Ќе се носи нов закон за градење, предлог решението готово до крајот на годината

Со предлогот на законот за градење ќе се овозможи и стимулира просторниот и економскиот развој ќе се стимулира инвестирањето во градењето,. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Прва седница на Владата предводена од премиерот Димитар Ковачевски

Владата предводена од новиот премиер Димитар Ковачевски денеска ќе ја одржи првата седница, со почеток во 14 часот. 

Новиот состав на Владата беше изгласан синоќа пред полноќ во Собранието. Владата има 21 член, еден повеќе од претходниот состав.

Претседателот на Владата Ковачевски ќе има четворица заменици, Артан Груби – прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Славица Грковска – вицепремиер за борба против коруција и криминал, Бојан Маричиќ – вицепремиер за европски прашања и Фатмир Битиќи – вицепремиерот за економски прашања.

Оливер Спасовски е избран за министер за внатрешни работи, Славјанка Петровска – за одбрана, Никола Тупанчевски – за правда, Благој Бочварски – министер за транспорт и врски, Љупчо Николовски – за земјоделство, шумарство и водостопанство, Јована Тренчевска – за труд и социјална политика, Бисера Костадиновска-Стојчевска – за култура, Горан Милевски – министер за локална самоуправа, Беким Сали – за здравство, Јетон Шаќири – за образование и наука, Бујар Османи – за надворешни работи, Фатмир Бесими – министер за финансии, Крешник Бектеши – за економија, Насер Нуредини – за животна средина, Адмирим Алити – за информатичко општество и администрација и Џемаил Чупи – министер без ресор задолжен за дијаспората.

Цената на златото со благ раст поради монетарната политика на ФЕД

Цената на златото утрово благо порасна поради очекувањата дека ФЕД нема нагло да ја заостри монетарната политика и покрај високата инфлација, покажуваат податоците за трговијата.

Во 7.41 часот цената на февруарските фјучерси на златото на Њујоршката берза порасна за 0,18 отсто или 3,25 долари на 1819,8 долари за троја унца. Мартовските фјучерси на среброто се зголемија за 0,48 отсто на 23.027 долари за унца.

Вниманието на инвеститорите е насочено кон понатамошните активности на ФЕД, кој најверојатно ќе ја зголеми основната каматна стапка на следниот состанок.

Според аналитичарите на TD Securities, цитирани од Волстрит Журнал, неодамнешната изјава на претседателот на ФЕД, Џером Пауел, е сигнал дека каматните стапки може благо да се зголемат. Ова значи дека благородниот метал има можност за поскапување.

Северна Кореја истрела неидентификуван проектил во Јапонското Море

Северна Кореја истрела неидентификуван проектил во Јапонското Море, соопшти Заедничкиот комитет на началници на Генералштабот на Јужна Кореја.

Пентагон соопшти дека САД сакаат да разговараат за спорните прашања со Северна Кореја.

Ова е четврто истрелување ракета од страна на Пјонгјанг оваа година. Претходните се извршени на 5, 11 и 14 јануари. Во првите два случаја, Северна Кореја соопшти дека успешно тестирала хиперсонични ракети. На 14 јануари, две балистички ракети со краток дострел беа истрелани од железнички ракетен комплекс.

притисни ентер