Ким Џонг-ун ѝ подари луксузна вила на својата омилена ТВ водителка

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун ѝ подари луксузна куќа на својата омилена водителка на државната телевизија.

Станува збор за Ри Чун-хи, една од најпознатите „гласови“ на Северна Кореја, кој со децении најавува важни настани во земјата.

Во таа прилика, Џонг-ун ја замоли да продолжи да ѝ служи на земјата како глас на неговата Работничка партија.

„Џонг-ун рече дека не треба да се штеди на богатствата на земја како онаа што е глас на револуцијата повеќе од 50 години, бидејќи таа била девојка. Тој додаде дека очекува да продолжи да ја врши нејзината работа енергично со добро здравје,како што доликува на партиските портпароли“, објави Централната корејска новинска агенција (КЦНА), пренесе АП.

Ким се сретна со Ри вчера во Пјонгјанг за време на свеченото отворање на новоизградената станбена област покрај реката. КЦНА наведува дека куќите во таа населба ќе им бидат распределени на истакнати државни службеници, како Ри.

Утре е 110-тиот роденден на починатиот дедото на Ким и основач на државата, Ким Ил-сунг. Ова е најважната државна годишнина во Северна Кореја, со која сукцесивно владеат три генерации на семејството Ким од нејзиното основање во 1948 година. Новата станбена област било местото на официјалната резиденција на Ким Ил-сунг до 1970-тите.

„Со донирање куќи на оние кои верно му служат, Ким Џонг-ун сака дополнително да го зајакне нивниот привилегиран статус и внатрешно единство“, рече Мун Сеонг Мук, аналитичар во Корејскиот истражувачки институт за национална стратегија.

„Ри Чун-хи е добар пример бидејќи таа силно ги промовираше неговите нуклеарни и ракетни тестови и му служеше како еден вид портпарол“, додаде тој.

KCNA вели дека Ким го прегледал нејзиниот нов дом и ѝ помогнала да се качи и да се спушти по скалите. Ри, која има околу 79 години, рече дека нејзината куќа личи на хотел и дека сите членови на нејзиното семејство „останаа цела ноќ и плачеа од длабока благодарност “.

Ри се приклучи на државната телевизија во раните 1970-ти, кога со земјата управуваше Ким Ил-сунг. За време на воената парада минатата година, го гледаше маршот веднаш до Џонг-ун од издигнатиот трем, па ја стави раката на неговото рамо и му шепна нешто; што покажува колку се блиски.

Но, нејзиниот страстен и емотивен стил на водење емисии предизвикуваше потсмев во други земји. Тајванската ТВ станица јавно се извини во 2011 година, откако еден од нејзините водители го имитираше нејзиниот тон кога ја објави смртта на таткото на Ким, Ким Џонг-ил.

На која возраст треба трајно да се престане со алкохол?

Ричард Рестак открива: Во која доба треба трајно да се престане со алкохол?

- Многумина повремено уживаат во алкохолни пијалоци... Но, некои луѓе често знаат и да претераат, што не е добро за нивното целокупно здравје. 3атоа, неврологот и невропсихијатар Ричард Рестак открива: Во која доба треба трајно да се престане со алкохол?

Во својата книга „Како да се спречи деменција“, неврологот ја образложува врската меѓу алкохолот и можноста за појава на одредени болести. Тој вели дека алкохолот е „директен невротоксин“, што значи дека редовното пиење големи количини алкохол може да биде штетно за мозокот, а оттука и за другите органи.

- Запрашајте се: „Зошто пијам?“ Ако одговорот е: „Алкохолот ми помага да си го подигнам расположението и да ја намалам анксиозноста“, можеби сте изложени на опасност и веројатно е најдобро да престанете целосно со алкохолот, објаснува д-р Рестак.

Советот гласи: Откажете се од алкохолот по навршувањето 65 години.

- На таа возраст вашиот мозок веројатно веќе консумирал алкохол колку што му е потребно на вашето тело. Кога алкохолот го оштетува мозокот, тоа влијае и на агилноста на телото, а можноста и за паѓање е поголема, појасни лекарот.

Наводите говорат: Стапката на смртност од пад е во раст - особено кај повозрасните мажи. Пиењето може да биде особено опасно за оние луѓе кои веќе се погодени од мускулна атрофија, проблеми со рамнотежата или користат одредени лекови. /МИА

Изборната кампања во полн ек - се заострува реториката меѓу партиите

Изборна кампања во полн ек во која секое ветување се става на вага. Вака комуникологот Бојан Кордалов гледа на кампањата за парламентарните и вториот круг од претседателските избори кои ќе се одржат на 8 мај.

Вели дека се што ќе им се вети на граѓаните ќе се следи колку ќе биде исполнето.

-Веќе во вториот круг можеме да видиме една динамика којашто за актуелната власт ќе ги одрази следните четири години на начин на функционирање, како ќе се преструктуираат и слично, додека за актуелната опозиција сериозен тест колкави какви ветувања ќе дадат во случај да навистина успеат како што ветуваат да ја формираат владата че мора многу бргу да ги спроведуваат. Сега секое ветување се става на вага и секое ветување се запишува и многу јасно ќе се следи. – Бојан Кордалов – Комуниколог

Иако вели дека политичките пораки и меѓусебните прозивки и провокации кои доминираат во овој период, пресудно влијание врз гласачите нема да имаат со оглед на тоа што најголемиот дел од граѓаните кои излегуваат на гласање уште претходно знаат за кого ќе гласаат.

-Значи 20 или 40 дена чуда не прават. Можеби некој незначителен дел да променат но генералната слика не. Тоа е истражување, тоа е факт, тоа е искуство досега тоа е пракса. Но партиите мора да разберат, и кандидатите дека тоа што го зборуваат денеска е тајмер којшто почнува да врти за следните година, две, три и ги отсликува нивните амбиции каде ќе бидат следните години. – Бојан Кордалов – Комуниколог

Од изборната капања остануваат уште помалку од десет дена. Загрижувачки, вели Кордалов е што и понатаму останува висок бројот на граѓани кои не гласаат, но ниту на овие избори помеѓу два круга, не очекува дека ќе има промени во бројките околу излезноста.

ДТИ добил петнаесет пријави за непочитување на препораката за денот на изборите

До државниот трудов инспекторат пристигнале петнаесет пријави во однос на непочитување на заклучокот на влада за неработни денови за денот на изборите, потврди за канал 5, директорката на инспекторатот, Весна Томовска.

Од инспекторатот велат и дека за работодавачите кои не ја почитувале одлуката на Владата ќе следуваат казни.

Од Државниот пазарен инспекторат пак, велат дека трговците ја почитувале препораката на Владата.

-За време на изборниот ден 24 април, немаше нерегуларности забележани од ДПИ и Одлуката на Владата се почитуваше од страна на трговците. - ДПИ

Работодавачите на први мај, како и за време на велигденските празници не треба да извршуваат дејност со исклучок на оние работодавачи каде работните процеси заради својата природа не можат да се прекинат.

Од ДПИ таму велат дека доколку добијат насоки за постапување, во следниот период, за време на првомајските и Велигденските празници, ќе постапуваат во согласност со надлежностите.

притисни ентер