Кинезите сакаат „да ја оживеат“ оргиналната буба

Новата верзија има ретро дизајн и веројатно ќе се продава само во Кина.

Кинеската марка за автомобили ОРА на светската сцена стана позната минатата година, кога беше претставен интересен електричен модел со име - Good Cat..

Медиумите во Кина сега известуваат дека се подготвува нов електричен автомобил од истиот производител, исто така во ретро стил.

Станува збор за возило кое очигледно претставува копија од оригиналната „Буба“ на Фолксваген, со продолжено меѓуоскино растојание и додавање на уште еден пар врати.

Првите скици покажуваат дека и ентериерот има ретро дизајн, а повеќе детали за ова возило, кое би требало да ја има својата премиера на салонот во Шангај, сè уште не се објавени.

Марката на автомобили ОРА е релативно ново име на кинескиот пазар, имајќи предвид дека првиот модел под ова име беше претставен во 2018 година.

Марката е во сопственост на добро познатата компанија „Great Wall Motors“, и тие се запознати со копирање на моделите на дизајнирани светски производители на автомобили.

Обновена библиотеката „13 Ноември“ во Кисела Вода

Обновата на библиотеката во Кисела Вода е продолжување на библиотечната дејност на територијата на општината, односно на традицијата долга повеќе од 50 години. 

Подружницата „13 Ноември“ била отворена во 1961 година токму во тогашниот Дом на културата.

Библиотеката „13 Ноември“, клон на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје, после 11 години продолжува да работи во Домот на културата „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода. Библиотеката се реотвора со книжен фонд од околу 8000 книги: лектирни изданија, книги и сликовници за деца, белетристика и научна литература.

Градската библиотека годинава го слави својот 79.роденден и повеќе од кога и да е веруваме дека книгата не е привилегија, туку право на секој човек. Среќни сме што библиотеката се враќа на своето место во центарот на Општината. Се надеваме дека ќе се вратат и некогашните читатели, а ќе стекнеме и нови. За нив нудиме светски и домашни класици, голем избор популарни наслови и автори. Во моментов работиме на откуп на нови наслови (домашна и преводна литература), кои ќе се најдат токму на овие полици. Сакам да упатам огромна благодарност до Општина Кисела Вода и градоначалникот Ѓорѓиевски, кој за многу краток рок одговори на нашето барање што резултираше со повторното отворање на оваа библиотека. Се надевам дека неговиот пример ќе го следат и останатите општини – подвлече Снежана Стојчевска директорката на Ју Градска библиотека „Браќа Миладиновци“.

Обработката и заемот на книги се врши преку Кооперативниот онлајн библиографски систем и сервис (COBISS), а библиотеката ќе понуди и разновидни културни содржини.

Првата, почесна членска книшка му припадна на градоначалникот Ѓорѓиевски, кој го истакна значаењето на библиотеката за сите вљубеници во пишаниот збор, но и нејзиното место во културното живеење на сите граѓани:

Посебно сакам да нагласам дека на располагање има и многу литература за деца, бидејќи сме свесни дека љубовта кон читањето треба да се всади уште од најраните години. Дополнително, овој простор ќе биде искористен и за друга културна програма-креативни работилници, литературни читања, промоции на книги, средби со автори, со што очекувам дека библиотеката ќе биде честа дестинација на сите наши жители“ истакна градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

Првите посетители на библиотеката „13 Ноември“ беа првачињата од ООУ „Круме Кепески“, а по нив и неколкумина повозрасни жители, кои не го криеја задовослтвото дека библиотеката е повторно близу до нив.

Обновата на библиотеката во Кисела Вода е продолжување на библиотечната дејност на територијата на општината, односно на традицијата долга повеќе од 50 години. Подружницата „13 Ноември“ била отворена во 1961 година токму во тогашниот Дом на културата.

Хенри Кавил ќе стане татко

- И јас и Натали сме многу, многу возбудени за тоа!, изјави 40 годишниот Кавил.

Можеби еден од најпосакуваните ергени во Холивуд, Хенри Кавил откри дека го чека своето прво дете со неговата девојка Натали Вискузо. Глумецот ја потврди среќната вест за „Аксес Холивуд“ (Access Hollywood) на премиерата на својот нов филм „Министерството за неџентлменско војување“ (The Ministry of Ungentlemanly Warfare).

- И јас и Натали сме многу, многу возбудени за тоа!, изјави 40 годишниот Кавил.

Кавил и Вискузо се во врска речиси три години. Во јавноста, првпат се појавијја на црвениот тепих на премиерата на „Енола Холмс 2“ во 2022 година. Натали работи како директорка на холивудската телевизија.

„Гответе со Дракче“ - Алва со ориз

Во понеделник (15.04.2024) во емисијата гостин ни беше Дамјан Стојаноски

Состојки за денешниот рецепт:

- 200 гр. гриз

- 100 мл. масло за јадење

- З крем - бананчиња

- 200 гр. шеќер

- 200 мл. вода

- 1 рендано чоколадо или цимет

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

притисни ентер