СДСМ: Мицкоски на прославата за 35 години независна Македонија, исто како на Илинден - го нарекува народот „талог“
1СДСМ: Мицкоски на прославата за 35 години независна Македонија, исто како на Илинден - го нарекува народот „талог“
АвтомобилизамКои песни се ,,најопасни” за возачите? Научниците веќе утврдиле дека постојат песни што се ,,корисни” за возачите , а има и такви кои никако не се препорачува да се слушаат додека се вози.Според студијата на британскиот Moneybarn, повеќето хитови кои сите возачи сакаат да ги слушаат додека возат , се опасни. Така во студијата е наведено дека клучни фактори се ритамот и јачината на тонот. Музиката со повеќе од 120 БПМ е вистинска опасност за сообраќајот. Советуваат дека најдобро е да се смени музиката веднаш штом се вклучи некоја од ,,опасните” песни. Така, меѓу најопасните е Green Day и нивниот хит ,,American idiot” . следуваат Miley Cyrus, The Killers и други. Од друга страна , околу 30 % од најпопуларните песни се сметаат за ,,сигурни” , меѓу кои апсолутен победник е Led Zeppelin и Stairway to Heaven. Со студијата е потврдена и една теорија , која им е позната на сите. Гласната музика го зголемува бројот на отчукувањата на срцето и го скратува времето на реакција. Топ 5 ,,најопасни” песни за возење 1. American Idiot – Green Day 2. Party in the U.S.A – Miley Cyrus 3. Mr. Brightside – The Killers 4. Don’t Let Me Down – The Chainsmokers 5. Born to Run – Bruce Springsteen Топ 5 ,,најсигурни” песни за возење 1. Stairway to Heaven – Led Zeppelin 2. Under the Bridge – Red Hot Chili Peppers 3. God’s Plan - Drake 4. Africa – Toto 5. Location – KhalidКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалОстанува во затвор поранешната ѕвезда на Премиер лигата- судењето му е закажано за идната година Поранешниот англиски фудбалер Џои Бартон ќе остане во притвор откако новото барање за кауција беше одбиено од судот во Ливерпул. Почетокот на судењето, кое беше закажано за минатата недела, беше одложено за 8 март 2027 година. Обвинение и судска одлука Бартон беше обвинет за нанесување тешки телесни повреди на Кевин Линч, што 44-годишниот поранешен фудбалер го негираше на суд и се изјасни за невин. Наводниот напад се случил на 8 март во Хајтон. Обвинителството тврди дека на инцидентот му претходело заедничко консумирање алкохол во локален голф клуб. Според обвинението, Линч претрпел сериозни повреди на окото во нападот. Тој е поранешен тренер во пониска лига и основач на академија за специјално образование. Бартон се појави на рочиштето преку видео врска од затворот ХМП во Ливерпул. Откако судијата Дејвид Потер го одби барањето за кауција, Бартон само кимна со главата за да покаже дека ја разбира одлуката. Следното прелиминарно рочиште е закажано за 11 декември оваа година, а се очекува главниот претрес да трае околу две недели. Потоа Бартон ќе добие шанса да ја презентира својата одбрана пред поротата. BREAKING: Former footballer Joey Barton will remain in custody until his trial next year after a bail application was refused. 🚨 pic.twitter.com/SenEtKy47d — Sky Sports News (@SkySportsNews) September 7, 2026 Кариера и контроверзии За време на неговата кариера, поранешниот играч од средниот ред беше почитуван поради неговите фудбалски вештини, но стана познат и по инцидентите надвор од теренот. Неговото однесување честопати привлекуваше исто толку медиумско внимание како и неговите игри. Своите најдобри играчки години ги помина во Премиер лигата, каде што играше за Манчестер Сити, Њукасл Јунајтед, Квинс Парк Ренџерс и Барнли. Во Англија беше член на Евертон, а во странство го носеше дресот на Марсеј и Ренџерс. Одигра еден натпревар за англиската репрезентација, во 2007 година против Шпанија. По завршувањето на играчката кариера, се префрли на тренерска работа. Ги водеше Флитвуд Таун и Бристол Роверс, но тој период од неговата кариера беше обележан и со јавни конфликти и дисциплински проблеми.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Мицкоски на прославата за 35 години независна Македонија, исто како на Илинден - го нарекува народот „талог“На прославата за 35 години независна Македонија, Мицкоски побара „да не се делиме“, па веднаш се закани дека ќе „расчистува со талогот“ и седна до државниот обвинител Ненад Савески.Исто како менторот Вучиќ. Повторно копи-пејст. Прво навредување, а потоа повик на единство. Хипокризија во најчиста форма. На јубилејот на независноста премиерот прво зборува за единство, за жртвите, за иднината. Потоа ја активира истата стара фашистичка реторика на „талог“ кампањата што ја води од Илинден наваму, по теркот од најмрачните периоди. И за да биде пораката кристално јасна, седнува до државниот обвинител. Ова не е државнички говор. Ова е отворена закана. Ова е порака: ние ги контролираме институциите, ние ќе „расчистуваме“, ние одлучуваме кој е талог, а кој е ВМРО, тоа е криминална елита. Додека зборува за правда и за тоа дека „талогот не смее да стане елита“, неговата Влада е најголемиот пример токму за тоа - криминални тендери, задолжувања од 4 милијарди евра за две години, мито дури и кај директорите и возачите, поделби, заплашување на критичарите и медиумите. Граѓаните не се талог. Опозицијата не е талог. Критичарите не се талог. Талог е оној што ја злоупотребува власта, што ги дели луѓето, што седи до обвинителот и испраќа закани на денот на независноста. СДСМ ќе продолжи да ја брани демократијата, слободата на говор и правото на секој граѓанин да не биде обележан како „талог“ само затоа што мисли поинаку. Народот ќе победи. Криминалците ќе одговараат. Власта ќе биде вратена на граѓаните, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСимболот на Брисел , облечен во македонска носија по повод 8- Септември (ВИДЕО)На социјалнит емрежи се појави видео од еден од најпознатите симболи на Брисел, облечен во македонска носија. Еден од најпознатите симболи на Брисел, статуата Манекен Пис, денеска за првпат беше облечен во традиционална македонска носија, по повод 8 Септември – Денот на независноста и 35 години од осамостојувањето на Македонија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook