Брзаковска: Филипче и Горан Бетон Герасимовски молчат, додека граѓаните алармираат за изградба во близина на главна водоводна цевка
1Брзаковска: Филипче и Горан Бетон Герасимовски молчат, додека граѓаните алармираат за изградба во близина на главна водоводна цевка
Шоу бизЌерката на Мајкл Џексон: Мојот татко е убиенПарис Џексон за магазинот „Rolling Stone” изјавила дека нејзиниот славен татко е убиен.„Навестуваше дека постојат луѓе кои се против него. Понекогаш говореше: Ќе ме убијат еден ден“ – рекла Парис. „Очигледно е. Се укажува на тоа. Можеби звучи како теорија на завера или нешто слично, но неговите вистински фанови и сите во семејството го знаат тоа. Се беше наместено“. Парис имала 11 години кога во 2009 година Џексон умре од срцев удар предизвикан од смртоносна комбинација на лекови. Неговиот лекар, Конрад Мареј подоцна е осуден за убиство од небрежност на четири години затвор. Парис го обвинува Мареј за смртта на својот татко, но смета дека зад кулисите се случувало нешто уште погрозно и бара правда. „Ова е како партија шах и јас се обидувам да одиграм како треба. Тоа е се што можам во моментов да речам за ова“ – изјавила таа. Парис признала дека се обидела да се убие неколку пати откако како 14 годишна била силувана од многу постар странец. Се мачела со зависноста од наркотиците и депресијата. „Се мразев самата себе. Мислев дека веќе не заслужувам да живеам“ – признава таа. И сама ги земала истите лекови за депресија кои ги земал нејзиниот татко, но сега веќе не ги користи. Сега е во врска со Мајкл Сноди и планира да се занимава со актерство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБрзаковска: Филипче и Горан Бетон Герасимовски молчат, додека граѓаните алармираат за изградба во близина на главна водоводна цевкаДенес сме на Водно, на улица Партение Зографски 31, каде што жителите алармираат дека се копа и се гради во непосредна близина на главната водоводна цевка. Стравуваат дека градежните активности може да предизвикаат сериозни оштетувања и проблеми со водоснабдувањето. Според жителите, проблемот повеќепати бил пријавуван во Општина Центар, но надлежните не излегле на терен. Господине Герасимовски, колку пријави треба да поднесат граѓаните за конечно да реагирате? Дали треба да настане штета, па потоа да преземете нешто? Јавно прашуваме: Дали е точно дека Општина Центар во моментов има еден градежен инспектор, кој е на боледување, додека останатите ја напуштиле работата? Дали причината за нивното заминување се евентуалните притисоци и од кого? Господине Филипче, господине Горан Бетон Герасимовски, ве повикуваме да дојдете на оваа локација, да разговарате со жителите и да објасните кој ја контролира изградбата и кој ја гарантира безбедноста на водоводната инфраструктура. Господине Филипче, ве повикуваме заедно со Горан Бетон Герасимовски симболично да ги вадиме тулите од овој објект, за кој жителите сметаат дека е спротивен на нивните интереси. Ветувавте хумана урбанизација, а денес граѓаните бараат одговори и конкретни дела. Почитувани, За нас ова е прашање на безбедноста, квалитетот на живот и иднината на Центар. Бараме итен инспекциски надзор, проверка на водоводната инфраструктура и јавно објавување на наодите. Филипче и Горан Бетон Герасимовски, доста се ветувања! Граѓаните заслужуваат одговори, а не изговори! Центар им припаѓа на граѓаните, а не на бетонот и инвеститорските интереси! Клементина Брзаковска, член на ГК Скопје и претседател на Комисија за животна средина на ОК Центар Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКривична пријава против полициски службеник за фалсификување исправаОдделот за внатрешна контрола против А.А. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина.Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до ОЈО ГОКК - Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против А.А. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик. Пријавениот, вработен во Одделот за заштита на определени личности и објекти при МВР, и покрај тоа што на 03.03.2026 и 09.07.2026 не дарувал крв во ЈЗУ Институтот за трансфузиона медицина при комплекс клиники „Мајка Тереза“, изготвил и употребил две лажни потврди за дарување на крв за што изготвил две барања за користење платено отсуство од три работни денови за деновите 03.03.2026, 04.03.2026 и 05.03.2026, како и за 09.07.2026, 10.07.2026 и 13.07.2026, по што ги искористил. Одделот за внатрешна контрола против А.А. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСилен земјотрес го погоди Нов ЗеландЕпицентарот на земјотресот бил на Северниот Остров, на длабочина од 280 километри и на 95 километри од градот Хамилтон.Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Нов Зеланд, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на земјотресот бил на Северниот остров, на длабочина од 280 километри и на 95 километри од градот Хамилтон. Засега нема извештаи за повредени лица или за материјална штета.Тагови: земјотрес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter