Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја
1Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја
МакедонијаКолемишевски: Македонската економија е на прав патОгледало на една економија, а и вистинско вреднување на резултатите на компаниите, претставуваат берзите за тргување со хартии од вредност, рече на прес конференција, Кирил Колемишевски, претседател на Комисија за економија на СДСМ.Доколку ги погледнеме транспарентноста во работењето на компаниите, условите во кои ги извршуваат своите деловни активности и нивните резултати прикажани на македонската берза, можеме со сигурност да утврдиме дека македонската економија е на прав пат. Фармацевтскиот сектор во 2018 година имал раст на приходи од 8% во споредба со 2017 година, а над 15% раст во 2019 година. Енергетскиот сектор пак во 2018 година имал раст на приходи од 16%, додека во 2019 приходите во овој сектор бележат раст од 4%. Раст на приходите имаат и градежните компании, телекомуникацискиот и банкарскиот сектор, а особен раст бележат извозните компании кои котираат на македонската берза. Овие резултати ги увидоа и ги препознаа инвеститорите на македонската берза, за што сме сведоци во изминативе месеци. Прометот на берзата е зголемен, акциите на котираните компании растат, а инвестициската клима се подобрува. Веќе очигледното пристапување на државата кон НАТО, стабилноста на македонската економија, политиките и посветеноста на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија за подобрување на условите за работа на македонските компании ги даваат своите резултати кои можеме да ги видиме преку растот на берзанскиот индекс МБИ 10 . Во 2011 година берзанскиот индекс има пад од 13%. Во 2012 година берзанскиот индекс има пад од 12% Во 2013 година берзанскиот индекс останува на истата вредност од 2012 година. Во 2014 година бележи раст од само 6%. Во 2015 година индексот паѓа за 0,5% Во 2016 година, кога е веќе извесно дека ќе има промена на власта во државата, индексот расте за 16%. Во 2017 година индексот веќе има сериозен раст од 19%, додека во наредната 2018 има раст од 36% и изминатата година од цели 33%. Доколку направиме калкулација за движењето на берзанскиот индекс за периодот од 2011 до 2016 година кога ВМРО ДПМНЕ беше на власт, истиот бележи пад од цели 19%, што укажува дека довербата на инвеститорите во македонската економија била крајно негативна. Откако Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ја стабилизираше државата и сериозно се посвети на македонската економија, довербата на инвеститорите во македонската берза се врати и истото се потврдува со вкупен раст на берзанскиот индекс МБИ 10 од 104% за периодот од 2016 до 2020 година. Да го претвориме ова во бројки. Доколку сте инвестирале 10.000 евра на македонската берза во 2011 година. Во 2016 година вашата загуба би била 1.900 евра, а доколку во 2016 година сте инвестирале 10.000 евра, на крајот од 2019 година вашата добивка би изнесувала 10.400 евра. Ова се факти, ова се бројки, ова е потврда за стабилноста на македонската економија и за довербата на инвеститорите кои ја имаат и го враќаат својот капитал на македонската берза. По победата на 12 април, ќе продолжиме со економските политики кои носат стабилност, сигурност, доверба и кои ќе бидат темели за понатамошен интензивен раст на македонската економија, рече Колемишевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДекларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50Мицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргумент20:01Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37Средба на претседателот Гаши со хрватскиот премиер Пленковиќ10:12
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37
МакедонијаДекларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волјаПо вчерашниот Самит ЕУ-Западен Балкан, регионалните лидери како и претставниците на ЕУ, со исклучок на Србија, усвоија заедничка декларација. Во неа, меѓудругото се наведува дека Преспанскиот договор со Грција како и договорот за за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија мора да се спроведуваат со добра волја. Сè уште се потребни одлучни понатамошни напори за поттикнување на помирувањето и регионалната стабилност, како и за наоѓање и спроведување дефинитивни, инклузивни и обврзувачки решенија за регионалните и билатералните спорови и прашања на партнерите, се вели во декларацијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоОблачно со повремени врнежи од дождОблачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во западните делови (локално над 30 l/m² за 24 часа).МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С) -1 Попова Шапка, 0 Крива Паланка, 1 Прилеп, Берово, Крушево, 2 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Битола, Тетово, Лазарополе, 3 Штип, Велес, Виница, 4 Кавадарци, Охрид, Претор, 7 Демир Капија, Гевгелија. КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 07 часот во (l/m2) 3 Кавадарци, 1 Пожаране, Лазарополе, Попова Шапка. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА Облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во западните делови (локално над 30 l/m² за 24 часа). Ќе дува умерен, наместа повремено засилен до силен ветер од јужен правец (над 60 km/h). Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12 степени. Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд, Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ХороскопДневен хороскоп за 26. ноември 2026 година Дневен хороскоп за четврток, 26. номеври 2026 година. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе ве заинтригира едбна секојдневна ситуација, зашто во неа ќе видите голем љубовен потенцијал. Кариера Подготвени сте за промени за разлика од вашите колеги. За нив тоа ќе биде нестварно , па ќе мора да ги убедувате. Здравје и совет Постои можност за настинка. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Би можеле едноставно премногу да се трудите околу личноста која ја сакате, а сето тоа би можело да биде закочено и неприродно. Опуштете се. Кариера Ќе биде затегнато на работното место , зашто ќе треба да решите еден проблем што доволно долго ве мачи. Здравје и совет Изразете го својот став и борете се. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Уште сте подготвени за многу нова љубов , а не авантури , а во тоа денеска ќе ви помагаат пријателите. Оние во врска се одлично. Кариера Нема друго , туку да ги засукате ракавите и да се фатите за работа. Не сметајте на попусти , туку напротив , ќе се очекува многу од вас. Здравје и совет Одморете се во слободното време. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Некои ќе ја стават саканата личност на врвот на своите вредности , но при тоа нема да ја запостават ниту кариерата. Ќе успеете сето тоа среќно да го споите. Кариера Денеска ќе бидете посветени на своите надредени , кои ќе покажат дека некои работи ги прават полошо од вас . Помогнете им. Здравје и совет Преоден стрес. Овен 21.3-20.4. Љубов Ако сте во отуѓена или во воинствена фаза со другата страна , денеска кон сите работи ќе им приоѓате лежерно , а ќе постои и одредена блискост. Кариера Се чини како другите денеска да водат главен збор , па на вас останува мудро да се прилагодите . Бидете трпеливи. Здравје и совет Радувајте му се на секој убав момент. Бик 21.4- 20.5. Љубов Веројатно со интензивни забави ќе се обидете да ги оттргнете грижите што ве задушуваат. Можно е излегување и луд провод без емотивно исполнување. Кариера Сега ви е веќе сосема јасно дека не го држите конците во своите раце, но тоа не ве загрижува толку колку прашањето до кога ова ќе трае. Здравје и совет Бидете умерени. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Самите на себе се чудите како ви оди добро, па си дозволувате и по некој непромислен потег. Бидете благодарни за она што го имате. Кариера Кога не би имало барања и деловни планови , секој би работел што сака , но резултатите би биле лоши. Треба повеќе да соработувате. Здравје и совет Прошетајте се на воздух. Рак 22.6-22.7. Љубов Не е потребно да ви се даваат дополнителни информации , бидејќи самите разбирате во која насока треба да делувате за да се подобри односот. Следете ја интуицијата. Кариера Можно е надредениот да ви се довери и да го покаже неговото ранливо лице. Вие сте како карпа на која сите може да се потпрат. Здравје и совет Издржете. Лав 23.7-22.8. Љубов Веројатно денеска ќе бидете сентиментална душа , подложна на чувствителност и ранливост. Кариера Во своите деловни комуникации ќе покажете ретко видена сериозност. Некои од соработниците дури и ќе се плашат од вас. Здравје и совет Преодна психичка нестабилност. Девица 23.8.-23.9. Љубов Денеска би можеле со непромислени постапки да ја изненадите , па дури и да ја повредите другата страна, па внимавајте како се однесувате. Кариера Се отвораат нови можности за соработка , но само ако постапувате професионално и одмерено. Здравје и совет Душевен немир што набргу ќе помине. Вага 24.9.-23.10 Љубов Вашето главно двоумење денеска ќе биде дали да играте со отворени или со затворени карти. Во секој случај , ќе бидете доследни. Кариера Финансиските прашања ќе ви одземат голем дел од работното време. Ќе комбинирате она што никој до сега не успеал да го направи и тоа успешно. Здравје и совет Внимавајте да не се сплеткате. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Нема да се збуните , доколку другата страна малку ве испровоцира. Напротив, тоа ќе го искористите за уште повеќе да ја зацврстите врската. Кариера Една тајна има голема тежина , а вие ќе ја чувате знаејќи колку вреди. Денеска во себе ќе размислувате за тоа. Здравје и совет Чувствителност на бубрезите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДекларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50Мицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргумент20:01Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37Средба на претседателот Гаши со хрватскиот премиер Пленковиќ10:12
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37