Кипарскиот претседател соопшти мерки во висина од 50 милиони евра

Кипарскиот претседател соопшти мерки во висина од 50 милиони евра за справување со демографскиот проблем.

Зголемување на породилниот додаток; месечна финансиска поддршка од 200 евра во траење од две години за мајките кои своето прво дете ќе го добијат пред 30-годишна возраст; поповолни услови за корисниците на додатокот за родителско отсуство; пилотско воведување на проширено попладневно работно време на градинките до 19:30 часот, се дел од мерките за справување со демографското прашање што ги соопшти кипарскиот претседател Никос Христодулидис, јави дописничката на МИА од Атина.

Во неговата телевизиска порака до граѓаните Христодулидис нагласи дека станува збор за втор пакет-мерки што е во висина од 50 милиони евра.

Рече демографската состојба во земјата е алармантна, објаснувајќи дека „во изминатите 20 години, просечната стапка на раѓање по жена е намалена, просечната возраст на мајките кои раѓаат прво дете е зголемена, а зголемен е и просечниот животен век“.

-Како Влада, демографското закрепнување на нашата земја го поставуваме како највисок национален приоритет и во оваа насока усвоивме севкупна политичка рамка со конкретни демографски цели. Во исто време, имплементацијата на севкупната демографска политика има за цел поддршка на родителите, зајакнување на младите за навремена интеграција на пазарот на трудот и зајакнување на постарите за да останат активни на пазарот на трудот. Политичката рамка за демографско закрепнување се состои од три пакет-мерки со финансиски трошоци што надминуваат 100 милиони евра, рече Христодулидис.

Посочи дека првиот пакет веќе се имплементира, односно зголемено е времетраењето на породилното отсуство за првото дете од 18 на 22 седмици, одобрен е планот за субвенционирање на станови за млади парови до 41 година, зголемен е детскиот додаток итн.

Дополнително, истакна дека третиот пакет-мерки за демографскиот проблем „ќе биде поврзан со големите реформи на даночниот и пензискиот систем, како и со проширувањето на иницијативата за целодневно настава во сите основни училишта“.

Трамп за Сирија: Ова не е наша битка, немојте да се мешате

 Доналд Трамп, новоизбраниот претседател на САД, се огласи на социјалните мрежи со став дека САД не треба да се вклучува во конфликтот во Сирија, каде бунтовничките сили се закануваат на администрацијата на претседателот Башар ал-Асад.

„Сирија е во хаос, но тоа не е наша битка, и САД НЕ ТРЕБА ДА ИМААТ НИШТО СО ТОА. ОВА НЕ Е НАША БОРБА. НЕКА СЕ ОДВИВА. НЕМА ДА СЕ МЕШАМЕ!“, напиша Трамп во својата изјава.

Тој посочи дека Русија, која е ангажирана со војната што ја води во Украина, каде изгуби над 600.000 војници, се чини неспособна да го запре овој марш низ Сирија, земја која ја штитеа со години. /МИА

Три лица загинаа во експлозија во зграда во Хаг

 Најмалку три лица загинаа, а три се повредени во експлозија што се случи денеска во трикатна зграда во холандскиот град Хаг.

Експлозијата предизвикала делумно уривање на зградата и голем пожар. Според изјавата на противпожарната служба на Хаг, инцидентот се случил во 6:15 часот по локално време, предизвикувајќи значителна штета и пожар.

Градоначалникот на Хаг, Јан ван Занен, изјави дека од урнатините се извлечени тела на три жртви, а три лица се повредени, од кои едно е во тешка состојба. Под урнатините се очекува да има уште луѓе. Спасувачките екипи ќе ја продолжат потрагата за преживеани и во текот на ноќта.

Заради безбедност, властите евакуирале околу 40 околни станови. Иако причината за експлозијата сè уште не е утврдена, полицијата повика сите што имаат информации за возило што побегнало од местото веднаш по експлозијата, да се јават. /МИА

Ново осветлување на патот од село Марена кон село Сопот

Ново осветлување е поставено на патот од село Марена кон село Сопот, информираа попладнево од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. 

- Во рамките на проектот ,,Реконструкција и доградба на постоечката надземна мрежа за улично осветлување’’, одделението за улично осветлување при Општина Кавадарци постави ново улично осветлување. Осветлување на улицата „Гоце Делчев’’ во село Марена, од спој со улица ,,Маршал Тито" до мост на река Луда Мара (пат кон село Сопот). Поставени се 23 лед светилки на 21 столб со висина од пет метри (19 столбови, светилки 20W ) и осум метри (2 столбови, светилки 60W). Ова е втор дел од осветлување на село Марена и е дел од тендерот од 65 милиони денари, соопштија од кабинетот на Јанчев.

Оттаму нагласија дека локалната самоуправа континуирано и рамномерно вложува во сите урбани и рурални средини во кавадаречка општина.

притисни ентер