Веб ТВЌе има ли решение за кумановецот со шизофренија кој со години ги малтретира семејството?Кумановската полиција ќе преземе посебни мерки за заштита и ќе ги разгледа сите досегашни пријави што семејството од Куманово ги има поднесено за нивниот роднина кој физички и психички е насилен со нив и имал полов напад врз малоленик. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights ReservedКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканЦрвен аларм во Грција поради шумски пожариДенес во Атика и неколку други региони во Грција беше издадена црвена тревога за шумски пожари, а властите го кренаа нивото на подготвеност на највисоко ниво.Денес во Атика и други региони на Грција беше издадена црвена тревога за шумски пожари, објави Генералниот секретаријат за цивилна заштита на Министерството за климатска криза и цивилна заштита. Државниот апарат е ставен во висока оперативна подготвеност поради опасноста од пожари, објави „ERT News“. Црвената тревога за шумски пожари е издадена за регионот Атика, вклучувајќи ја Китера, како и регионалните единици Коринт, Арголис, Аркадија и Лаконија. Истата тревога е издадена и за регионот Крит и регионалните единици Беотија, Фтиотида и Евија. Во северниот Егеј, црвената тревога се однесува на регионалните единици Лезбос, Хиос, Самос и Икарија, како и на Кикладите во јужниот Егеј. Активирањето на црвената тревога за пожар значи дека националниот механизам за цивилна заштита е ставен во целосна мобилизација, со распоредување на потребниот персонал, опрема и ресурси за справување со потенцијални пожари. Фото: ВИТагови: грција пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Со нетрпение го чекаме Мицкоски од екскурзијаБрисел е многу популарна дестинација за летување, особено за екскурзии.Екскурзија е организирано патување на група луѓе - најчесто ученици или студенти, заради учење, запознавање нови места, култура, историја… или во овој случај, заради одмор и политичко препакување. Со нетрпение го чекаме враќањето на Христијан Мицкоски. Одвои осум дена. Остануваат уште седум. Четири дена Брисел - „стручна екскурзија“. Таму, како што доликува на сериозна стручна посета, ќе се запознава со фабрики, институции и, секако, со Европската комисија. За да стекне практични знаења за… францускиот предлог. Ќе почекаме да се врати. Па сите да научиме дека францускиот предлог воопшто не е лош. Исто како што од Мицкоски научивме дека НАТО не е лош - напротив, феноменален. Исто како што од Мицкоски научивме дека Преспанскиот договор е ремек-дело на дипломатијата и многу други убави работи. Ќе треба само малку повеќе време гласачите на ВМРО да го сфатат тоа. Затоа што до вчера Мицкоски ги учеше сосема спротивно, додека клечеше и ветуваше само за да дојде на власт. Единствена трајна последица од тоа патриотско клечење во претходната кампања е што сега го болат колената. Затоа и го зеле седиштето 11D - да може да ги испружи. Со нетрпение го чекаме. Ќе имаме многу да учиме. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВо Струмица заврши 21. „Астерфест“Синоќа, со проекција на пет наградени филмa, заврши 21. издание на интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“, коешто се одвиваше под мотото „Со отворени очи“.По свеченото отворање од градоначалникот Петар Јанков, на самиот почеток, лауреатката Синоличка Трпкова ја прими наградата „Астер“ од претседателот на „Астерфест филм фестивал“, читајќи ја беседата „Ода за уметникот“. Во текот на петдневните чествувања во знакот на филмската уметност, во преполниот Амфитеатар беа прикажани 20-тина кусометражни филмови. Покрај натпреварувачката, имаше и ревијална долгометражна програма во која специјални проекции имаа „Версус: филмовите на Кен Лоуч“ на Луиз Осмонд, „Железна тврдина“ на Митко Панов, „Филм до вжештување“ на Дарко Баиќ и „Жртвопринесување“ на Андреј Тарковски. Гостите имаа Тивериополска филмска посета на Манастирот во Велјуса, а се одржаа и промоција на филмска литература и авторска средба низ прашања и одговори од публиката. Жири-комисијата, составена од Теа Китаришвили, Бернард Дичек и Ана Витанова-Рингачева, едногласно одлучи и ги соопшти наградите за најдобрите филмови. Гран прито за најдобар краток филм го понесе „Неми филмови“ на Крсте Господиновски, во македонско-романска копродукција. Златната потковица му припадна на „Крајолици на човештината“ на Јана Хунтерова, во чешко-македонско-британска копродукција. Сребрената потковица отиде во рацете на данскиот „Душа птица“ на Тобијас Кампан, а со Бронзената потковица се закити Маријам Бакачо Хачвани за грузискиот „Земјата на мажите“. За најдобар режисер со наградата „Ацо Алексов“ беше прогласена Елвира Барбоза за францускиот филм „Франсин, исток-запад“, а наградата за најдобро сценарио „Ѓорги Абаџиев“ отиде кај Бранко Костески за македонскиот краток филм „Остров“. Специјални признанија од жирито добија и јужнокорејскиот „Разденување“ на Хе-о Парк и бугарскиот „Оџачарот“ на Настимир Цачев. Најголем број гласови од публиката освои канадскиот оскаровец „Девојчето што ронеше бисери“ на Крис Левис и Мациек Шчербовски, а нововостановената награда за најдобра женска улога „Зора Георгиева“ ѝ припадна на британската актерка Софи Томпсон во филмот „Нешто бесмислено“. Фестивалот продолжува со намерата да го афирмира светскиот авторски филм, но и дела од македонската кинематографија. Овогодишниот „Астерфест“ беше поддржан од Агенцијата за филм на Македонија и од Општина Струмица.Тагови: Струмица Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter