Ќучук: Бугарија станува проблематична земја која го попречува развојот на ЕУ

 Бугарија станува проблематична земја која ги попречува развојните процеси на ЕУ. 

Нашето место не треба да е меѓу попречувачите, туку во развојниот простор – да поставиме агенда, да наметнеме различни гледишта кои ќе ја направат ЕУ многу поефикасна и тоа да биде во бугарски национален интерес. Една од темите што требаше да ги води Бугарија беше поврзана со проширувањето на ЕУ и како Албанија и Македонија треба да бидат дел од неа, вели во интервју за БНР Илхан Ќучук, европратеник од „Обнови ја Европа“, член на Комисијата за надворешни работи во ЕП и известувач за Македонија.

Тој е категорично против идејата за радвојување на Македонија и на Албанија на европскиот пат, бидејќи смета дека со тоа дополнително ќе се искомплицира меѓународниот имиџ на Бугарија.

Според него, предлогот на француското претседателство со Советот на ЕУ е најдобар досега за Бугарија.

– Дали ќе биде усвоен од Софија и Скопје е друго прашање… Дефинитивна грешка беше да се префрли прашањето како врел компир во Народното собрание. Позицијата на Бугарија треба да биде изготвена од Министерскиот совет. Според Уставот, надворешна политика ја води Министерскиот совет, а не Парламентот, вели Ќучук.

Тој смета дека доколку Бугарија усвои заеднички став за предлогот за Mакедонија, политичкиот притисок повеќе нема да биде врз неа, туку ќе се бараат други механизми за да се наметне еден или друг предлог.

– Бугарија ќе има став, бидејќи не може две години да немаме заедничка позиција за ова прашање. Ќе биде големо непочитување кон ЕУ ако нашата земја не излезе со јасен став како гледа на ова прашање. Во предлогот има доста добри гаранции за решавање на тешките проблеми од минатото и за отворените стари емотивни прашања, како и за правата на Бугарите – тие своите гаранции ќе ги остварат на европски начин, изјави Ќучук.

Жерар Пике барал да се одложи натпревар со шпанската репрезентација поради концерт на Шакира

Шпанската фудбалска јавност деновиве е окупирана со два интересни случаи по приватна преписка.

Најпрво се објавени аудио снимките од разговорот помеѓу тогашниот стопер на Реал Мадрид, Серхио Рамос и претседателот на Федерацијата Луис Рубиалес од 2020 година, во кои Рамос го повикува да ги искористи своите врски и да даде сѐ од себе за да потврди дека „Златната топка“ не се откажува.

Иако фудбалскиот свет во 2020 година речиси едногласно одлучи дека Роберт Левандовски е најоштетен од откажувањето на наградата „Златната топка“, Рамос верува дека и тој имал шанса да го освои престижниот трофеј, па му порачал на Рубиалес дека не бара само за себе, но и за доброто на шпанскиот фудбал.

Сега во јавноста протекоа и разговорите на Рубиалес со уште еден познат стопер, Жерар Пике. Всушност, во 2019 година, долгогодишниот столб на одбраната на Барселона побара од Рубиалес да го одложи пријателскиот натпревар со Романија неколку дена пред да се одржи, бидејќи неговата тогашна девојка Шакира истиот ден настапувала на отворањето на Дејвис купот во Мадрид.

Рубиалес ветил дека ќе направи што може, но на крајот натпреварот не бил одложен и одигран во првично предвидениот термин. Шпанија победила, но Жерар Пике не се запишал на листата на стрелци на натпреварот.

Украина до Турција: Задржете го рускиот брод со нашето украдено жито и уапсете го екипажот

Украина вчера побара од Турција да го заплени товарниот брод со руско знаме Жибек Џоли, кој превезувал украинско жито запленето од окупираното пристаниште Бердјанск, и да го уапси неговиот екипаж.

Официјален претставник на украинското Министерство за надворешни работи, повикувајќи се на информации од Украинската поморска управа, соопшти дека бродот Жибек Џоли превезувал приближно 4.500 тони жито, натоварено во Бердјанск, за кое службеникот тврди дека ѝ припаѓа на Украина.

Во одвоено писмо до турското Министерство за правда, украинското државно обвинителство на 30 јуни соопшти дека Жибек Џоли бил вклучен во „нелегалниот извоз на украинско жито“ од Бердјанск, дека неговата дестинација е градот Карасу во Турција и дека превезувал 7.000 тони товар, што е поголема бројка од онаа наведена од службеното лице.

Турското Министерство за надворешни работи не било веднаш достапно за коментар во врска со доаѓањето на бродот.

Од казахстанската транспортна компанија КТЗ Експрес потврдиле дека Жибек Џоли е во нивна сопственост, но велат дека е ангажиран од руската компанија Грин Лајн, која не е на ниту една листа за санкции.

Украина ја обвинува Русија дека краде жито од областите окупирани од руските сили од почетокот на инвазијата на крајот на февруари.

Ковачевски во телефонски разговор со Шолет: Високо ја ценам поддршката на Стејт департментот

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски вечерва телефонски разговараше со Советникот на Стејт департментот, Дерек Шолет во присуство на амбасадорката на САД, Кејт Мери Брнз.

Премиерот Ковачевски изрази огромна благодарност до Стејт департментот и рече дека високо ја цени поддршка и интересот за нашата земја во овие клучни моменти за државата.

Исто така го информираше советникот Шолет за процесот на широка консултација со сите чинители во општеството кој Владата најодговорно го започна веднаш по добивањето на европскиот предлог. Премиерот во разговорот уште еднаш ги потврди и посочи на јасните определби на Владата кои се темелат на демократските вредности и припадност кон прогресивниот свет кои за нас немаат алтернатива, бидејќи тоа е единствениот пат кој води кон напредок и просперитет, се наведува во соопштението од Владата..

притисни ентер