Муцунски за „Политико“: Идејата за измена на Уставот стана политички токсична по премногу направени отстапки
Шокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња: Годинава ќе има околу 3.000 помалку од лани, соопшти Јаневска
1Муцунски за „Политико“: Идејата за измена на Уставот стана политички токсична по премногу направени отстапки
2Шокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња: Годинава ќе има околу 3.000 помалку од лани, соопшти Јаневска
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова
Се шири нафтената дамка кај брегот на Оман, невладини организации предупредуваат за ризик од еколошка катастрофа
1Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова
2Се шири нафтената дамка кај брегот на Оман, невладини организации предупредуваат за ризик од еколошка катастрофа
Шоу бизЌерката на Клинт Иствуд се омажи во стари чевли и со фризура што самата си ја направила (ФОТО)Најмладата ќерка на Клинт Иствуд (94), Морган Иствуд (27), се омажи овој викенд, а гордиот татко ја прошета ќерка си до олтарот.Морган откри дека членовите на нејзиното семејство презеле неколку улоги, при што нејзиниот татко ја придружувал до олтарот, а нејзиниот внук ги носел прстените. Свадбата се одржа на Mission Ranch, историски имот во Кармел, Калифорнија што Иствуд го купи во 1986 година. Невестата сподели фотографии од големиот ден на Инстаграм, покажувајќи некои од нејзините омилени моменти. Фотографиите покажуваат дека бремената Морган изгледа неверојатно во традиционален бел фустан. Таа и нејзиниот младоженец Танер Копманс направија различни фотографии со нивните семејства и поглед на ранчот со овци. На една од фотографиите Иствуд го гали стомакот на својата ќерка и изгледа посреќно од било кога. „Нашиот совршен ден“, напиша Морган во објавата. „Совршен ден“, напиша Скот Иствуд, нејзиниот брат во делот за коментари. Иствуд има седум деца, меѓу кои Морган и Скот. Тоа се Лори Мареј (70), Кимбер Лин Иствуд (60), Кајл Иствуд (56), Алисон Иствуд (52), Кетрин Иствуд (36) и Франческа Иствуд (30). Во текот на животот се женел двапати, а двата брака траеле долго. Прво се оженил со Меги Џонсон во 1953 година. Тие се разведоа во 1984 година. Подоцна се ожени со Дина Иствуд во 1996 година. Тие се разведоа во 2014 година. Во различни интервјуа, Иствуд разговараше за родителството и како тој станал подобар во тоа со текот на годините. – Мојата ќерка има приоритет пред сѐ – изјави за Морган во интервју за „Телеграф“. View this post on Instagram A post shared by Morgan Eastwood (@morganeastwood) - Одам на сите натпревари на софтбол и изгледам смешно бидејќи скоро сите деца имаат многу помлад татко од мене. Но, тоа е забавно. Мислам дека го цениш многу повеќе кога ќе дојдеш до мои години. Морган, која го чека своето прво дете, изјави за People дека прославата е „многу инспирирана од Европа и толку совршена“. - Сакавме секој елемент да биде што е можно поопуштен. Сама си направив шминка и фризура, избрав неколку евтини обетки и обув пар кадифени штикли што ги носев претходно. Откако парот се вери минатиот јуни, Морган вели дека првично сакала да побегне некаде далеку за да се омажи, но нејзиниот сопруг сакал поголема прослава. - Чувствувам дека нашата венчавка беше совршена затоа што беше интимна колку што може да биде (со огромно семејство како моето), но тоа беше само потесното семејство и нивните партнери, блиските семејни пријатели и најдобрите пријатели кои ги познаваме цел живот додека растевме. - заклучила невестата. За церемонијата, Морган избра фустан од дизајнерката Сара Севен. - Ми се допадна што беше едноставно и исправено, без шлеп или нешто што се влече. Го купив неколку месеци пред да забременам и многу лесно можеа да го приспособат за да ми одговара на стомакот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
МакедонијаМуцунски за „Политико“: Идејата за измена на Уставот стана политички токсична по премногу направени отстапкиИдејата за уставни измени стана политички токсична по премногу направени отстапки, Македонците се уморни од постојаното поместување на целта и не веруваат дека Бугарија нема да побара нешто ново.Идејата за уставни измени стана политички токсична по премногу направени отстапки, Македонците се уморни од постојаното поместување на целта и не веруваат дека Бугарија нема да побара нешто ново- вели во интервју за Политико шефот на дипломатијата, Тимчо Муцунски. Потенцира дека Македонија има целосно усогласено законодавство со ЕУ и заслужува праведни и предвидливи евроинтеграции по две децении статус на кандидат. Немаме луксуз за план Б, со нашиот напредок, најмногу придобивки покрај Македонија, ќе има токму Бугарија, оценува Муцунски. -Понекогаш сме многу фрустрирани поради недостигот од политички резултати. Станавме „студија на случај“ за тоа како билатералните спорови можат да го попречат процесот на проширување на Европската Унија. Да се каже дека кон нас се постапувало неправедно е преблага формулација. Ова е апсолутна злоупотреба на позицијата на една земја членка на Европската Унија,- Тимчо Муцунски - министер за надворешни работи. Во меѓувреме опозицијата во земјава му забележува на министерот за надворешни зошто водел тајни преговори за деблокада на евроинтеграциите, со тврдење дека владата подготвува терен за прифаќање на францускиот предлог. Велат дека дел од таа стратегија е и патувањето на премиерот кој кажа дека наместо на класичен одмор ќе оди на ексурзија во Белгија летово. -Брисел во август не е туристичка дестинација. Не е град за екскурзии. Не е место каде што се оди на одмор. Брисел е град на европската бирократија - Европската комисија и Европскиот парламент. Таму се оди само кога имаш конкретна работа со Европската унија. Зошто Христијан Мицкоски токму сега оди во Брисел? - Тимчо Муцунски - министер за надворешни работи. Власта негира дека се тајни разговорите кои се водат „под радарот“, но не споделувале детали за да не пропаднат обидите. Уште пред еден месец евроамбасадорот Рокас откри дека има дипломатска офанзива, а потврда за тоа имаше и претседателката Сиљановска Давкова. Министерот Муцунски кажа дека се далеку од решение, но се бара начин за деблокада на европскиот пат на Македонија, со тоа што ќе се спречи ново вето во иднина поради идентитетски прашања. Тагови: Тимчо Муцунски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
МакедонијаШокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња: Годинава ќе има околу 3.000 помалку од лани, соопшти ЈаневскаПред почетокот на новата учебна година, загрижува драстичниот падот на бројот на запишани првачиња. Според првичните податоци, во училишните клупи оваа година ќе седнат околу 4.900 првачиња помалку во споредба со лани кога имало 17.250 првачиња. Иако оваа бројка не е конечна, бидејќи можноста за упис се уште трае, прогнозите на министерката Весна Јаневска се дека нема да се запишат уште повеќе од две илјади, за што смета дека е сериозен показател за негативните демографски трендови во земјава. Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и директорката на Државниот испитен центар, Даниела Јовчевска Михајловска изразија задоволство од реализацијата и постигнатите резултати од полагањето на државната матура во јунскиот испитен рок, со средна оценка 3.66. Просекот е речиси идентичен со ланскиот кога изнесуваше 3,69. Најголемо знаење матурантите покажале на полагањето на странските јазици. На 226 ученици им бил поништен тестот и тие ќе полагаат повторно во август. Дел се фатени како препишуваат на лице место, а дел е утврдено дека препишувале откако им се прегледани тестовите и биле најдени идентични раскази. Августовската испитна сесија ќе се реализира во четири градови, на 12 август кога се полага странски јазик, а на 14 август е полагањето по мајчин јазик. Полагањето на интерните испити и одбраната на проектните задачи ќе се одвива во периодот од 17 до 24 август. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОнколошките пациенти на протест: Не бараме привилегии, туку навремена и континуирана терапијаНе бараме привилегии, туку навремена терапија! Со ваква порака упатена од пред Министерството за здравство Зружението на онколошки пациенти „ХЕМА – ОНКО“ ја најави новата борба за системско решение на старите проблемите со терапиите и повторно побараа лековите да не доцнат ниту еден ден за да не бидат оставани во неизвесност и страв. Од Здружението порачаа дека иако дел од терапиите наменети за канцер на дојка, простата и дебело црево, што десетина дена не беа достапни на Онкологија веќе пристигнале на Клиниката бараат да се стави крај на праксата пациенти да бидат враќани од Онкологија со изговор „денес, за вас, нема терапија!“. -Не постојат клинички студии на кои што стои дека ние сега можеме да одложиме терапијата за 10 дена, за две недели или месец дена. Оваа држава во изминатите пет години, постојано, ги држи онколошките пациенти во некаква неизвесност со терапијата без оглед на тоа кој е Министер и кој е власт. Не бараме привилигии, туку она што го сакаме терапијата да е навремена и континуирана,- - Ана Марјановиќ – здружение “ХЕМА-ОНКО“. Од Министерството за здравство информираат дека пациентите оствариле средба со заменик-министерот Јовица Андовски, и оти се работи на подобрување на достапноста на лековите. -На средбата беше посочено дека е обезбедено рекордно зголемување на буџетот за Онкологија и дека се работи на подобрување на достапноста и континуитетот на терапијата. За лековите кај кои беа регистрирани доцнења веќе се преземени конкретни мерки. Дел од испораките се реализирани, за дел се склучени нови договори, а за останатите се обезбедуваат привремени решенија до целосно нормализирање на состојбата,- - Министерство за здравство. Од Здужението „ХЕМА-ОНКО“ јавно побараа онколошките пациенти да не бидат злоупотребувани во дневно – политички цели и да не бидат дел од партиските препекувања. А, посочија и дека проблемите со терапијата, превенцијата, големиот број пациенти и скапите лекови нема да се решат со краткорочни туку со долгорочни мерки- подобри закони и процедури за набавка, подобра дистрибуција и соработка со добавувачите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04