Кинеска компанија во Србија отвори нов рудник за злато и бакар (ВИДЕО)

Србија ќе биде втор најголем производител на бакар во Европа, по Полска, а по производство на злато по Финска, било речено за време на отворањето на рудникот за бакар и злато, кој во Бор го отвори кинеската компанија ЗиЈин Мајнинг.

Почетокот на рудникот симболично го означија претседателот Александар Вучиќ, директорот на кинеската компанија за бизнис во странство Ксу Гуоџу и кинескиот амбасадор во Србија, Чан Бо.

Тоа е „едно од најбогатите наоѓалишта на бакар и злато во светот“, беше речено, а кинеската компанија инвестирала 474 милиони долари во, како што било најавено, во првиот „зелен рудник“ во Србија, што значи употреба на модерни технологија во ископот на руда и нејзина обработка по највисоки стандарди во областа на заштитата на животната средина.

Планираното производство на бакар и златна руда во горната зона на рудникот е 3,3 милиони тони годишно или 10.000 тони обработен руден концентрат дневно.

Значењето на реализацијата на овој проект, како што било најавено, ќе даде и отворањето на долната зона на наоѓалиштето, каде резервите на бакар и златна руда се проценуваат на околу 2,29 милијарди тони. Ова, како што беше речено, „во еден момент ќе ја постави Србија на второ место по производство на бакар во Европа, а според проценетото производство на злато на едно од водечките места во Европа“.

Се очекува во рудникот да бидат вработени над 1.200 работници.

Директорот на кинеската компанија Ксу Гуоџу истакнал дека „Србија се позиционираше во Централна и Источна Европа како важна дестинација за кинеските инвестиции“. Како што посочи, за тоа придонесуваат поволните услови за инвестирање, но и „челичното пријателство меѓу Србија и Кина“.

Српските власти често биле критикувани за нивната инвестициска политика со Кина, чии компании одиграа значајна улога во индустриските и инфраструктурните проекти на Србија во последниве години.

Кина беше првата земја што и обезбеди на Србија милиони дози вакцина за време на пандемијата на коронавирус, а српскиот претседател Александар Вучиќ често го нагласува „челичното пријателство“ на двете земји и неговите лични врски со кинескиот претседател Си Џинпинг.

Вучиќ на отворањето на рудникот рече дека во Бор просечната цена на квадрат стан била 300 евра, а денес е 480 евра и дека се задржани работниците и се вработиле уште 1.780 лица, а платите под 600 евра во 2018 година денеска надминале 800 евра, а работодавачите најавуваат дека ќе бидат околу илјада евра. Тој нагласи и дека граѓаните на Бор „ќе имаат подобар воздух поради модерните погони“, а Србија ќе го достигне второто место по Полска по производство на бакар во Европа.

Цената на бакарот сега надмина 10.000 долари за тон, рече Вучиќ, додавајќи дека државата ќе може да набавува злато по подобра цена и да ги зголеми златните резерви, „кои моментално се најголеми во историјата“, бидејќи Србија има околу 37 тони.

Заев: Градиме инклузивно општество во кое лицата со попреченост имаат еднаков пристап

Фејсбук објава на премиерот Зоран заев по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост.

Преку сеопфатни политики и мулти-институционален пристап градиме инклузивно општество во кое лицата со попреченост имаат еднаков пристап за напредок и развој.

Оваа година го одбележуваме 3 декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост со позитивни промени, како резултат на спроведувањето на најдобрите светски практики за поддршка и вклучување на лицата со попреченост во нивното секојдневие, во здравството, образованието и социјалната заштита. И не само денес, инклузијата на овие лица во општеството е процес на којшто сме посветени секој ден од годината. Тие се дел од нашето секојдневно живеење, наши пријатели и роднини.

Овие наши сограѓани најмногу од сè бараат еднаквост, самостојно живеење и функционирање во општеството и затоа врвен приоритет на Владата е инклузијата на лицата со попреченост во сите општествени текови. Тоа е особено важно кога станува збор за животот на овие лица во актуелниот миг на пандемијата со КОВИД-19 и за нивната транзиција без стрес во пост-ковид периодот.

Со цел унапредување и создавање квалитетно општество, во кое различностите се почитуваат и вреднуваат, Владата посветено работи на унапредување и олеснување на условите за живот на лицата со попреченост, без разлика на возраста на лицата:

- Ја намаливме границата за лична асистенција. Сега право на личен асистент имаат лицата со попреченост од 6 до 64 годишна возраст. На тој начин овозможуваме лицата со попреченост да ги извршуваат секојдневните активности и да бидат активно вклучени во секојдневието.

- Ја изработивме апликацијата Аудио-читач, која на слепите и на лицата со оштетен вид им овозможува пишаниот текст да го слушнат и разберат во аудио верзија на свој мајчин јазик.

-Отворени се 15 нови инклузивни детски градинки, кои им овозможуваат на децата со попреченост да се вклучат во предучилишното образование.

-За оние кои се грижат за своите најблиски, а кои се лица со попреченост државата ја надополнува втората половина од платата доколку работат со скратено работно време, а за оние над 64 години возраст обезбедуваме еден вид на пензија, со цел да имаат економска сигурност.

Во афирмирањето на автентичниот концепт „Едно општество за сите“, Владата и понатаму останува посветена да предничи и да ги промовира и штити правата на лицата со попреченост во областите како што се: еднаквост и недискриминација, слобода на движење, самостојно живеење, образование, пристап до стоки и услуги, вработување, правна поддршка и пристап до правда, здравство, и правото на политичко учество во сите процеси од стратешка важност за нашата држава, објави Заев на Фејсбук.

Кремљ: Договорен е прелиминарниот датум за видео-конференција Путин-Бајден

Помошникот на рускиот претседател Владимир Путин изјави дека видеоразговорот со американскиот претседател Џозеф Бајден ќе се одржи по патувањето на рускиот лидер во Индија, планирано за следната недела.

Јуриј Ушаков не прецизираше кога точно ќе се одржи видеоповикот меѓу двајцата претседатели, велејќи дека сè уште се работи на последните детали за разговорите.

– Состанокот ќе се одржи за неколку дена. Веќе имаме конкретен датум и време за видеоконференцијата. Но, подобро е да се почека сите подготовки да бидат целосно договорени со американската страна. Тогаш ќе имаме можност да излеземе со официјално соопштение, рече Ушаков.

Тој рече дека двајцата лидери ќе разговараат за напредокот во спроведувањето на договорите кои двајцата ги постигнаа во Женева во јуни, за „незадоволителните" билатерални врски, „Авганистан, Иран, Либија, кризата во Украина и дијалогот за стратешка стабилност".

„Само Вистина" со Петар Атанасов, Бранко Героски и Ненад Јовановиќ

Во вечерашната „Само Вистина“ дебатираа Петар Атанасов, Бранко Героски и Ненад Јовановиќ. 

Погледнете ја вечерашната „Само Вистина“.

притисни ентер