Клоп сака да ја искористи кризата во Барселона и да донесе ѕвезда за 90 милиони евра

Јирген Клоп по испаѓањето од Лигата на шампионите од Атлетико сака да го засили офанзивниот дел на тимот, а најде и решение за проблемот во Барселона.

Каталонскиот весник Sport тврди дека тренерот на Ливерпул сака да го донесе Оусман Дембеле, 22-годишниот француски крилен играч, кој претрпе дури 11 повреди откако пристигна во Барселона пред три години за 120 милиони евра.

Повредениот Дембеле има одиграно само девет натпревари оваа сезона, а во Барселона тврдат дека се уште сметаат на него, но би можеле да се премислат доколку Ливерпул излезе со понуда од 90 милиони евра. Барселона ќе ги потрошела тие пари за да го донесе Лаутар Мартинез од Интер или Нејмар од ПСЖ.

Англичаните сметаат дека Барселона ќе биде клуб со најмногу економски последици од пандемијата на коронавирус, и тие сакаат да го искористат тоа до следниот рок.

„Клоп е за вљубен во играта што Дембеле ја покажа во единствената сезона во Борусија, клуб што го донесе од Рен една година откако Клоп ја напушти Борусија“, пишува Спорт.

Oштетена гумената брана за наводнување на оризовите површини кај кочанското село Грдовци

Вработените во водостопанската подружница „Брегалница“ од Кочани утрово забележале намерно оштетување на гумената брана кај селото Грдовци, што се користи за зафаќање на водата од реката Брегалница и наводнување на околните оризови ниви.

Непознат сторител со остар предмет ја исекол гумената обвивка во должина од околу половина метар, по што дошло до истекување на акумулираната вода и празнење на помошниот канал од водозафатот.

-Во изминатите седум дена имаше шест обиди за сечење на гумата и конечно, во текот на доцните вечерни или раните утрински часови, сторителот успеал во намерата. Несфатливо е зошто некој, токму на почетокот на сезоната за сеење на оризот, се одлучил на ваква постапка со која прави повеќекратна штета. Во прашање е доведено наводнувањето на околу 100 хектари оризови површини. Освен тоа, наместо средствата со кои располагаме да ги инвестираме во одржување на каналската мрежа, ќе мора дел да потрошиме за ангажирање служба за чување на гумената преграда. Настанот веќе е пријавен во полиција и очекуваме разоткривање на сторителот и на неговите мотиви за ова кривично дело, истакна Станче Стефанов, техничко лице во водостопанскта подружница „Брегалница“.

Во тек се активности за санирање на оштетувањето на гумената преграда, но постапката е отежната поради зголемената количина вода. Вработените во подружницата очекуваат до крајот на денот да ја нормализираат состојбата со наводнувањето, за да се избегне прекин на сеидбената сезона во овој регион, но и да не дојде до исушување на нивите кои веќе се посеани со ориз.

Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај

Претседател на Комитетот за уставно законодавство и државност во Горниот дом на Советот на Руската Федерација, Андреј Клишас денеска изјави дека инаугурацијата на рускиот претседател Владимир Путин ќе се одржи на 7 мај.

Согласно руските закони, новоизбраниот претседател ја презема функцијата со мандат од шест години.

Инаугурацијата на Путин и во 2018 година се одржа на 7 мај. /МИА

Маск и австралискиот премиер во онлајн расправија за снимки од терористички напад

Австралискиот премиер Ентони Албанез го нарече Илон Маск арогантен милијардер, откако неговата платформа X го одложи отстранувањето на снимките од минатонеделниот напад во Сиднеј.

Австралискиот суд вчера му нареди на X (поранешен Твитер) да ги отстрани видеата од настанот. Х претходно најави дека ќе ја отстрани наведената содржина по законска одредба, пишува Би-Би-Си.

Маск во меѓувреме објави меме во кое ја обвинува владата за цензура.

Албанез денеска за Еј-Би-Си изјави дека Маск е арогантен милијардер кој мисли дека е над законот и пристојноста.

Независен интернет регулатор минатата недела им се закани на X и другите компании за социјални медиуми со високи казни доколку не ги отстранат видеата од нападот со нож во црквата Христос Добриот Пастир, кој полицијата го прогласи за терористички чин.

X тврдеше дека оваа одредба не е во опсегот на австралиското право. Регулаторот потоа побара судска забрана за објавување на спорните снимки, а набрзо дојде до расправија на социјалните мрежи и во медиумите.

„Би сакал да го искористам овој момент за да му се заблагодарам на премиерот што ѝ посочи на јавноста дека оваа платформа е единствената што ја покажува вистината“, напиша Маск. Тој претходно ја критикуваше австралиската комесарка за безбедност на Интернет, Џули Инман Грант, опишувајќи ја како „австралиски комесар за цензура“.

Албанец застана во одбрана на Инман Грант, велејќи дека таа ги штити граѓаните на Австралија.

- Социјалните медиуми мора да бидат и општествено одговорни. Тоа не е случај со Маск“, додаде тој. X мора да ги отстрани спорните снимки во рок од 24 часа по одлуката на судот. /МИА

притисни ентер