Китански: Модерното и современото образование за младите во Пехчево

„Да се биде градоначалник на една општина е голема одговорност и ќе ми биде чест и задоволство да работам во служба на моите сограѓани, да ја направиме општината Пехчево подобро и помодерно место за живеење".

Toa го истакна кандидатот за градоначалник на општина Пехчево, Александар Китански.

Китански додаде дека ги знае сите проблеми на граѓаните од општина Пехчево. Локалното население, на кое основната егзистенција во животот им е сточарството и земјоделието се соочуваат со многу проблеми, за кои институциите на актуелната ненародна власт немаат слух.

„За да докажеме дека не сме исти, гарантираме реализација на проектите кои се наоѓаат во нашата програма, од кои како приоритетни области ги издвојувам економијата преку која општината ќе ја издигнеме економски и ќе овозможиме подобар животен стандард на сите наши граѓани. Да ја подобриме инфраструктурата во општината и да ја зголемиме мобилноста на граѓаните за побрзо и поефикасно поврзување во патната инфраструктура. Исто така ви нудиме неколку проекти како нов оддржлив концепт за урбанизација и домување. Модерното и современото образование за младите од општината исто така е еден од многуте важни приоритети за нас", рече Китански.

Китански укажа дека за град Пехчево ќе вложи огромен труд, човечки и интелектуални ресурси како и средства за развој на сите овие компоненти.

„Еден од приоритетите за зајакнување на фискалните капацитети на општината се ниски и рамни даноци кои ќе придонесат за поддршка на одржливиот економски развој.

Реконструкција односно доизградба на речното корито Пехчевска река;

Изградба на мрежа за атмосферска канализација во Пехчево;

И како трето би издвоил изградба на градска капела во Пехчево;

За населените места во општината генерално ќе се посветиме на средување на проблемите со водоснабдувањето што во програмата е подетално објаснето, како и реконструкација на многу пати најавуваниот локален пат за изградба – Чифлик – Умлена - Робово, кој е во очајна состојба, но никако да му дојде редот да биде реконструиран, вети Китански.

Китански додаде дека во областа на економијата ќе обезбеди поддршка на мали и средни претпријатија и формирање на општински фонд за поддршка на мали бизниси.

„Општина Пехчево сакаме да ја направиме да биде модерен и атрактивен туристички центар во регионот. Имајќи ја во предвид големата улога на туризмот во локалниот економски развој, се повеќе ја препознаваме потребата од збогатување на туристичката понуда и подигнување на одржливиот квалитет во овој сектор", истакна Китански.

Китански рече дека општината ќе се залага за спроведување на годишните програми на пензионерите како и финансиска поткрепа за редовните активности на здружението на пензионери за општина Пехчево. Ќе се залага за овозможување на еден оброк дневно за изнемоштените стари лица и пензионери со достава до нивните домови и лесен пристап до медицинска помош. Исто така општината ќе излезе на пазарот со понуда за јавно приватно партнерство за изградба на старечки дом за олеснување на животот во пензионерските денови.

„Драги сограѓани, ајде и ние да се приклучиме во победничката инвазија која на 17-ти oктомври ќе ја зафати нашата држава! Ве повикувам да го заокружите бројот 7 за градоначалник и бројот 7 на листата на советници на коалицијата за „Обнова на Македонија" преводена од ВМРО-ДПМНЕ", нагласи Китански.

СОЗДАДИ НОВА ИДНИНА!

ПРОМЕНИ. ПРОЕКТИ. ПОБЕДИ

Балканци прават скара на вулкан- лавата врие, тие пеат (ВИДЕО)

На TikTok профилот „bata.osovina“ неодамна беше објавено видео кое привлече внимание кај корисниците од оваа област.

Авторот покажа како тој и неговиот пријател прават скара, пеат и уживаат во близина на активен вулкан.

Од нивниот говор е јасно дека момчињата се по потекло од Балканот, а нивната авантура не остана незабележана во медиумите, особено од Босна и Херцеговина.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Снимката од скарата, додека вулканот исфрла лава и чад, собра повеќе од 1,1 милион прегледи, а гледачите во голем број ја коментираа сцената.

„Честитки, какви императори“, „Цел свет доаѓа, се слика и бега кога има ерупција, само Балканот прави скара и слуша музика“, „Нам Балканците ни лава не ни може ништо“ , пишува во дел од пораките.

Во меѓувреме, авторот објави уште едно видео и објасни што се случува:

„Ова не е прв пат да правиме вечера на вулкан, печевме колбаси, пици, јајца... Беше опасно, но не бевме единствените таму. На сите им препорачувам да купат билет, да дојдат на Исланд и да го посетат вулканот. Не толку блиску како што сме ние, затоа што е опасно. Вакво нешто гледате само еднаш. Но, внимавајте, ќе треба да го оставите автомобилот на час и 20 минути од вулканот и да дојдете пешки“, вели момчето.

@bata.osovina Odgovor korisniku @Leo Freeze #iceland #srbija #bosna #hrvatska ♬ original sound - Bata Osovina

Меѓу многуте коментари го забележавме следново: „Да имаше активен вулкан на Балканот, околу него ќе печевме свињи и јагниња“, „Ова не се карамелизирани туку вулканизирани ќебапи“, „Балканска скара во близина на активен вулкан. Ништо необично“.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Има и такви кои веруваат дека се работи за монтажа, па ви оставаме да ја погледнете снимката и сами да процените.

Лондонскиот аеродром Хитроу за летово предвидува најголем промет во историјата

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ .

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ и дека вработените ќе вложат големи напори аеродромот да работи непречено „дури и ако има повторување на штрајковите на персоналот“ кои ја одбележаа минатата година .

Бројот на патници кои го користат аеродромот се очекува оваа година да надмине 82,4 милиони. Тоа би била најпрометната година досега, за 1,5 милиони патници „поуспешно“ од 2019 година, кога низ аеродромот поминале 80,9 милиони патници, пишува британскиот дневен весник „Гардијан“.

Ова го потврди комерцијалниот директор на аеродромот, Хавиер Ечав, бидејќи Хитроу се соочува со неизвесна иднина, а предложената продажба на најголемиот британски аеродром во вредност од 6 милијарди фунти се уште е доведена во прашање.

Намерата на шпанската компанија Ferrovial да го купи аеродромот заедно со австралиската инвестициска компанија Macquarie е „на чекање“, откако фирмата од Сиднеј одлучи да се откаже од својот удел од 35% во Хитроу. Во меѓувреме, нема други понудувачи. Покрај нив, за преземање на 25% удел во сопственоста на аеродромот беа заинтересирани и Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија и француската приватна инвестициска компанија Ардијан.

На почетокот на овој месец, аеродромските власти ја повикаа владата да го укине воведувањето на нова наплата од 10 фунти за транзитните патници, предупредувајќи дека тоа ќе влијае на бројот на патници и ќе ги стави аеродромите во Британија во неповолна положба во однос на европските конкуренти. Хитроу го повтори овој повик во средата, а истовремено ги повика министрите да ја разгледаат „анти-развојната“ туристичка такса, што значи дека туристите плаќаат ДДВ за набавките.

Девојка скока во базен од огромна височина, снимката има над 39 милиони прегледи (ВИДЕО)

Џени Ван Кавијк се занимава со нуркање, а неодамна изведе трик на крузерот „Harmony of the Seas“, четвртиот по големина во светот.

На почетокот ја гледаме на скокалницата, додека покажува кон „малиот“ базен. Признаваме дека ни се заврти од висината, додека девојката „уживаше во сѐ“.

Неколку моменти подоцна таа скокна, изведе неколку акробации и се втурна во водата, токму онаму каде што „нишанеше“.

Клипот дефинитивно не е за секого, а собра повеќе од 39,6 милиони прегледи.

„Вие сте фантастични! Не би имал храброст да се искачам на скала, а камоли да скокам“, напишал еден корисник.

Друг додаде: „Стомакот ми се преврте додека го гледав ова“.

притисни ентер