Трамп: Постигнат е договор за разоружување на Хамас и повлекување на израелските сили од Појасот Газа
2Трамп: Постигнат е договор за разоружување на Хамас и повлекување на израелските сили од Појасот Газа
3Видео: Шпанија испраќа војници за да ја зајакне безбедноста, откако илјадници мигранти вчера допливаа од Мароко
КошаркаКК Работнички од сите љубители на спортот бара поддршка во борбата за правда и еднаквост во спортотНајтрофејниот кошаркарски клуб во Македонија, КК Работнички со соопштение реагира на вчерашната одлука на Натпреварувачката комисија на МКФ за преселба на клубот во втората лига.Раководството на освојувачот на Купот најавува тужби против сите оние кои учествувале и продолжуваат да учествуваат во прекршување на Законот за спорт и кои му дозволиле на КК Карпош Соколи незаконски да биде дел од Супер лигата. Соопштението од КК Работнички ви го пренесуваме во целост: По последниот развој на настаните КК Работнички ќе ги превземе сите неопходни мерки да ја докаже правичноста на својата одлука да не го одигра натпреварот против КК Карпош Соколи. Имено како што веќе е наведено во жалбата која ја доставивме до Арбитражната комисија при МКФ, КК Карпош Соколи не ја заврши пререгистрацијата во акционерско друштво до почетокот на Супер лигата и со тоа го губи правото да учествува во истата. КК Работнички покрај Арбитражата ќе покрене обвиненија против сите оние кои учествувале и продолжуваат да учествуваат во прекршување на Законот за спорт и кои му дозволиле на КК Карпош Соколи незаконски да биде дел од Супер лигата. Според член 49.3 од Пропозициите за натпреварување, натпреварот, односно колото не може да биде регистрирано се додека не се исцрпат сите правни инстанци, а со тоа не може да се отпочне со второто коло од Супер лигата бидејќи во тој случај екипите кои ја сочинуваат истата немаат ист третман. Уште еднаш, ги повикуваме надлежните лица да не потпаѓаат под влијание на едно или две лица кои ја третираат Македонската кошаркарска лига како нивна приватна сопственост.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЦаринска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евраЦарински службеници на влез на граничниот премин Табановце спречија обид за нелегален пренос на готовина во износ од 64.250 евра, пронајдени при контрола на автомобил со германски регистарски таблички со кој патувал грчки државјанин. Девизите се запленети, а против лицето е поведена прекршочна постапка пред надлежен суд. Во конкретниот случај, на прашање на царинските службеници дали има нешто да пријави, лицето пријавило 60 илјади евра со образец издаден на влез во Република Србија. Поради сомневање во изјавата, царинските службеници заедно со полициски службеник на Фронтекс извршија детален претрес при што се пронајдени вкупно 124.250 евра. Согласно Законот за девизно работење на лицето му се вратени 60 илјади евра, а останатите се одземени. Годинава се откриени вкупно 30 случаи на нелегален пренос на девизи, при што запленети се вкупно 820.675 евра, 141.300 британски фунти и 35 илјади австралиски долари.Тагови: царина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп: Постигнат е договор за разоружување на Хамас и повлекување на израелските сили од Појасот ГазаПретседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека е постигнат договор за целосно разоружување на Хамас и другите милитантни групи во Појасот Газа.Договорот е дел од мировниот план во 20 точки што беше претставен минатата година. Овој договор е клучен чекор кон тоа Газа конечно да биде управувана од нова палестинска влада, која ќе соработува со мировниот комитет за да му помогне на палестинскиот народ, објави Трамп на социјалната мрежа „Трут соушл“. Тој додаде дека во исто време „Израел ќе ја добие безбедноста што ја заслужува, а Газа повеќе нема да се користи како база за терористички напади.Тагови: Доналд Трамп Хамас Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаВидео: Шпанија испраќа војници за да ја зајакне безбедноста, откако илјадници мигранти вчера допливаа од МарокоШпанија испраќа војници за да ја зајакне безбедноста во својата северноафриканска енклава Сеута, откако илјадници мигранти вчера допливаа од Мароко.Најмалку 15 лица се удавија додека се обидуваа да стигнат до Сеута. Локалните власти апелираа до Мадрид за помош по неодамнешното зголемување на обидите за преминување на мигрантите, но вчера имаше хаотични сцени бидејќи граничните контроли не можеа да ги запрат. Врховниот суд на Шпанија,овој месец пресуди дека мигрантите запрени на море додека се обидуваат да стигнат до Сеута или Мелиља, друга шпанска енклава, не можат по брза постапка да бидат вратени во Мароко. BREAKING: 🇪🇸🇲🇦 Spain deploys army to deal with Moroccan invasion of Ceuta pic.twitter.com/SOc2kbVjwv — Megatron (@Megatron_ron) July 30, 2026 Шпанското министерство за внатрешни работи ги обвини мрежите за трговија со луѓе дека го искористуваат тоа за „поттикнување на протокот на мигранти“. Spain's North African enclave of Ceuta is facing a humanitarian and security emergency after about 1,500 migrants swam across from Morocco in the past week. Ceuta's leader, Juan Jesus Vivas, said reception centers are overwhelmed, with hundreds sleeping outdoors and facilities… pic.twitter.com/g0gySeOkAt — Clash Report (@clashreport) July 30, 2026 Тагови: Шпанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook