Португалците спроведоа анкета за враќањето на Роналдо во репрезенатцијата: Огромно мнозинство има ист став
1Португалците спроведоа анкета за враќањето на Роналдо во репрезенатцијата: Огромно мнозинство има ист став
ЗабаваКим и Канје дозволија да се снима нивната милионска вила (ВИДЕО) Ким Кардашијан и Канје Вест му дозволија на тимот на Architectural Digest да снимаат во нивниот футуристички дом во Лос Анџелес.Куќата на Ким и Канје во „Hidden Hills “ беше реновирана пред четири години и на неа потрошиле милиони долари. Во видеото што го снимија за АД, славната брачна двојка одговараше на меѓусебните прашања за куќата. „Влезете во домот на Ким Кардашијан и Канје Вест кои ги поминаа сите граници“, објави АД.Ким рече дека пронашле совршен дом. "Бев бремена, тој имаше куќа во Лос Анџелес , а јас имав куќа во Беверли Хилс. Никој од нив не беше многу пријателски расположен кон семејството. Отидовме на прошетка еден ден и му реков дека оваа куќа е мојот дом од соништата. Тој рече дека му се допаѓа “, започна Ким. „Тоа е моја карактеристика, не ми се допаѓа ништо“, одговори Канје, смеејќи и се на својата сопруга. „Тогаш знаев дека тоа ќе биде нашата куќа од соништата и дека тој целосно ќе ја реконструира “, додаде Ким.Пред да се преселат, направиле два базени, во кои вложиле 50 000 долари, а интересно е што Ким до денес не се капела во нив. "Кога последен пат си била во нашиот базен?" ја праша Канје, на што Ким се насмеа. „Никогаш не сум била во нашиот базен“, рече таа и Канје во шок ја погледна, „Што?“ „Да, може да поверувате во тоа? Но, навистина ми се допаѓа нашиот базен“, додаде таа. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМајката на судијата Ристов: Парите се наши, ги чувавме за стари години, не ни ги даде Ѓоко-Не ни ги даде Ѓоко, парите се наши, ги чувавме за стари години, мајката на судијата Ристов на денешното рочеште сведочеше дека созиданите 350 илјади евра биле нивни заработени на пазари од земјоделие а не на нивниот син..Се што ќе останело од паричињата во фолиичка ги ставала зад плочките.. Обвинителката смета дека сведоштвата на родителите немаат некое поголемо значење, а одбраната пак уверува дека имаат аргументи против Обвинението. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59
ЕвропаНапад со нож во училиште во Полска, ученик ги нападнал директорот и домарот Три лица се повредени во уште еден напад со нож во училиште во Полска.Петнаесетгодишник вооружен со нож наводно упаднал во училиште во близина на Вишково и со нож нападнал три лица, меѓу кои директорот на училиштето и домарот. Министерот за внатрешни работи Марчин Кирвински изјави дека осомничениот е уапсен и додаде дека врз домарот се врши реанимација. Според полицијата, директорот бил повреден додека се обидувал да го совлада ученикот пред пристигнувањето на полицијата на местото на настанот. Напаѓачот наводно бил ученик во завршната година од средното училиште, соопшти полицијата. Тинејџерот е задржан во притвор додека трае истрагата. Во соопштение, полицијата наведе дека осомничениот влегол во училиштето и „повредил тројца вработени со остар предмет“. „Полицијата пристигна на местото на настанот само неколку минути по пријавата.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаШасивари на Меѓународниот самит за правда во Истанбул Министерот за правда, Јетон Шасивари, учествува на Меѓународниот самит за правда „Истанбул 2026“, кој се одржува на 8 и 9 октомври, во организација на Министерството за правда на Република Турција.Самитот ги обединува министрите за правда од повеќе земји, високи претставници на правосудните институции и меѓународните организации, претставувајќи значајна платформа за дијалог, размена на искуства и унапредување на меѓународната соработка во областа на правосудството. Под мотото „Иднината на правдата: Заедничка одговорност за човештвото“, на Самитот ќе се дебатира за современите предизвици во правосудството, владеењето на правото, заштитата на човековите права и потребата од зајакнување на соработката меѓу државите во справувањето со глобалните предизвици.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter