Вечерва стартува новата сезона во англиската Премиер лига, натпреварите ќе се играат според нови правила
2Вечерва стартува новата сезона во англиската Премиер лига, натпреварите ќе се играат според нови правила
3Одлука што ќе предизвика негодување: Само Реал Мадрид им забрани на судиите да даваат телевизиски интервјуа за натпреварот
ФудбалКлуб од ОАЕ го назначи Креспо за тренерПоранешната ѕвезда на аргентинскиот фудбал, 48-годишниот Ернан Креспо е назначен за нов тренер на Ал Аин, клуб од Обединетите Арапски Емирати.Креспо остана без работа во септември кога катарски Ал Духал му врачи отказ, а во својот нов клуб доаѓа на местото на Холанѓанецот, Алфред Шројдер, кој треба да биде новиот стратег на саудискиот клуб Ал Итихад во кои главни ѕвезди се Карим Бензема и Нголо Канте. Тренерската кариера на Креспо е под нивото на неговите години како играч во кои беше ѕвезда каде и да играше, од Ривер Плата, Парма, Лацио и Интер до Челзи и Милан. Првиот тренерски ангажман го имаше во Парма, клубот во кој ја заврши кариерата како играч. Продолжи во Модена по што ја напушти Европа и ги предводеше аргентинските клубови Дефенса и Банфилд, како и бразилски Сао Паоло. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести43 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16Прскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскање11:05
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05
МакедонијаРистовски од Сплит: Спортот мора да биде право и можност за секое детеМинистерот за спорт, Борко Ристовски, присуствуваше на завршниот дел од меѓународното финале на Плазма Спортските игри за млади, што се одржа во Сплит, Хрватска.Во своето обраќање, Ристовски ги поздрави учесниците и организаторите на најголемата спортско-аматерска манифестација за деца и млади во Европа. Игрите годинава ја одбележуваат својата јубилејна 30. сезона, во која, со заложба и поддршка поддршка од Министерството за спорт и од Владата, за прв пат се приклучи и Македонија. -Горд сум што од оваа година и Македонија е дел од големото семејство на „Плазма Спортските игри за млади“. Уште повеќе сум горд на нашите млади спортисти кои на своето прво меѓународно финале покажаа талент, спортски дух и желба за натпреварување. Медалите се важни и им честитам за секој постигнат успех. Но, вистинската вредност на овие Игри е многу поголема од резултатот. Тие им овозможуваат на децата да спортуваат, да се дружат и преку играта и натпреварувањето да учат што значат тимски дух, толеранција, почит и фер-плеј. Верувам во идејата што ја носат овие Игри - спортот не смее да биде привилегија, туку право и можност за секое дете! Спортот треба да започне со игра, да продолжи со натпревар и секогаш да завршува со почит и фер-плеј – порача министерот Борко Ристовски. Македонија за првпат оваа година е дел од Плазма Спортските игри за млади, заедно со Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Словенија. На првото меѓународно финале, младите македонски спортисти освоија седум медали – три сребрени и четири бронзени. Првиот медал за Македонија во Сплит го освои Наум Насковски од Куманово, со освоено трето место во трката на 60 метри, додека екипата на „Ролинг“ од Струмица го освои третото место во баскет 3х3. Во шах, сребрени медали освоија Илијана Велева од Свети Николе и Давид Атанасовски од скопската општина Гази Баба. Успешен настап македонските претставници имаа и во пинг-понг. Јован Пармачки од Берово освои сребро, додека бронзени медали освоија Мартин Ристевски од Прилеп и Бојана Јовевска од Пехчево. Томи Јакимовски, пак, доби признание за фер-плеј на тенискиот турнир. На меѓународната завршница во Сплит учествуваат 1.224 учесници од шест земји. Новитет е учеството на 204 деца од Украина, а поддршка на големиот спортски настан со своето присуство даде и прославениот боксер Олександр Усик, заедно со бројни познати спортски имиња и легенди од фудбалот, кошарката, тенисот, ракометот и другите спортови. Плазма Спортските игри за млади и во својата 30. сезона ја потврдија својата основна мисија – бесплатен спорт за секое дете и создавање можности најмладите преку спортот да развиваат здрави животни навики и да ги усвојуваат вистинските вредности: тимски дух, толеранција, фер-плеј и инклузија Во изминатите три децении, на Игрите учествувале повеќе од 3.869.000 деца и млади. Со учеството во Плазма Спортските игри за млади, Македонија отвора уште една можност за најмладите да бидат дел од големо меѓународно спортско семејство, да се натпреваруваат, да стекнуваат нови пријателства и преку спортот да ги градат вредностите што остануваат многу подолго од секој освоен медал.Тагови: Борко Ристовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести43 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16Прскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскање11:05
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05
МетеоАларм на британските метеоролози: Доаѓа најсилниот Ел Нињо во историјатаБританската метеоролошка служба предупреди дека Ел Нињо, кој моментално се развива во Тихиот океан, би можел да стане најсилниот во модерната историја.Тоа е моќен природен климатски феномен кој ги зголемува глобалните температури и може да го зголеми ризикот од екстремни временски услови, пишува Би-Би-Си. Поради дополнителното влијание на климатските промени предизвикани од човекот, метеоролошката служба вели дека е „многу веројатно“ дека следната ќе стане најтоплата година досега. Ел Нињо е природен временски феномен што се појавува на секои две до седум години кога пасатните ветрови ослабнуваат, со што се овозможува продор на топла вода кон источниот дел на Пацификот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУХМР: Утре многу високи температури – над 40 степени целзиусови Топлотниот бран не попушта. Високите температури продолжуваат и утре и ќе надминат 40 степени целзиусови, најавуваат од УХМР. Минимлано заладување е можно дури од понеделник. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести43 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16Прскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскање11:05
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05