1Д-р: Даниловски: Вирусот западен нил активно циркулира, се наоѓаме во период на засилена трансмисија
Шоу бизКира Најтли развила ПТСН на снимањето на „Пирати од Карибите“ Кира Најтли имала само 18 години кога се здоби со светска слава откако ја портретира Елизабет Сван во хитот на Дизни „Пирати од Карибите: Проклетството на црниот бисер“ во 2003 година.Во тоа време, британската актерка се појави во уште два хита - „Bend it like Beckham“ и „Love Actually“, кои дополнително го зацементираа нејзиниот статус на ѕвезда. Иако Најтли не жали за траекторијата на нејзината кариера денес, таа за време на подкастот на Hollywood Reporter Awards Chatter откри дека развила ПТСН поради славата што ѝ ја донеле овие филмови, пишува Би-Би-Си. „Кога ќе ја погледнете целата ситуација однадвор, изгледа одлично бидејќи мислите: „Леле, ова е хит по хит!. Но, сè што слушате одвнатре е критика“, рече Најтли. „Буквално се чувствував безвредно.“ И покрај успехот, критиките силно ја погодија Најтли бидејќи немала формално актерско образование, а освен тоа, се плашела да излезе од куќата каде што ја чекале папараците. Секојдневно ја следеле 20 папараци кои се обидувале да извлечат различни реакции од неа. „Доколку ѕвездите немаа нервен слом пред себе, тие се обидуваа да ги предизвикаат тие реакции“, објасни Најтли. „Значи, можете да ја почувствувате таа атмосфера на насилство во воздухот. Тоа не е нешто на што некој добро би реагирал.“ Исто така, актерката во интервју за Variety оваа година објасни дека целото искуство ѝ било непријатно бидејќи таа е интровертна личност и во тоа време сè уште била дете. „Тоа беше страшно за мене. Не сум екстровертна, па ми беше тешко кога почнаа внимателно да ме следат и кога го достигнав тоа ниво на слава. Тоа беа години кога се развиваш, се уште не си развиен и мора да правиш грешки. Тоа е многу чувствителен период, особено за жените. На некој начин, ти си уште дете“, изјави ѕвездата на „Пиратите од Карибите“. Но, на актерката ѝ помогнале неколку години психотерапија и кратка пауза од актерството, поради што денес полесно се справува со славата. Најтли исто така изјавила дека не би сакала да го промени минатото и покрај лошите искуства и е благодарна за можностите што ги добила благодарение на нејзиниот успех во раните 2000-ти. „Тоа беше трауматично, но го одреди правецот во кој ќе оди мојата кариера“, рече Најтли, нагласувајќи дека не би направила ништо поинаку. "...Сега сум многу среќна со мојата кариера и славата што ја имам не е толку интензивна. Сега можам да се носам со тоа и тоа е одлично. Но, во тоа време, не беше толку одлично и ми требаа многу години терапија за да разберам“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06 Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
БалканУниверзитетот во Белград падна на Шангајската листа.Универзитетот во Белград забележа голем пад на Шангајската листа на најдобри факултети на светот и сега се наоѓа во групата универзитети рангирани од 501. до 600. место, пренесуваат медиумите.Пред само 10 години, Универзитетот во Белград се наоѓаше меѓу 201-то и 300-то место на Шангајската листа, што претставуваше историски успех. На овогодишната листа на 10-те најдобри светски универзитети се наоѓаат и Принстон, Оксфорд, Колумбија, Универзитетот во Чикаго и Калифорнискиот институт за технологија (Caltech). Во најновото рангирање, универзитетите од Кина постигнаа особено забележителен резултат. Шеснаесет кинески институции сега се меѓу првите 100 во светот. На европскиот континент, најдобро рангиран е Универзитетот Париз-Сакле (Paris-Saclay), кој се наоѓа на 13-тото место, а по него следи ETH Цирих на 19-тото место. Што се однесува до универзитетите од регионот, Универзитетот во Љубљана оваа година исто така забележа пад и сега се наоѓа во групата од 601-то до 700-то место, додека минатата година беше во групата од 501-то до 600-то место. Универзитетот во Загреб го задржа минатогодишниот пласман во групата од 601-то до 700-то место. Универзитетот во Белград (УБ), институција со традиција долга 187 години, падна за дури 39 места на листата „Global 2000“ на Центарот за рангирање на светските универзитети (CWUR), која, покрај онаа од Шангај, претставува најважна листа за рангирање на универзитетите во светот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалКапитенот на Тотенхем заминува во МадридКапитенот на Тотенхем го најавува заминувањето, оди кај Симеоне во Мадрид за 40 милиони евра .Кристијан Ромеро синоќа потврди дека го напушта англискиот премиерлигаш Тотенхем по пет сезони поминати во лондонскиот клуб. Аргентинскиот централен дефанзивец го објави своето заминување преку проштална порака, а неговиот трансфер во Атлетико Мадрид сега чека само официјална потврда. Тотенхем и Атлетико постигнаа договор вреден приближно 40 милиони евра, при што англискиот клуб ќе добие и 15 проценти од евентуална идна продажба. Ромеро имаше договор со Тотенхем до 2029 година, но гласините за неговото заминување кружеа во текот на целото лето, а Атлетико беше неговата посакувана дестинација. Аргентинскиот интернационалец одигра 124 натпревари и постигна 12 гола за Тотенхем во текот на пет сезони. Минатата сезона ја носеше капитенската лента, а сега заминува за да соработува со својот сонародник, Диего Симеоне. Интерес за него покажаа и Интер и Арсенал, но Атлетико беше клубот што на крајот го реализираше трансферот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Свет Маж извлечен од урнатите четири дена по земјотресот во КолумбијаВо Колумбија маж е извлечен од урнатите четири дена по силниот земјотрес. Мажот бил пронајден под урнатините на хотел во градот Переј-Ра, што претставува редок зрак надеж по потресот од 7,4 степени кој ја погоди земјата и однесе најмалку 280 животи.. Околу 400 луѓе и натаму се водат како исчезнати. Земјотресот што ја погоди колумбија во понеделникот наутро, со епицентар во Сан Хозе Дел Палмар во покраината Чоко, урна повеќе станбени блокови и оштети куќи, училишта и болници низ западот на земјата..Тагови: земјотрес Колумбија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter