Ќе се разгледуваат претставки од граѓани на седница на Судскиот совет - Канал 5

Ќе се разгледуваат претставки од граѓани на седница на Судскиот совет

Ќе бидат разгледани повеќе претставки и поплаки поднесени од граѓаните и правните лица за работата на судиите, претседателите на судовите и судовите.

Ќе се разгледуваат претставки од граѓани на седница на Судскиот совет

Судскиот совет на Република Македонија денеска ќе ја одржи 534-та седница на која ќе се разгледаат прашања поврзани со престанокот на судиска функција поради стекнување услови за старосна пензија, поплаки и претставки за работата на судиите и судовите, како и формирање комисии за постапки за утврдување одговорност.

Ќе бидат разгледани повеќе претставки и поплаки поднесени од граѓаните и правните лица за работата на судиите, претседателите на судовите и судовите.

Дневниот ред опфаќа и расправа по Пресудата на Управниот суд У‑5 бр. 380/2025, како и по Известувања за утврдена фактичка состојба.

Советот ќе формира и комисии на известители по поднесените барања за поведување постапка за утврдување одговорност на судија или претседател на суд, по што следува точката разно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно време со температура до 25 степени

Времето во текот на денов ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, информираат од УХМР. 

Променливо облачно време со температура до 25 степени

МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С)

4 Попова Шапка, 5 Берово, 6 Крушево, 7 Охрид, Маврови Анови, 8 Битола, Претор, 9 Скопје-Петровец, 10 Тетово, Куманово, Штип, Кавадарци, Демир Капија, Струмица, 11 Крива Паланка, Прилеп, 12 Велес, Виница, 13 Скопје-Зајчев Рид, 15 Гевгелија.

КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 08 часот во (l/m2)

5 Битола, 3 Крушево, 1 Претор, Демир Капија, Берово, Велес, Кавадарци, Тополчани.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 25 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 23 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 27. септември 2026 година

Дневен хороскоп за недела, 27. септември 2026 година. 

Дневен хороскоп за 27. септември 2026 година

Вага 24.9.-23.10.

Љубов

Во вашиот приватен живот работите се одвиваат како што треба. Поради тоа неумесни прашања не ве загрижуваат.

Кариера

Ќе треба да поработите на една работа заостаната од порано. Веројатно сеработи за пренамена или некакви корекции.

Здравје и совет

Мали стресови што добро ги поднесувате.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Радоста поради хармонијата и среќата во вашиот приватен живот ќе биде заразна. Игнорирајте ги грижите.

Кариера

Повремено ќе се сетите на новите планови и се она што ве очекува. Сепак , тоа нема да биде товар , туку само интересно комбинирање.

Здравје и совет

Бидете свои.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Поради тоа што има се помалку шанси кои се во прилог на вашиот љубовен живот , денеска ви паѓа самодовербата.

Кариера

За да постигнете напредок во една работа , ќе треба од нешто да се откажете. Кај некои тоа ќе значи и финансиски трошок.

Здравје и совет

Внимавајте на грлото .

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Ќе сфатите дека немате каде и дека требада ја прифатите состојбата каква што е. Тоа ќе биде зрела одлука што ќе треба да ја спроведете.

Кариера

На некои ќе им легнат пари на сметка. Други ќе осмислат уште подобар начин на заработувачка. Тртети ќе работат повеќе надевајќи се на поголем приход.

Здравје и совет

Не пијте студени напитоци.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Внимавајте со духовитите , а сепак несоодветни разговори да не ја повредите саканата личност.Контролирајте се.

Кариера

Вашите соработници од блиската работна околина ќе бидат оруигинални , но доста непродуктивни. Ќе имате утописки идеи.

Здравје и совет

Не поддржувајте нешто со што нес е согласувате.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Некои во пријатна личност ќе препознаат идеален партнер. Ќе бидете збунети , но и подготвени за акција.

Кариера

Денеска би можеле да добиете информација за еден ваш успех за кој сите ќе слушнат. Ќе ви биде мило.

Здравје и совет

Држете се до својот план.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Денеска саканата личност би можела навистина да ве збуни. Час ќе биде отворена и на раб на агресивност , а час чувствителна и повлечена.

Кариера

Во работите со луѓе и комуникации ќе бидете продуктивни и успешни. Поврзете се што можете повеќе со соработниците.

Здравје и совет

Не инсистирајте да биде по ваше.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Веројатно денеска ќе чувствувате дека созреваатнекои важни работи меѓу вас и партнерот. Само немојте да брзате.

Кариера

Важно е да не се држите до крај до своите идеи , туку подобро да ги прифаќате и идеите на другите.

Здравје и совет

Да се греши е човечно , но да не се признаат грешките е лудост.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Некои во милата личност ќе го препознаат идеалниот партнер . Ќе бидат по малку збунети , но и подготвени за акција.

Кариера

Можен е финансиски трошок на кој не сте подготвени , но вашите идеи се толку богати што набргу ќе го вратите изгубеното.

Здравје и совет

Чувајте го грлото и вратот.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Она што можеби недостасува ќе го надополните со конструктивен пристап и фокусирање на она што е позитивно во вашиот однос. Тоа е паметно.

Кариера

Имате право да прашате доколку нешто не ви е јасно , но ако денеска не работите, прашањето одложете го за следната недела.

Здравје и совет

Одете таму каде што ви е убаво.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Доаѓа до се поголема хармонија во личните односи , а вие ќе бидете задоволни. Работите се одвиваат како што треба.

Кариера

На работа јасно ќе ви стават до знаење дека го ценат вашиот труд и професионалност. Тоа уште повеќе ќе ве мотивира за понатаму.

Здравје и совет

Не обрнувајте внимание на мали нервози.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Конечно ќе најдете вистински зборови со кои ќе го подобрите односот со саканата личност. Самците успешно се додворуваат.

Кариера

Денеска ќе добиете одговори на некои прашања , а деловната кореспонденција ќе се интензивира.

Здравје и совет

Можни се мали нервози.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рита Ора објави селфи, седната на ВЦ школка- сите згрозени, реагира и вереникот (ФОТО)

Британската пејачка со албанско потекло Рита Ора е во центарот на вниманието со години благодарение на нејзините големи музички хитови, но се чини дека сè повеќе привлекува внимание од јавноста со содржини што немаат многу врска со музиката.

Рита Ора објави селфи, седната на ВЦ школка- сите згрозени, реагира и вереникот (ФОТО)

Пејачката сега ги изненади своите следбеници со својата најнова објава на Инстаграм, бидејќи меѓу фотографиите од секојдневниот живот сподели фотографија од тоалетот.

Рита ги шокираше своите следбеници со невкусен потег позирајќи седејќи на тоалетот, целосно опуштена пред камерата, со што уште еднаш покажа дека не бира средства за да ја постигне својата цел, да привлече внимание.

Покрај фотографијата од тоалетот, Рита објави и неколку други сцени - од автомобилот, кујната, како и фотографии направени додека поминува време надвор.

Таа кратко напиша „Каква недела“ покрај галеријата.

Нејзиниот вереник веднаш реагираше на нејзината објава, кој напиша со хумористичен тон: „О, човече. Селфи на тоалетот. Изгледа дека беше навистина напорна недела.“

Додека некои обожаватели ја пофалија и ѝ рекоа дека изгледа одлично, други се прашуваа кога конечно ќе го издаде својот нов албум. Многумина коментираа дека би сакале Рита повеќе да се фокусира на музиката и да открие детали за нејзините нови песни.

Иако е позната по тоа што нема проблем да ги покаже различните страни од својата личност, овие објави повторно го поставуваат прашањето колку далеку одат познатите личности во обид да останат во центарот на вниманието. Рита, според сите извештаи, нема намера да се грижи што ќе каже јавноста, туку споделува со своите следбеници токму она што ѝ паѓа на ум во моментот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер