Ќе доцни ли стартот на субвенционирањето на зголемувањето на платите?

Доцни Законот за субвенционирање на придонесите за сите газди кои ќе ги зголемат платите на работниците до 100 евра.

Иако најавено дека ќе стартува од 1ви ноември, сепак законот се уште го нема поминато собранискиот филтер. На пленарна седница, ќе се гласа дури на 5ти ноември.

Па оттука се отвора прашањето, дали законот ќе може да важи за платите кои газдите ги покачиле овој месец, или сепак ќе важи за следниот ?!

„Очигледно на политичарите не им е толку битно економијата, туку битни им се други работи. Законот ако го читате, вика ќе се применува од ноември, или за плата октомври, октомвриска плата се исплаќа од 1ви до 10ти. Ако се закасни во собрание, тогаш сакале или нејќеле ќе мора да е од ноевмриска плата или од први декември“, вели Ангел Димитриов, претседател на Организација на работодавачи.

Во однос на зголемувањето на минималецот кој треба да стартува од декември Димитров вели дека - иако некои од компаниите алармираат дека тоа ќе им донесе клуч на врата, власта не ги сфаќа сериозно нивните поплаки.

„Овие нивни реакции, владата не ги зема доволно озбилно, бидејќи мисли дека пак ќе биде само блеф. Но, ситуацијата не е едноставна, тие се соочуваат не само со притисок за пораст на плати туку и за заминување на одредени комитенти надвор од Македонија, затоа што самите странски компании се свесни дека со порастот на платите во Македонија, текстилната индустрија ќе ја изгуби конкурентноста и тие ќе мора да заминат во далечниот Исток“, додава Димитров.

Инаку во земјава за прв пат се оформи Здружение за трудово и социјално право. Универзитетските професори кои членуваат во него, бараат целосна промена на Законот за работни односи, бидејќи тврдат дека не е во согласност со Европските регулативи.

Мали тврди дека државата од 2020 година привлекла 15,9 милијарди евра странски инвестиции

Српскиот министер за финансии Мали тврди дека државата од 2020 година привлекла 15,9 милијарди евра странски инвестиции

Од 2020 година Србија кумулативно привлече 15,9 милијарди евра директни странски инвестиции, изјави денеска српскиот министер за финансии Синиша Мали на средба со инвеститори од САД, јави Бета.

„Не правиме разлика меѓу домашни и странски инвеститори. Се надевам дека во Србија ќе најдете проекти и можности кои ќе ве интересираат да инвестирате“, им порача Мали на инвеститорите кои по посетата на српската делегација на Вашингтон по повод Пролетната сесија на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка пристигнаа во Белград со цел да се запознаат со сите параметри на српската економија.

Мали изјави дека во Србија не се прави разлика меѓу домашни и странски инвеститори, соопшти Министерството.

„Се надевам дека во Србија ќе најдете проекти и можности кои ќе ве интересираат да инвестирате“, рече министерот.

Тој наведе дека ланскиот раст на БДП во Србија бил 2,5 отсто и дека само во последниот квартал бил 3,8 отсто, а во февруари годинава бил 5,9 отсто и дека се базирал на извозот и инвестициите, како и на таа официјална статистичка. Податоците на Србија покажуваат дека секоја економска гранка бележи раст.

Тој посочи и дека Србија има стабилен јавен долг, на ниво од 47,6 отсто од БДП. /МИА

Невладините со барања до партиите за подобрување на еколошката слика во земјава

Ако за време на претходните парламентарни избори, во фокусот на кампањата на политичките партии беше подобрувањето на квалитетот на воздухот, овој пат ниту еден политичар не стави акцент на екологијата.

Ако за време на претходните парламентарни избори, во фокусот на кампањата на политичките партии беше подобрувањето на квалитетот на воздухот, овој пат ниту еден политичар не стави акцент на екологијата, обвинуваат дел од граѓанските иницијативи и еколошки здруженија.

Тие бараат одговор од партиите што ќе преземат за намалување на загадувањето на воздухот, кога ќе го завршат префрлувањето на 700 јавни објекти од мазут и нафта на незагадувачки енергенси за загревање, дали имаат стратегија како да ја прекинат финансиската зависност на општините само од комуналии и издавање нови градежни дозволи.

Дали оваа иницијатива доаѓа со задоцнување, со оглед на тоа што програмата за парламентарните избори партиите веќе почнаа да ја презентираат, ја прашавме Ели Пешева од О2 Иницијатива.

Подносителите на иницијативата бараат конкретни одговори со рокови, буџет и одговорни институции кои ќе го сработат ветеното.

Премиера на претставата „Мац, мац“ вечерва во велешкиот театар

На сцената на велешкиот Народен театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ вечерва премиерно ќе биде изведена претставата „Мац, мац“ инспирирана од „Мачка на вжештен лимен покрив“ на Тенеси Вилијамс во режија и кореографија на Филип Петковски.

Во претставата играат актерите Ведран Чешарек-Брик, Ана Јовановска, Илин Јовановски, Васил Зафирчев, Кети Борисовска, Филип Христовски и Сандра Танчева.

Музиката е на Мориц Вернер од Германија, сценографија на Дардан Жегрова од Косово и Филип Петковски, а костимографијата е на Антонија Гугинска Јорданоска и Гордана Божиновска.

Проектот е финансиран од Интернационалниот фонд за копродукција (Internationaler Koproduktionsfonds) на Гете институтот и Министерството за култура. /МИА

притисни ентер