Страст, љубов и трагичен расплет – „Кавалерија рустикана“ на сцената на Националната опера и балет на 11 септември
1Страст, љубов и трагичен расплет – „Кавалерија рустикана“ на сцената на Националната опера и балет на 11 септември
3 Проблемите со видот, нарушувањето на видот и слабоста во мускулите може да бидат знак за недостаток на овој витамин
БалканКоен: Србија е нашиот најсилен сојузник во регионот Израелскиот министер за надворешни работи Ели Коен изјави дека Србија е пријателска земја „која е и ќе остане најсилниот сојузник на Израел во регионот“.- Минатата година одбележавме три децении од обновувањето на српско-израелските дипломатски односи и навистина сме горди на посебните врски на еврејскиот и српскиот народ низ историјата, изјави Коен за весникот „Политика“, пренесе Бета. Коен, кој денеска доаѓа во Србија како прв шеф на израелската дипломатија по повеќе од една деценија, рече дека Израел „длабоко ги цени огромните напори на Владата на Србија да ги зачува значајните спомен обележја, во однос на прашањето за враќање на еврејскиот имот, како и во областа на едукацијата за холокаустот“. - Се надевам дека нашите билатерални и економски односи отсега ќе имаат нагорен тренд благодарение на почестите официјални посети, рече Коен. Во врска со тоа што Израел воспостави дипломатски односи со Косово во 2021 година, тој изјави дека Израел има односи со сите соседи на Србија. - Внимателно ги следиме случувањата во вашиот регион и се надеваме дека преговорите ќе резултираат со меѓусебно разбирање за доброто на регионот, рече Коен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПолициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18Без вода делови од Центар08:16Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00Јаневска: Мерките преземени за подобро образование со резултати за пет години11:13Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено09:00
Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00
ФудбалАргентинската фудбалска асоцијација организира специјален викенд за Меси Аргентинската фудбалска асоцијација со посебна чест кон нивниот лидер Лионел Меси.Асоцијацијата со сценарио за сите натпревари што ќе се играат овој викенд во Аргентина. Сите натпревари ќе бидат прекинати во десеттата минута и сите актери на теренот и публиката ќе можат со овации да изразат благодарност за придонесот на Меси во националниот тим. Асоцијацијата веќе испратила писмо до сите клубови со кое тие добиле инструкции за најавениот потег, а паузата која ќе трае една минута и треба да биде одбележана и на натпреварите во футсал и фудбал на плажа. Предвидената минута за правење пауза е поврзана со бројот на дресот кој го носеше Меси, а тој се повлече од националниот тим како рекордер според бројот на настапи и бројот на постигнати голови.Тагови: Лионел Меси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Живот„Преспа што нè поврзува“ - Светскиот ден на езерата одбележан во РесенКултурата на еден регион е нераскинливо поврзана со природната средина во која се развивал. Таков е и случајот со Преспа - простор каде природата, традицијата и културата со векови се испреплетуваат и создаваат единствен идентитет.(Ресен, 03.09.2026) Во предвечерјето на Светскиот ден на езерата, кој се одбележува на 27 август, во Ресен се одржа јавната манифестација „Мојот дел од природата“, организирана од Македонското еколошко друштво (МЕД), Општина Ресен и Националниот парк „Галичица“ во рамки на проектот „Иницијатива за зелена и сина Преспа - Зајакнување на заштитата преку истражување, едукација и комуникација“, финансиран од Европската Унија (ЕУ) и кофинансиран преку Фондот за природа „Преспа - Охрид“ (ПОНТ). Замислен како точка на поврзување меѓу институциите, организациите, локалната заедница и сите оние кои се грижат за иднината на Преспа, настанот покажа дека кога ќе се поврзат луѓето, знаењето, природата и културата – Преспа има што да каже пред светот. Манифестацијата започна со воведни обраќања на градоначалникот на Општина Ресен, Јован Тозиевски, и извршната директорка на Македонското еколошко друштво, Робертина Брајаноска, кои ја истакнаа важноста на заедничкото дејствување за зачувување на природното наследство и создавање услови за одржлив развој на регионот. Во рамки на настанот беше потпишана и Декларацијата за основање на Прекугранична работна група за шуми, чија цел е создавање заедничка платформа за дијалог, размена на знаења и информации и координирање активности поврзани со зачувувањето, обновувањето и следењето на шумите во поширокиот преспански регион. Декларацијата првично ја потпишаа Националниот парк „Галичица“, Македонското еколошко друштво, Друштвото за заштита на Преспа (SPP) од Грција и Друштвото за заштита и зачувување на природната средина во Албанија (PPNEA). Со потпишувањето, партнерите ја потврдија својата заложба за зајакнување на регионалната соработка во заштитата, обновувањето и одржливото управување со шумите. Следуваше панел-дискусијата „Зачувување и одржливо управување со природното наследство на Преспа“, на која се разговараше за состојбите, предизвиците и можностите за заштита на природното богатство и одржливото управување со природните ресурси на регионот. На панелот учествуваа Ајман Ал Малла, раководител на Секторот за животна средина при Општина Ресен; Андон Бојаџи, раководител на Одделението за заштита на природата при ЈУ Национален парк „Галичица“; Драган Арсовски, раководител на Програмата за знаење и наука при Македонското еколошко друштво; и Маријана Милевска, проектна менаџерка во Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) за проектот „ЕУ за Преспа“. Паралелно со програмата, посетителите имаа можност да ги запознаат локалните производи и природните богатства на Преспа преку штандовска презентација на локални производители, заштитени подрачја и граѓански организации. На овој начин, манифестацијата ги поврза заштитата на природата со локалната економија, традицијата и потенцијалите за одржлив развој. Посебно внимание беше посветено на најмладите. Во соработка со основните училишта „Мите Богоевски“ и „Гоце Делчев“ од Ресен беше организиран турнир во друштвената игра „Преспа“, преку кој учениците имаа можност на забавен и интерактивен начин да учат за природното наследство на својот регион. Финалето на турнирот се одигра на големо платно пред публиката на градскиот плоштад. Вечерната програма заврши со музичка прослава на локалната култура. Присутните уживаа во автентичната староградска музика на составот „Персиди“, а потоа и во поп- рок репертоарот на ресенскиот бенд „Пуш Пауза“. На манифестацијата ѝ претходеа и две теренски посети со граѓанско учество. Дваесетина граѓани од регионот учествуваа во набљудување на птици на локалитетот Сирхан, со поглед кон северното преспанско крајбрежје и Паркот на природата „Езерани“, додека следниот ден беше реализиран мониторинг на желки во околината на селата Љубојно и Долно Дупени. Активностите им овозможија на граѓаните директно да се запознаат со научно-истражувачката и мониторинг работата што се спроведува за подобро разбирање и зачувување на природата на Преспа. Со „Мојот дел од природата“, Преспа уште еднаш се покажа како простор што ги поврзува луѓето и култура. Можеби секој од нас има различен „дел од природата“, но Преспа е заедничка. Нејзиното природно наследство е заедничка одговорност, а нејзината иднина зависи од сите нас - од нашата подготвеност да соработуваме, да се грижиме и заеднички да ја градиме Преспа што ќе ја оставиме на идните генерации. Манифестацијата се одржа во рамки на проектот „Иницијатива за зелена и сина Преспа - Зајакнување на заштитата преку истражување, едукација и комуникација“, финансиран од Европската Унија (ЕУ) во рамки на програмата „ЕУ за Преспа“ и кофинансиран преку Фондот за природа „Преспа - Охрид“ (ПОНТ). Партнери во имплементацијата на проектот се Македонско еколошко друштво, Општина Ресен, Националниот парк „Галичица“, Друштвото за заштита на Преспа (SPP) од Република Грција и Друштвото за заштита и зачувување на природната средина во Албанија (PPNEA) од Република Албанија. Имплементацијата на проектните активности е поддржана од Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија и Националниот парк „Пелистер“.Тагови: Општина Ресен Преспанско Езеро Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСтраст, љубов и трагичен расплет – „Кавалерија рустикана“ на сцената на Националната опера и балет на 11 септемвриНа 11 септември 2026 година, со почеток во 20.00 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведена операта „Кавалерија рустикана“ од Пјетро Маскањи - едно од најпознатите и највпечатливи дела на италијанскиот веризам.Со својата силна музичка експресивност и драмска непосредност, „Кавалерија рустикана“ ја носи приказната за љубовта, љубомората, предавството и честа, претставени низ судбините на нејзините главни ликови. Маскањи создава музичка партитура исполнета со страст и драмски набој, во која оркестарот и вокалните интерпретации ја градат атмосферата и напнатоста што водат кон трагичниот расплет. На сцената на Националната опера и балет, делото ќе биде изведено под диригентската палка на Иван Еминовиќ, во режија на Џандоменико Вакари од Италија. Сценограф е Зоран Николовски, костимограф Елена Дончева, концерт-мајстор Јане Бакевски, а хор-мајстори се Ѓургица Дашиќ и Јасмина Ѓорѓеска. Во улогата на Сантуца ќе настапи нашата првенка, Весна Ѓиновска Илкова, Туриду ќе го толкува Зоран Сотиров, Алфио – Марјан Јованоски, Лола – Катерина Стојановска, а Мајка Лучија – Соња Пендовска Мадевска заедно со хорот и оркестарот на Националната опера и балет. Премиерно изведена во 1890 година, „Кавалерија рустикана“ е дело со кое Маскањи се вбројува меѓу композиторите кои го одбележаа развојот на италијанскиот оперски веризам. Нејзината музика, препознатлива по силниот драмски интензитет и непосредното пренесување на човечките емоции, и денес ја задржува својата привлечност и редовно се изведува на оперските сцени ширум светот. Национална опера и балетТагови: Национална опера и балет Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook