3ВМРО-ДПМНЕ: Филипче со потсмев ја поздрави одлуката на Абази со која беше ослободен од одговорност за трагедијата со модуларната болница
ЖивотКоктел Мастер стигна во Скопје! Погледнете ја епизодата од шоу на Канал 5 YouTube Петтата епизода на „Коктел Мастер – Бадел Мастерклас“ започнува и нè води во Скопје, нашиот град – погледнете што сè правеа натпреварувачите токму во престолнината на Македонија!Убавата Македонија е последната станица на нашето патување пред враќањето во Загреб. Толку многу историја, култура и гордост – Скопје е идеално место. Сите што бараат незаборавна забава со одлична храна и светски угостителски дух, ќе ја најдат токму тука. Но, ние овде најдовме нешто повеќе од тоа. Можеби токму во Скопје се крие новата ѕвезда во светот на бармените! Скопје е на ред Во претходните епизоди ги видовме Сараево, Белград и Љубљана, а во оваа имаме можност да го видиме и нашиот град, како и нашите четворица претставници во регионалното шоу, на своја територија. Епизодата е полна со кадри од нашата престолнина, а прекрасниот плоштад и спомениците се вистински украс на овој шоу-програм. Како ја угостија екипата на Badel Masterklas шоуто, погледнете вечерва во 15 часот само на Јутјуб каналот на телевизија Канал 5! Ова се претходните епизоди: Почнува Коктел Мастер: Објавена првата епизода на You Tube каналот на Канал 5 (ВИДЕО) Почнува Коктел Мастер: Објавена втората епизода на You Tube каналот на Канал 5 (ВИДЕО) Почнува Коктел Мастер: Објавена третата епизода на You Tube каналот на Канал 5 (ВИДЕО) Почнува Коктел Мастер: Објавена четвртата епизода на You Tube каналот на Канал 5 (ВИДЕО)Тагови: Бадел Мастерклас Коктел Мастер Македонија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕкономијаДенеска нови цени на нафтените дериватиРегуалаторната комисија за енергетика денеска треба да донесе нова одлука за малопродажните цени на горивата. Со претходната одлука бензините поскапеа за 4,5 денари, а дизелот поскапи за 6,5 денари по литар. Во последната пресметка на регулаторна продолжена беше и примената на намелените акцизи и тоа за 2 денари кај бенизните и за 4 денари по литар кај дизелот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТенисНовак Ѓоковиќ и Арина Сабаленка ги добија своите противници на Ју-Ес ОпенНајтрофејниот свтески тенисер во историјата Новак Ѓоковиќ и најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка ќе се соочат со Френсис Тиафо и Лејла Фернандез во осминафиналето на Грен слемот во Њујорк, УС Опен во конкуренција на мешани двојки.Ќе видиме како домашната публика ќе реагира на мечот против северноамериканскиот пар и кого ќе го поддржува, а според моменталната ситуација, натпреварот е закажан за утре, 25 август. Во евентуалното четвртфинале, ги очекуваат победниците од дуелот меѓу брачниот пар Гаел Монфис и Елина Свитолина, односно Алекс Ил и Феликс Оже-Алијасим. И Александра Круниќ би можела да се најде во главната ждрепка доколку таа и Мате Павиќ ги победат Пејтон Стернс и Кристијан Харисон. Меѓу поинтересните парови во главната ждрепка се Карлос Алкараз и Серена Вилијамс, кои ги очекуваат своите противници од квалификациите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВРЕДИ: Груби пред правдата, „пеењето“ на Бујар даде резултат…Денес „пеењето“ на Бујар Османи добива поинакво значење: Артан Груби е пред правдата, а Бујар сè уште го чека моментот да направи чекор кон лидерската позиција во ДУИ.Со месеци Бујар молчи за Груби, иако некогаш двајцата беа на врвот на ДУИ. Денес се однесува како никогаш да немале заедничка политичка историја. Наместо мандатот како министер за надворешни работи да го користи во интерес на државата, Бујар го искористи и за своите внатрепартиски пресметки во ДУИ, „пеејќи“ де ваму де таму и правејќи сметки за преземање на раководството на ДУИ. Денес сценариото станува сè појасно: Груби пред судот, Али Ахмети под притисок, а Бујар ја чека фотелјата на претседателот на ДУИ. Но, прашањето е едноставно: зошто Бујар молчеше за Груби кога беа заедно на врвот на ДУИ? Што знае тој за оваа приказна и зошто денес се однесува како Груби никогаш да не постоел? Зашто во политиката, понекогаш не е важно само кој зборува, туку и зошто досега молчел. Ако „пеењето“ на Бујар било за правда, нека го каже тоа отворено. Ако било за власт и за фотелјата на Али Ахмети, тоа веќе сите го разбираат. Груби нека одговара пред правдата. Бујар нека им одговори на граѓаните.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook