Ќе има ли забрана за одржување на првата геј парада во Сараево?

Министерот на полицијата на кантонот Сараево соопшти дека собирот не добил одобрение за одржување.

Првата парада на городста во Сараево , најавена за почетокот на септември би можела да биде забранета , најави денеска министерството за внатрешни работи на кантонот, поради тоа што властите биле подфелени по ова прашање.

Министерот за внатрешни на кантонот Сараево, Адмир Катица рече дека собирот нема дозвола за одржување , а појасни и дека може да биде издадена забрана за одржување на парадата на гордоста.

Во исто време , премиерот на кантонот Сараево , Един Форто порача дека ќе направи се за парадата да се одржи.

И политичките партии во БиХ се поделени во врска со одржување на собирот , така што дел порачуваат дека тоа уште повеќе би ја вжештило политичката состојба во земјата , додека дел од партиите се залагаат за прв пат да се одржи Прајд во Сараево.

Кривична пријава против велешанка за употреба на исправа со невистинита содржина

Велешката полиција поднесе кривична пријава против М.В.(44) од Велес, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“. 

Како што информираат денеска од МВР, пријавената, на функција директор во општинска јавна установа за деца - детска градинка во Велес, прибавила меѓународно признаен сертификат за познавање на англиски јазик со нејзино име, издадена од училиште за јазици од Пловдив, Бугарија.

Иако знаела дека исправата е со невистинита содржина, М.В. ја употребила како доказ дека поседува меѓународно признаен сертификат при нејзиното аплицирање на Јавен оглас за избор на директор на детската градинка, по што и била именувана на функцијата.

Учениците од понеделник на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта  во Македонија од понеделник, 29 април, заклучно со 6 мај 2024, ќе бидат на пролетен распуст кој е воведен од оваа учебна година.

Првпат има промена и во календарот за настава, така што 2023/2024 за основците ќе заврши на 17 јуни, а за средношколците, како и во минатите години – на 10 јуни.

Училиштата нема да работат на 8 мај (среда) кога ќе се одржуваат вториот круг од Претседателските избори и Парламентарните избори 2024.

Ден претходно, вторник 7 мај, скратени часови и работно време до 11 часот ќе имаат оние училишта каде што утредента ќе се организира гласањето.

Како што информираше Министерството за образование и наука, наставата од двата дена кои поради изборите се неработни ќе бидат одработени во работни денови со подолг престој на учениците во училиштата за да се реализираат дополнителни часови.

Скопските ученици треба да надоместат и за пропуштеното од наставата на 30 ноември 2023 кога во главниот град беше организиран Советот на министри на ОБСЕ.

За планирањето и организирањето на дополнителните часови, МОН ги задолжи директорите на училиштата.

-Дополнувањето на нереализираните наставни часови ќе го планираат и организираат директорите на училиштата и ќе се реализира со подолг престој на учениците во денови од работната недела, во рамки на шестчасовното работно време на наставниците, соопшти МОН откако по реакции во јавноста и од синдикатите ја повлече претходната одлука пропуштената настава да се надомести во саботи.

Миовски фудбалер на годината на Абердин

Репрезенативецот на ѐмакедонија, центарфорот Бојан Миовски (24) е избран за фудбалер на годината на Абердин на свечена церемонија која синоќа ја одржа шкотскиот премиерлигаш.

Фудбалскиот клуб Абердин го прогласи македонскиот напаѓач Бојан Миовски за најдобар играч во тимот за сезоната 2023/2024.

Ова и не е толку големо изненадување ако се знае дека штипјанецот се најде и во идеалниот тим на сезоната во шкотската Премиер лига. Покрај тоа, Бојан е прв стрелец на Абердин, незаменлив е во првиот состав и главен адут на тимот.

Македонскиот репрезентативен напаѓач Бојан Миовски (24) е избран за фудбалер на годината на Абердин на свечена церемонија која синоќа ја одржа шкотскиот премиерлигаш.

притисни ентер