ЈО: Обвинение за возачот на „Сеат Алтеа“, му го пресекол патот на мотоциклистот што загина кaj Радишани и избегал
Стабилна е состојбата на на 28-годишниот скопјанец кој има тешка повреда на ‘рбетниот мозок по пад од тобоган во Турција
1ЈО: Обвинение за возачот на „Сеат Алтеа“, му го пресекол патот на мотоциклистот што загина кaj Радишани и избегал
2Стабилна е состојбата на на 28-годишниот скопјанец кој има тешка повреда на ‘рбетниот мозок по пад од тобоган во Турција
КултураПроекција на „Колку чини водата?“ и еко хакатон во на „Дрим Шорт“ Проекција на „Колку чини водата?“ и еко хакатон во соработка со Еко-свест Вевчани на последниот фестивалски ден на „Дрим Шорт“ Програмата за четвртиот фестивалски ден на 10. Дрим Шорт ќе започне во 17 часот во Europe House Struga со проекција на Проекција на „Колку чини водата“ во режија на Сара Александровска и Еко-хакатон во соработка со Еко-свест Вевчани. Денеска е последен ден за Специјалната ВР програма во Дуќан, со филмовите односно виртуелни искуства „Shelter“ и „8 billion selves“. Вo продолжение се наоѓа филмската програмата и распоредот за последниот фестивалски ден. Програма за 9 август (недела) Локација: Europe House Struga 17:00 Проекција на „Колку чини водата“ во режија на Сара Александровска и Еко-хакатон во соработка со Еко-свест Вевчани 19:00 Проекции на вториот дел од студентската натпреварувачка програма Grandpa's Fur, режија: Teodor Stoilov, Nellie Rajala Rage, режија: Fran Moreno Blanco, Santi Pujol Amat Ends and beginnings, режија: Klaudia Fortuniak Локација: Парк на поезија 20:30 Проекции на мешана натпреварувачка програма Меѓународна програма Eraserhead in a Knitted Shopping Bag, режија: Lili Koss Регионална програма SOS, режија: Anita Morina Специјална програма „Соочување со минатото“ Intersecting Memory, режија: Shayma' Awawdeh Национална програма Christmas Lights, режија: Gjorgji Lazov По проекциите следува серија на прашања и одговори со Златко Ѓелески и присутните автори. По филмската програма следува доделувањето на наградите за ова 10-то јубилејно издание на фестивалот. Распоредот и програмата се достапни на социјалните мрежи и веб-страницата на „Дрим Шорт“ (www.dsff.mk). Влезот за сите настани е бесплатен. Со почит, тимот на Дрим ШортТагови: Дрим Шорт Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈО: Обвинение за возачот на „Сеат Алтеа“, му го пресекол патот на мотоциклистот што загина кaj Радишани и избегал Се обидел да избегне еден автомобил, но, за жал, завршил директно во друг. 19-годишниот Никола Макрачевски со својот мотор загинал преминувајќи во спротивната коловозна лента за да избегне возило. Зад несреќата според Обвинителството, стои маневар на 46-годишен возач на „сеат алтеа“ кој му го пресекол патот и започнал да свртува налево кон ул.18. На крстосницата немало сообраќајни знаци, но како што соопштија од Обвинителството, возачот не ги пропуштил возилата што доаѓале од спротивната страна на ул. Радишанска.Така возачот на „алтеата“ му го пресекол патот на Никола, кој со мотоцикл „кавасаки“ се движел право. Во обид да избегне директен судар, Никола свртел налево и преминал во коловозната лента наменета за возилата што се движат во спротивна насока. Но, таму се движел автомобил „алфа ромео“. Мотоциклот директно удрил во автомобилот, а од силината на ударот Никола излетал и паднал на коловозот. Се здобил со тешки телесни повреди од кои починал. Полесно бил повреден и возачот на „алфа ромеото“. Според Обвинителството, 46-годишникот по несреќата не застанал да им помогне на повредените, туку го напуштил местото. Тој сега се гони за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, како и за неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода. -Со цел обезбедување на лицето во текот на постапката, јавниот обвинител предложи да му бидат определени мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, обврска да се јавува во Судот, привремено одземање на патната исправа и одземање на возачката дозвола“, соопштија од Обвинителството. Откако 46-годишникот од Арачиново, каде беше пронајдено и неговото возило беше уапсен завчера, денеска со новите детали од Обвинителството официјално се открива и улогата на третото возило во несреќата. Првично, од МВР беше соопштено дека во судирот учествувале мотоциклот и „алфа ромеото“, но според новите детали и обезбеден видео запис при увидот, токму возачот на „сеатот“ го натерал Никола да се обиде да го избегне сударот и да премине во спротивната лента, што заврши кобно за младиот мотоциклист. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСтабилна е состојбата на на 28-годишниот скопјанец кој има тешка повреда на ‘рбетниот мозок по пад од тобоган во ТурцијаСтабилна е здравствената на 28 годишниот скопјанец кој имаше тешка пвореда на ‘рбетниот мозок при пад од тобоган во Турција, изјави директорот на ТОАРИЛУЦ, Игор Мерџаноски. Пациентот самостојно дише и почна со храна, потврдија докторите. Пациентот имаше операција во Турција и вчера беше донесен во Македонија со владиниот авион. Доктор Мерџаноски со апел до сите кои скокаат од карпи во во вода и користење на забавни паркови, многу често завршуваат со фатални последици по нивното здравје со траен инвалидитет. Иако со години има кампањи од страна на докторите и МВР да се внимава често пати адреналинот е многу појак од апелите. Новите операциони сали во клиничкиот центар се функционални две недели и се работи со полна пареа и за викенд да се намалат листите на чекање, потврди доктор Мерџаноски кој цел викенд со својот тим оперираат. Големо влијание на списокот за операции имаат честите сообраќјни незгоди заради топлото време каде често моторџиите се со скршеници, но многу често и возачи на автомобили во топлите часови од денот добиваат топлотен удар и имаат тешки сообраќајни незгоди. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Мицкоски објави видео 35 години независност - промоција на СДСМХристијан Мицкоски денеска објави видео по повод 35 години независност на Македонија.И што видовме? Видео што ја слави државотворната политика на СДСМ. Во видеото е Киро Глигоров. Во видеото се најголемите државни успеси на Македонија. Во видеото само недостасува влезот во НАТО, како и почетокот на преговорите со ЕУ. Сè што е позитивно и државотворно во тие 35 години, е дело на СДСМ. Ниту еден вистински државен успех во овие три и пол децении, не носи потпис на ВМРО. Затоа во видеото нема место за Никола Груевски. Тие години на темнина, криминал и бегство не се за промотивни спотови. Нема место ниту за оваа актуелна Влада - затоа што нема што да покаже. Мицкоски сакаше да се пофали со независноста. А всушност објави промоција на сè она што СДСМ го изгради. Македонија има причина да биде горда. И таа гордост, во најголем дел, носи потпис на СДСМ. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook