Ќерката на Пол Вокер го тужи Порше: Мојот татко загина поради грешка на автомобилот - Канал 5

Ќерката на Пол Вокер го тужи Порше: Мојот татко загина поради грешка на автомобилот

Две години по трагичното загинување на популарниот актер Пол Вокер, неговата 16-годишна ќерка Медоу го тужи Порше, бидејќи смета дека автомобилот е виновен за смртта на нејзиниот татко.

Ќерката на Пол Вокер го тужи Порше: Мојот татко загина поради грешка на автомобилот
Холивудскиот актер го преживеал судирот , но починал откако автомобилот „Порше Карера ГТ“ се запалил една минута и 20 секунди по несреќата , стои во тужбата која по скоро две години ја поднесе до судот неговата ќерка .

16- годишната медоу тврди дека нејзиниот татко бил жив запален поради тоа што останал заробен во своето седиште, по судирот не можел да се извлече од автомобилот поради појасот кој го приклештил и му ги скршил ребрата и карлицата. Таа воедно истакнува дека судирот воопшто не би се случил ако автомобилот имал исправни стабилизатори.

Инаку засега службено како причина за смртта на Пол Вокер стои пребрзото возење. Автомобилот го возел неговиот пријател Роџер Родас кој исто така загина во несреќата.

Тужба против Порше во мај минатата година исто така поднесе и сопругата на починатиот Роџер Родас , Кристина . Според нејзината тужба причина за несреќата бил дефект на автомобилот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Без јасен победник на изборите во Кнесетот. Претстојат преговори за обезбедување мнозинство

По пребројувањето на гласовите од парламентарните избори во Израел нема јасен победник, двата главни блока се далеку од мнозинство во Кнесетот со 120 места.

Без јасен победник на изборите во Кнесетот. Претстојат преговори за обезбедување мнозинство

Блокот предводен од партијата ликуд на премиерот Бенјамин Нетанјаху доби 53 места во Кнесетот, додека опозицискиот блок, предводен од партијата Јашар на поранешниот началник на генералштабот на изреаелската армија - Гади Ајзенкот, доби 48.

Арапските партии обезбедија рекордни 19 места. Овој резултат значи дека Израел се соочува со веројатно тежок период на преговори за формирање влада, а не се исклучува и влада на национално единство бидејќи голем дел од еврејските партии одбиваат да коалицираат со арапските.

Израелскиот претседател Исак Херцог ќе одржи консултации со лидерите на партиите избрани во кнесетот пред да ја додели задачата за формирање на влада на кандидатот за кој верува дека има најдобри шанси да обезбеди доволна поддршка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Се урна „самовилски оџак“ во Кападокија поради обилни дождови

Во познатото туристичко место Кападокија во Турција, во близина на Музејот на отворено во Гореме, се урнаа дел од светски познатите таканаречени самовилски оџаци.

Видео: Се урна „самовилски оџак“ во Кападокија поради обилни дождови

Во познатото туристичко место Кападокија во Турција, во близина на Музејот на отворено во Гореме, се урнаа дел од светски познатите таканаречени самовилски оџаци а бројот на жртви засега е три од кои две се брачен пар од Турција а една е странска туристка чија националност се уште не е позната.

Жртвите биле заробени под карпите. Има и пет полесно повредени лица, изјави турскиот министер за здравство Кемал Мемишоглу.

Одронот се случил бидејќи обилните дождови предизвикаа лизгање на земјиштето, објави гувернерот на невшехир - Хусеин Кок. Полицијата, жандармеријата, агенцијата за катастрофи како и здравствените тимови се испратени во градот Гореме, а потрагата по евентуално исчезнати лица и спасувањето продолжуваат.

Турите со балони на топол воздух по кои исто така е позната Кападокија, поради временските услови од дожд и ветер, привремено се откажани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Шпагети со сирење

Во петок (23.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Марио Стојановски

„Гответе со Дракче“ - Шпагети со сирење

Состојки за денешниот рецепт:

250 гр. шпагети

150 гр. сирење

150 гр. кечап

масло

сол и малку магдонос

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер