Напуштањето на пратеничката група предводена од СДСМ на двајцата пратеници на ЛДП е единствено од практични причини за посамостојно делување во Собранието, тврди за Канал 5 претседателот на партијата Горан Милевски и уверува дека нивната одлука нема да предизвика тектонски поместувања во владината коалиција, ниту пак приклонување кон опозицијата.
-Ние од август ја имаме донесено одлуката, неколку пати на барање на СДСМ сме ја одложувале примената. Сега излезе во јавност одлуката, се крена фама дека сме дел од ново мнозинство и затоа моравме да реагираме, да објасниме дека тоа нема врска со мнозинството и не знам зошто премиерот толку бурно реагирал вчера претпоставувам, тежок ден поради бегството на Мијалков и можеби затоа така реагирал,вели Горан Милевски.
По стапките на ЛДП, ќе тргне и Павле Трајанов од Демократскиот Сојуз, но и тој вели дека владеачкото мнозиство е цврсто и одделувањето од мнозинството ќе допринесе за зголемување на плурализмот и одговорноста, а воедно се дава поголема можност на пратениците да ги спротиставуваат нивните мислења.
-Има шпекулации дека берзата на пратеници е отворена, дека се нудат суми, јас тоа не можам да го потврдам, зборам за шпекулации и за тоа што се зборува во ходниците, во куларите, но како и да е, коалиција се прави пред изборите, се настапува заедно и се додека главните партиски програмски определби се дел од програмата на владата, таа треба да ја ужива поддршката,истакна Павле Трајанов..
Одлуките за одвојување на помалите партери во колаицијата на СДСМ доаѓаат во време кога лидерто на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски најави дека ќе поднесат иницијатива за гласање за недоверба на Владата за што побара поддршка од пратениците од двата табора.