ФудбалКлоп до новинарите на прес конференција : Изгледа и вие долго време не сте биле на фризер (ВИДЕО) Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, одржа прес-конференција пред првиот натпревар на неговиот тим по пауза од скоро три месеци.За Ливерпул сезоната продолжува со гостувањето во Евертон во недела, на 21 јуни. Германецот, како и обично, ја отвори прес-конференцијата со шега што ги натера новинарите преку Зум да се насмеат. „Гледам дека не сте биле на фризер некое време“, им рече Клоп на новинарите на почетокот и продолжи со многу посериозен тон: "Сè е различно за сите нас, но ова сепак е дерби и тоа е многу важно за двата тима. Со нетрпение го очекуваме. Се обидовме да се навикнеме на измените за време на овие подготовки. Одигравме еден пристоен натпревар против Блекбурн. Изгледаше како фудбал. Иако ќе играме без навивачи, дефинитивно сакаме да победиме. Сепак, знаеме дека сите ќе ги бараме навивачите за време на натпреварот. Јас навистина го чекам денот кога ќе можат да дојдат на стадионите “. Германецот особено ги пофали Џордан Хендерсон и Маркус Рашфорд за одличните акции што ги направија за време на паузата. "Она што го направија Хендо и другите играчи за време на паузата не ме изненади, туку ме направи крајно горд. Фудбалерите прават многу, но не зборуваат за тоа. Тие помогнаа многу за време на оваа криза. Она што го направи Рашфорд ... Не можам да го почитувам повеќе отколку што веќе го почитувам. Срамно е што мораше да го стори тоа, но тој направи фантастична работа “. Натпреварите во Премиер лигата во првото коло продолжуваат со минута молчење, а играчите го поддржуваат движењето „Блек лајвс Матерс“ на различни начини. „Секако дека сите животи се подеднакво вредни, но да се надеваме дека ова го покажуваме последен пат.Ако можеме да ја промениме иднината, мора да дадеме се од себе за да го сториме тоа“. Што се однесува до самиот натпревар, Клоп е свесен дека Евертон ќе биде мотивиран да го освои градското дерби, а тој изјави дека ова дерби е уште посоодветно затоа што доаѓа по многу тешка ситуација. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаНајмалку три лица загинаа во руски напад на УкраинаТри лица загинаа, а четворица други се повредени во руските напади врз Украина во текот на ноќта, соопштија денес локалните власти.Вршителот на должноста шеф на Воената администрација на Запорожјето, Михаил Семикин, во објава на Телеграм изјави дека маж и жена се убиени во напад врз автомобил во Новотавриске, Запорожје, пренесува Укринформ. „Непријателот удрил автомобил што минувал низ селото. Автомобилот се запалил, при што загинале маж и жена“, рече Семикин. Тој рече дека уште едно лице загинало, а четворица други се повредени во нападот на руските трупи врз Комишувас, Запорожје. Семикин додаде дека една куќа е уништена во нападот врз селото, а неколку други во близина се оштетени.Тагови: руски напад украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаШвајцарија денеска гласа за забрана за соработка со НАТО и за санкциите Швајцарците денес на референдум одлучуваат за уставните измени, кои драстично би ја заостриле политиката на неутралност. Предлогот би ѝ забранил на земјата соработка со НАТО и воведување економски санкции кои не биле одобрени од Советот за безбедност на ОН. Иако Швајцарија е меѓународно призната како неутрална земја од 1815 година, начинот на кој владата ја спроведува таа политика не е прецизно дефиниран со уставот, што отвори простор за различни толкувања, пишува Ројтерс. Иницијативата за референдумот ја покрена десничарската Швајцарска народна партија (SVP). Тие веруваат дека владата во Берн ја прекршила традиционалната неутралност кога вовела санкции против Русија за нејзината инвазија на Украина. Кампањата била придружена со постери со бели гулаби кои повикуваат на гласање за неутралност и против војната. Сепак, анкетите покажуваат дека предлогот веројатно ќе биде отфрлен. Според едно од најновите анкети, 68 проценти од испитаниците се противат на него, додека 31 процент го поддржуваат. Мислењето на експертите и јавноста Фабио Васерфален, професор по европска политика на Универзитетот во Берн, вели дека Швајцарците ја поддржуваат неутралноста, но и начинот на кој владата моментално ја спроведува. „Тие исто така генерално ги поддржуваат санкциите кон Русија поради војната во Украина и не сакаат тоа да се промени“, додаде Васерфален. Што носи предлогот? Иницијаторите на иницијативата бараат уставна одредба според која Швајцарија не треба да се придружи на никаков воен или одбранбен сојуз, освен ако не биде директно нападната. Исто така, би ѝ било забрането да воведува какви било санкции против други држави, освен оние одобрени од Советот за безбедност на Обединетите нации. Аргументи за и против Поддржувачите тврдат дека неутралноста на Швајцарија добро ѝ служела во минатото и ја спречила да учествува во двете светски војни. Тие исто така веруваат дека таков статус му овозможува на Берн да дејствува како посредник во мировните преговори. „Швајцарија не војувала 200 години затоа што е трајно вооружена и неутрална“, рече Кристоф Блохер, милијардер и еден од главните поддржувачи на иницијативата од редовите на СВП. Тој за Ројтерс изјави дека „неутралноста е помалку почитувана во последните години“ и дека Русија сега ја гледа Швајцарија како страна во конфликтот поради воведените санкции. На предлогот се спротивставуваат швајцарската влада и повеќето политички партии. Министерот за надворешни работи Игнацио Касис предупредува дека усвојувањето на иницијативата би штетило на националната безбедност и би ги оневозможило воените вежби со НАТО и соседните земји.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРистески: Нема веќе чекање по шалтери за ЈСП, за студентите се воведува дигитална картичка Барањето на студентите за поедноставно користење на бесплатниот јавен превоз добива конкретно решение. Со заложба на градоначалникот на Град Скопје и раководството на ЈСП, во завршна фаза се подготовките за воведување дигитална студентска превозна картичка. Со нејзината примена, постапката што досега подразбираше одење на факултет по потврда, чекање пред шалтерите на ЈСП и носење хартиени документи, ќе се одвива дигитално. Ова е промена што студентите ја побараа и која заслужува да биде реализирана. Градското раководство ги слушна нивните потреби и пристапи кон решавање на една административна обврска што со години им одземаше време и енергија. Секој студент што чекал ред за потврда, па потоа уште еден ред за заверка на картичката, добро знае колку е потребна оваа промена. Особено на почетокот на академската година, кога треба да се организираат предавањата, вежбите и другите факултетски обврски. Време е институциите да го преземат својот дел од работата и меѓусебно да ги разменуваат податоците што веќе ги поседуваат. Токму тоа го овозможува ова решение, кое се подготвува преку соработка меѓу ЈСП и ФИНКИ, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Универзитетот „Мајка Тереза“. Студентскиот статус ќе се потврдува преку автоматска синхронизација на податоците меѓу ЈСП и универзитетите. Со тоа се отстранува потребата студентите да доставуваат хартиени потврди и лично да одат на шалтер за заверка. Дигиталната картичка ќе биде достапна преку апликацијата SkopjeBus. Студентите ќе добијат упатства на својата електронска адреса, ќе се најават со истата адреса што ја користат на универзитетот и ќе можат да ја активираат картичката. При патувањето ќе го користат QR-кодот од својот телефон за валидација во автобус. Тоа е директна и практична придобивка: студентската превозна картичка ќе биде во мобилниот телефон, а заверката на статусот ќе се одвива без обиколување шалтери. Потребите на младите мора да бидат високо на агендата на локалната власт. Условите во кои студираат, пристапот до услуги и времето што го трошат за административни обврски се прашања што заслужуваат внимание и конкретни решенија. Поддршката за младите се покажува и преку способноста да се реши проблем што тие го посочиле. Да се поедностави постапка. Да се отстрани непотребна обврска. Да се овозможи услугата да се добие побрзо и полесно. Затоа ја поздравуваме заложбата на градоначалникот и на ЈСП, како и вклученоста на универзитетите во оваа подготовка на ова решение. Очекуваме претстојната имплементација да го донесе токму она што студентите го бараат: едноставен и функционален начин за користење на правото на бесплатен превоз. За почетокот на примената и за начинот на активирање на дигиталната картичка, студентите ќе бидат навремено известени. Ние, како УМС, ќе продолжиме да ги отвораме темите што се важни за младите во Скопје и да се залагаме нивните иницијативи да стануваат реалност. Ќе го следиме спроведувањето на оваа промена и ќе ги пренесуваме предлозите и забелешките на студентите. ВМРО-ДПМНЕ работела и ќе продолжи да работи во интерес на младите. Нашата обврска е таа определба да ја претвораме во конкретни постапки и резултати. Помалку време пред шалтери значи повеќе време за предавања, испити и личен напредок. Токму тоа треба да им го овозможиме на студентите, рече Љупчо Ристески претседател на Градски комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter