Кисела Вода обезбедува финансиска помош за набавка на огревно дрво - Канал 5

Кисела Вода обезбедува финансиска помош за набавка на огревно дрво

Општина Кисела Вода денес распиша јавен повик за субвенционирање на трошоците за огревно дрво за своите жители. 

Кисела Вода обезбедува финансиска помош за набавка на огревно дрво

Сите граѓани кои ќе купат дрва за огрев во периодот од 1 април 2025 до 31 октомври 2025 година, можат да аплицираат за добивање на поврат на средства, до исцрпување на предвидениот буџет од 1.200.000 денари. Субвенцијата изнесува 500 денари за секој купен метар кубен (m³) дрва, за максимум до 10 м³ или 350 денари за секој купен просторен метар дрва, за максимум до 14 просторни метри.

Право на учество имаат сите жители на Општина Кисела Вода кои ќе достават валидна документација и ќе ги исполнат критериумите. Апликациите се поднесуваат во затворен плик преку Архивата на општината, по принципот „прв дојден – прв услужен“.

Јавниот повик трае до 31 октомври 2025 година или до исцрпување на средствата. Повикот е објавен на веб страната на општината: https://opstinakiselavoda.gov.mk/wp-content/uploads/2025/04/Drva2025.pdf

Информациите се достапни и преку локалните месни заедници. За дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат на тел: 02 2785-427

-Континуирано покажуваме дека Општина Кисела Вода вистински се грижи за граѓаните. Затоа повторно обезбедуваме субвенции за огревно дрво, со цел финансиски да им помогнеме на нашите сограѓани кои го користат овој енергенс за загревање. Покрај оваа мерка, ќе ги продолжиме субвенциите за пелети и печки на пелети, за енергетска обнова на фасади, а од годинава субвенции имаме и за пензионери со ниски пензии, како и субвенции за возачки дозволи за сите матуранти. Наскоро ќе излеземе и со нов сет мерки со кои дополнително ќе го олесниме секојдневието на нашите граѓани- изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Општина Кисела Вода

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица

Кривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица осомничени за случајот со злоупотреби  околу тендер за чистење на граничните премини и терминалите, во периодот од јули 2023 до март 2024 година.

Кривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица

Oсомничените преку фаворизирање на одреден економски оператор и ограничување на конкуренцијата му овозможиле на правниот субјект да се стекне со противправна имотна корист во износ од над 18 милиони денари од обвинителството велат и дека во рамките на истрагата се обезбедени докази и за примање и давање награда за противзаконито влијание и дека првоосомничениот примил награда во износ од 111.600 денари за искористување на својата службена положба.

По распитот обвинителката соопшти дека барањето за притвор е заради опасност од бегство и влијание врз сведоци...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вучиќ: „Не ме исплашија ниту ме фасцинираат заканите“

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, изјави дека не се плаши од закани и дека е целосно посветен на напредокот на земјата и подобар живот за нејзините граѓани.

Вучиќ: „Не ме исплашија ниту ме фасцинираат заканите“

„Скинете му ја главата на Вучиќ - ниту се плашам ниту ме фасцинираат заканите. Единственото нешто што ме интересира е како нашите луѓе живеат подобро и како Србија може да биде уште поуспешна“, рече Вучиќ.

Вака реагира претседателот на Србија, Вучиќ на предупрадувањето да не патуват на самитот во Тиван во Црна Гора од српската безбедносна агенција БИА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Унгарија и Украина постигнаа договор за правата на унгарското малцинство, се отвора патот на Киев за влез во ЕУ

Унгарскиот премиер Петер Маѓар изјави дека Унгарија и Украина постигнале договор за правата на унгарското малцинство во Украина, што би можело да овозможи отворање на првиот кластер.

Унгарија и Украина постигнаа договор за правата на унгарското малцинство, се отвора патот на Киев за влез во ЕУ

Унгарскиот премиер Петер Маѓар изјави дека Унгарија и Украина постигнале договор за правата на унгарското малцинство во Украина, што би можело да овозможи отворање на првиот кластер, односно група преговарачки поглавја за пристапување на Украина во Европската унија.

Договорот претставува потенцијален пробив во долготрајниот спор околу правата на малцинствата, кој ги затегна односите меѓу Будимпешта и Киев и ја комплицира поддршката за пристапувањето на Украина во ЕУ.

„Постигнавме напредок во разговорите со Украина за јазичните, културните и образовните права на етничкото унгарско малцинство“, напиша Маѓар на фејсбук.

Во вторникот тој рече дека е подготвен да се сретне со украинскиот претседател Зеленски следната недела за да отвори ново поглавје во односите, доколку се постигне договор за правата на малцинствата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер