кои влијаат на централниот нервен систем, вклучувајќи енцефалитис, менингитис и други невролошки компликации. Комарците го пренесуваат вирусот Вирусот Западен Нил се пренесува преку комарци. Повеќето заразени лица немаат никакви симптоми или развиваат само благи симптоми, додека тешките форми на болеста најчесто се јавуваат кај постари лица и лица со претходно постоечки болести. Други делови од јужна Европа, исто така, пријавуваат зголемување на бројот на инфекции, поради што Светската здравствена организација повика на зголемена претпазливост. Фото: ВИТагови: грција Западен Нил Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter