Кинескиот претседател: Западните санкции кон Русија може да предизвикаат само катастрофа - Канал 5

Кинескиот претседател: Западните санкции кон Русија може да предизвикаат само катастрофа

Кинескиот претседател Си Џинпинг повика денеска на отворањето на бизнис форумот БРИКС на солидарност и соработка за поддршка на глобалното економско закрепнување.

Кинескиот претседател: Западните санкции кон Русија може да предизвикаат само катастрофа

„Кризата во Украина звучи како аларм за светот“, рече Си, инаугурирајќи го бизнис форумот БРИКС преку видео врска, додавајќи: „Фактите уште еднаш докажаа дека санкциите се меч со две острици“.

Си повика на посилна координација на макроекономската политика за да се спречи забавување или дури и закана за глобалното закрепнување и рече дека големите развиени земји треба да усвојат „одговорни“ економски политики.

Војната во Украина, која Москва ја започна кон крајот на февруари, уште еднаш го вклучи „алармот за човештвото“, рече тој.

Кинескиот претседател не ја критикуваше Русија, членка на БРИКС.

Си не ги ни спомна Западот и НАТО по име, но рече дека државите ќе завршат во неволја „ако слепо веруваат во сопствената сила, ги прошират воените сојузи и ја бараат сопствената безбедност на сметка на другите“.

„Историјата покажа дека хегемонијата, групната политика и конфликтите меѓу блоковите не носат мир или стабилност, туку војна и конфликт“, рече Си во своето обраќање.

Меѓународната заедница, нагласи тој, мора да работи заедно за да се спротивстави на хегемонијата и на политиката на моќ.

Лидерите на Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка треба утре да се сретнат на вируелен состанок. Овој пат со самитот претседава Кина.

Сите членки на БРИКС (Бразил, Индија, Кина и Јужна Африка) се спротивставија на западните санкции по руската инвазија на Украина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Левица:Савески ја одмрзна Белата палата и му ја врати насмевката на Мицкоски со судство кое ги изгуби и оние 2% доверба

Ослободувањето на Никола Груевски во предметот „Талир 2” и одбивањето на конфискацијата на Белата палата е далеку од чист правен исход.

Левица:Савески ја одмрзна Белата палата и му ја врати насмевката на Мицкоски со судство кое ги изгуби и оние 2% доверба

Тоа е логистички успешно завршена операција, чиј краен резултат беше познат уште пред да биде прочитан диспозитивот.

Државниот јавен обвинител Ненад Савески, во еден од своите први потези на функцијата, ги повлече овластувањата на обвинителката која години наназад работеше на предметите „Талир”. Тој потег никогаш не наиде на разумен аргумент, бидејќи го немаше, туку му беше надлежност на Савески - причина за неговиот избор на актуелната позиција. Тоа беше отстранување на единствената пречка помеѓу ДПМНЕ и имотот за кој Мицкоски бесрамно плачеше пред јавноста. Предметот „Талир 2” беше префрлен во моментот кога тоа најмногу му требаше на обвинетиот, а најмалку на правдата - со само неколку месеци пред настапување на застареност, оставајќи го Апелациониот суд без реална можност мериторно да одлучи по евентуална жалба. Сега, конфискација по правосилна ослободителна пресуда е правно невозможна.

Планот беше со јасна цел - Белата палата, а не Груевски. Затворот на Груевски одамна беше второстепено прашање за ДПМНЕ бидејќи кривичното гонење и онака ќе застареше (благодарение на СДСМ). Она што навистина беше во игра е зградата во центарот на Скопје, изградена со пари од тендери, чие незаконско потекло веќе еднаш беше утврдено пред истиот суд. Таа зграда требаше да стане имот на граѓаните. Наместо тоа, со едно повлекување на овластувањата и една добро темпирана пресуда, таа остана во раце на ДПМНЕ.

Мицкоски со месеци јавно, бесрамно, негодуваше дека и покрај уживање на власта, партискиот имот сè уште му е замрзнат – зборувајќи за незаконски стекнат имот како да е негово наследство заглавено во неажурна административна процедура. Сега тоа негодување исчезна. Не затоа што се разреши некое недоразбирање, туку затоа што некој конечно му ја заврши работата - прецизно, тивко, во рамките на правниот јазик, но со резултат толку удобен за ДПМНЕ што секаков обид тоа да се нарече правосудна независност звучи како лоша шега пред сопствените граѓани.

Довербата во судството во оваа земја дишеше на апарати. Овој предмет ѝ го исклучи апаратот, јавно, пред цела јавност, со потпис, тајминг и молк онаму каде што требаше да има борба за процентот на доверба конечно да порасне. Но, стасавме до степен каде веќе дури не се ни трудат да ја одглумат независноста и отсуството на влијанија, бидејќи им е сосема гајле дали некој сè уште верува во неа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Раздор во францускиот тим – говорот на Дембеле ги налути соиграчите

Атмосферата во соблекувалната на француската репрезентација беше многу напната на полувремето од полуфиналето на Светското првенство против Шпанија, а во центарот на вниманието беше Усман Дембеле.

Раздор во францускиот тим – говорот на Дембеле ги налути соиграчите

Како што објави францускиот „Л'Екип“, неговиот обид да ги мотивира соиграчите предизвикал бурни реакции и незадоволство кај дел од тимот.

Франција отиде на полувреме со гол заостанување, а Дембеле одржа говор критикувајќи го начинот на кој тимот врши притисок.

Освојувачот на „Златната топка“ за 2025 година сметаше дека играта без топката е лошо организирана и недоволно координирана, поради што ги повика своите соиграчи да играат поагресивно и да се обидат да го свртат резултатот. Сепак, неговите зборови не беа одобрени од сите репрезентативци.

Според француските медиуми, некои играчи го критикуваа Дембеле за кревање на гласот и покажување незадоволство, најчесто кога се наоѓа во тешка ситуација на теренот, додека во други моменти не е подеднакво ангажиран како лидер на тимот.

Затоа неговиот говор, наместо дополнителна мотивација, предизвика гнев кај дел од соблекувалната. На крајот, обидот да се потресе тимот не даде резултати.

Шпанија поведе во 22-та минута со голот на Микел Ојарзабал од пенал, а триумфот го потврди Педро Поро со гол во 58-та минута. По поразот, Франција ќе игра натпревар за третото место против Англија во сабота во 23:00 часот во Мајами.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нова спортска зона во Кисела Вода: Калистеник парк и терен за одбојка на песок

Општина Кисела Вода доби нов, современ спортски комплекс во населбата 11 Октомври Бараки, кој претставува прв спортски проект од ваков вид на нејзината територија. 

Нова спортска зона во Кисела Вода: Калистеник парк и терен за одбојка на песок

Лоциран во непосредна близина на Паркот на шахот, овој простор е функционално дизајниран за да ги унапреди условите за рекреација и за развој на спортот на отворено.

Централно место во комплексот зазема модерниот Калистеник парк, кој се простира на површина од 380 квадратни метри. Истиот е целосно осветлен со рефлектори, со што се овозможува непречено користење и во вечерните часови. Оваа нова спортска зона е наменета за физичка активност преку вежби со сопствената телесна тежина. Опремена е со разновидни справи, вклучувајќи вратило, разбој, паралелки и шведски скали, кои овозможуваат изведување комплексни вежби за развој на силата, издржливоста, координацијата и флексибилноста.

Како дополнување на понудата, во склоп на комплексот е изграден и професионален терен за одбојка на песок. Теренот располага со мрежа поставена на универзална висина и е осветлен со рефлектори, исполнувајќи ги стандардите за одржување на спортски натпревари и квалитетна рекреација. Со успешната реализација на овој проект, се потврдуваат заложбите за континуирано вложување во спортската инфраструктура и за создавање современи услови за активен живот на сите генерации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер