Ким Кардашијан и Криси Тајген ќе ги поттикнуваат фановите да читаат книги!

Добрите пријателки отвараат клуб за читање а Ким веќе ја сподели веста со своите 50 милиони фанови на социјалните мрежи.

Сепак, тоа нема да биде клуб во кој ќе се промовираат најдобрите дела од литературата. Ким веќе ја препорача првата книга - од 1992 година, која и помогнала да помине тежок период во животот - пишува Дејли меил.

Hot nerd alert!  The famous friends are encouraging their fans to hit the books

- Ги повикав да ја прочитаат „Прегрната од светлината“ како прва книга.





Recruiting: The reality star then tried to ge other famous friends to join them in their new passion

На прашањето на фановите за што се работи во книгата, Ким објасни дека тоа е книга за жена која починала на операција а потоа се вратила во живот, и раскажува како е на небото. Ким вели дека таа книга и помогнала да го живее својот живот со полна сила!




Reading list: After Kim enjoyed Embraced By The Light, she asked her followers for feedback on Eadie's 1996 tome, The Awakening Heart


Во предлагањето на книгите ќе се вклучи и стилитот за коса на Криси и Ким, Џен Аткинс.

Калињак: Словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

 Словачкиот премиер Роберт Фицо е надвор од животна опасност по обидот за атентат, изјави денеска министерот за одбрана и вицепремиер Роберт Калинак за словачката новинска агенција ТАСР.

Состојбата на Фицо се подобрува и вчера беше соопштено дека е стабилизирана, според министерката за здравство Зузана Долинкова.

Лекарската комисија утре треба да одлучи дали тој ќе биде префрлен. Фицо моментално се опоравува во универзитетската болница во Банска Бистрица.

Фицо беше тешко повреден на 15 мај, по седницата на Владата во градот Хандлова, кога 71-годишниот писател Јурај Цинтула, од непосредна близина неколку пати пукаше со пиштол во него. Специјалниот кривичен суд во словачкиот град Пезинок, со силно полициско обезбедување вчера му одреди притвор на Цинтула. /МИА

Во Унгарија две лица загинаа во судир на чамци на Дунав

Унгарската полиција објави дека две лица загинале, а пет се водат како исчезнати по судар на чамци на Дунав северно од Будимпешта.

Доцна во саботата полицијата добила дојава дека на брегот на Дунав во близина на градот вероча, на околу 50 километри северно од Будимпешта е пронајден маж со крвавење од глава.

Полицијата утврдила дека во несреќата со чамецот учествувал мажот, а подоцна во близина биле пронајдени тела на маж и жена.

Полицијата се уште трага по уште пет лица кои се наоѓале во тој чамец.

Истрагата утврдила дека во оваа област во моментот на несреќата имало и хотелски чамец, кој бил запрен со оштетен труп во близина на градот Комарома.

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

 Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по прегласувањето во изборната единици 5 очекува обезбедување двотретинско мнозинство од 62 пратеника во Парламентот. 

Како што изјави денеска во своето обраќање во делчевското село Разловци, каде присуствуваше на одбележување на годишнината од Разловечкото востание, ова е историска можност за државата.

-Фокусирајќи се на народот, имаме навистина би рекол една историска можност како никогаш досега, во овие повеќе од три децении. Се уште имаме малку да ја завршиме задачата, на 22-ми мај ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму и веќе на следното мое обраќање со вас со народот на Македонија да не кажувам за 61, туку да зборувам веќе за 62 пратеника, рече Мицкоски.

Следната цел, како што рече, е две третини во Парламентот. - Мислам дека и тоа многу скоро, денеска веќе, кон крајот на следната недела ќе можеме и тоа да го оствариме, со што ќе биде променет законот за организација на ресорите во самата Влада ќе добиеме нова структура на Влада, модерна Влада, влада којашто ќе одговара на потребите на граѓаните во Македонија, рече Мицкоски.

Потоа, како што додаде, ќе отпочне еден историски реформскиот процес кој што е досега невиден Македонија.

-Во првите 100 дена очекуваме исклучително добри вести за сите граѓани, во смисла на подобрување на стандардот, една финансиска бомба би рекол. Ние нема да се занимаваме, со политички бомби, со ниски страсти, со напади, ние планираме да работиме за подобрување на стандардот на граѓаните, тоа е нашата цел и планираме да го заслужиме нашето место во историјата, додаде Мицкоски.

Во рамки на посетата на Разловци, Мицкоски положи цвеќе пред спомен-плочата на Поп Стојан, еден од организаторите на Разловечкото востание.

притисни ентер