Борозан: За лотото на Мицкоски од 5,5 милиони евра за прославата мора да се отвори истрага по трагата на парите
2Борозан: За лотото на Мицкоски од 5,5 милиони евра за прославата мора да се отвори истрага по трагата на парите
3Манасиевски: Остатоците на СДС и ДУИ во правосудството повторно одработија во нивна корист, односно ги заштитија криминалците
Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
СветКокаин, вреден 15,5 милиони евра е случајно пронајден во гајби со банани во НорвешкаВработени во норвешка компанија за набавка на овошје и зеленчук наишле на пакет кокаин додека отворале пратка со банани, по што ги известиле царинските службеници, кои заплениле вкупно 147 килограми дрога, соопшти денеска норвешката царинска служба.Норвешката царина соопшти дека кокаинот е пронајден на 3 април во девет гајби со банани, со проценета улична вредност од 170 милиони круни (15,5 милиони евра). Ова е најголемата заплена во Норвешка од 2023 година, кога беа конфискувани 2,3 тони. Дрогата била транспортирана по море од Јужна Америка до Шведска и веројатно не била наменета за норвешкиот пазар. -Постојат специфични информации што укажуваат дека кокаинот требало да биде запленет во пристаништето Антверпен, врз основа на разузнавачки информации добиени преку меѓународна соработка со Европол и белгиските власти, се вели во соопштението. Цариникот Тим Гурик изјави дека зад обидот за шверц веројатно стои криминална мрежа. „Заплена од ваков обем бара значителни финансиски ресурси и солидна организација, која само големи криминални мрежи можат да ја мобилизираат“, рече тој. „Гледаме дека криминалните мрежи што стојат зад ова шверцување се подготвени да преземат ризици и знаат како да се прилагодат“, додаде норвешкиот царински службеник. Тагови: кокаин банани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Започна изградбата на подземната катна гаража и плоштад во ВелесИзјава за медиуми на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски од Општина Велес.„Добар ден и од мене, би сакал исто така да се придружам на ова што го кажа градоначалникот. Со Марко за овој проект разговаравме се сеќавам уште кога беше во првиот мандат кандидат за градоначалник на општина Велес. Еве денеска можеме и двајцата заедно со велешани да посведочиме дека голема работа е завршена, од ова што можеме да го видиме подготовката е направена. Моето искуство вели кога подготовката е добро направена, тоа значи 90% завршена работа. Јас сум сигурен дека ако се оди според планот, а не гледам причина зашто така да не биде, дека таму некаде во првата половина на следната година, при крајот на првата половина ќе можеме да го пуштиме овој прекрасен објект во употреба, во функција да може да го користат велешани се разбира и да уживаат во новиот плоштад. Ние како Влада ќе продолжиме да поддржуваме проекти низ општините се разбира, очекуваме првиот и вториот повик конечно оваа година еве да речеме делумно и почетокот на следната година да биде завршен. Преку ЗЕЛС општините имаат инструкција да подготвуваат проекти за следната година. Цениме дека овие проекти донесат резултат, тоа впрочем се гледа и во економската активност на македонските компании. И цениме дека тоа беше правилна одлука кога бевме избрани како Влада и веднаш започнавме со реализација на овој проект. На крај да му честитам на градоначалникот за посветената, инспиративна работа којашто ја прави во општина Велес, да се заблагодарам на советниците во општина Велес коишто ја поддржуваат работата на градоначалникот, на администрацијата се разбира без кои ова ништо не може да се случи, тие се најважниот дел во подготовката на документацијата за ваков тип на проекти, на колегите во Владата, се разбира, на пратениците во парламентот од Велес коишто се борат за проект повеќе да добие Велес и се разбира да се заблагодарам на велешани за трпението и се надевам дека многу наскоро ќе уживаме сите заедно во овој проект.“ Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДимитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
МакедонијаБорозан: За лотото на Мицкоски од 5,5 милиони евра за прославата мора да се отвори истрага по трагата на паритеЕлитниот арамија Мицкоски ги излажа граѓаните дека прославата на независноста ќе чини „нула денари“.Сега сите знаат дека се потрошени 5,5 милиони евра. Толку е лотото за Мицкоски. Околу 5 милиони евра од нераспределената добивка на Државната лотарија, а уште околу 40 милиони денари од приватни компании. Влада сега ги крие документи, суми, договори, анекси, добавувачи... Да било се чисто и законски немало да се крие. Суштината е дека ова е обид да се прикрие трагите на парите. 5 милиони евра народни пари кога ќе се потрошат мора граѓаните да знаат секој денар, секое евро каде завршило. Владата мора да ги објави договорите, анексите, фактурите, банкарските исплати, примателите, изведувачите, добавувачите и пресметаните даночни обврски. Сомнежите за дилови се оправдани, поради начинот, одлуката, криењето информации и отворањето на јавниот повик, кој траел само пет работни дена и на кој пристигнала само една понуда. Значи условите биле однапред приспособени за конкретен организатор бил договорен. Колку точно чинел настапот на Дејвид Гета – неговиот хонорар, продукцискиот пакет, сцената, техниката, транспортот и меѓународниот тим. И кога бил договорен и исплатен. Затоа што јавниот повик завршува на 8 мај, а само три дена подоцна, власта веќе го најавува настапот на Гета. Граѓаните треба да знае кои фирми, домашни и странски профитирале, колкав бил хонорарот на организаторот и колкава заработка оствариле „Стардаст“, односно Авалон. А Авалон е со блокирана сметка. Дали е колкав данок е платен? Скриени остануваат и компаниите што обезбедиле околу 40 милиони денари. Не се познати нивните имиња, поединечните износи и основата врз која биле уплатени средствата. Нема јасна евиденција ниту за приближно 1,75 милиони денари од продадените билети – кој ги наплатил, на која сметка завршиле и како биле даночно и сметководствено евидентирани. СДСМ бара веднаш да бидат објавени сите договори, анекси, фактури, банкарски исплати и даночни пресметки, како и целосната листа на приматели, изведувачи, добавувачи и приватни финансиери. Ако владата не ги објави веднаш, мора да се отвори истрага. Мора да се утврди каде завршил секој денар, кој заработил на грбот на народот и кој ги злоупотребил народните пари. Народот не е ниту „талог“, ниту „идиот“. Не може постојано да го лажете и да правите некакви споредби. Едноставно е. Прославата за членството во НАТО, во 15 градови, чинеше 240.000 евра и објавени се сите детали и докименти. А сега една прослава, неколку изведувачи, 5,5 милиони евра и се крие од народот. Доста лажете! Ќе одговарате! Доаѓа времето на вистината и правдата. Прес конфереција на СДСМ, Маја Борозан Тагови: Маја Борозан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМанасиевски: Остатоците на СДС и ДУИ во правосудството повторно одработија во нивна корист, односно ги заштитија криминалцитеОстатоците на СДС и ДУИ во правосудството повторно одработија во нивна корист, односно ги заштитија криминалците.Врховниот суд преводен од Африм Фидани, Џемаили Саити и Сафет Кадрии, ја укинаа пресудата за случајот Ласкарци во кој загинаа 16 граѓани и ги ослободи виновниците. Повторувам, Африм Фидани, Џемаили Саити и Сафет Кадрии ја укинале судската пресуда во која се ослободуваат виновниците за сообраќајната несреќа во Ласкарци. Во исто време, Врховниот суд исто така на слобода го пушти и Стевчо Јакимовски, кој беше правосилно осуден за криминал. Само во Македонското судство и обвинителство, може за случај во кој гинат 16 луѓе да нема ниту еден одговорен. Истото е случај и со модуларната болница каде загинаа 14 лица а нема ниту еден виновник според правосудните органи. Дополнително, дали е точна информацијата дека овие судии се блиски до структурите на ДУИ? Почитувани, Одлуките на Врховниот суд предводено од Африм Фидани, Џемаили Саити и Сафет Кадрии, доби уште една потврда зошто довербата на граѓаните во правосудството е на дното. Политичките инсталации на СДС и ДУИ градени со години не исчезнуваат преку ноќ. Тие и понатаму се обидуваат да ги користат последните бастиони во институциите за да го заштитат системот што самите го создадоа. На Македонија не и треба судство и обвинителство кое ќе биде бастион на СДС и ДУИ. И треба судство и обвинителство кое ќе биде бастион на правдата. Нема да молчиме и нема да се откажеме. Правда и одговорност мора да има. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕТагови: Валентин Манасиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДимитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00